TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија скокна на 51. место

Вест - 14.09.2006

ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО НАЈДОБАР РЕЈТИНГ НА ФИФА-ЛИСТАТА ДОСЕГА Нашата фудбалска репрезентација се најде на извонредното 51. место на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена вчера, што претставува нејзиниот највисок пласман досега.

Лудница: Македонија е 51. светска фудбалска сила!

Време - 14.09.2006

СЕПТЕМВРИСКА РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА Македонската репрезентација е 51. во светот, што е убедливо најдобриот пласман на „црвено-жолтите“ во 12-годишната историја на рангирањето што го прави Светската фудбалска федерација (ФИФА). Избраниците на селекторот Среќко Катанец се најдоа на чекор до врвните 50 ...

Македонија се проби на 51. место

Дневник - 14.09.2006

Ова е досега најдобриот пласман на „црвено-жолтите“ од појавувањето на меѓународната сцена Македонската фудбалска репрезентација се најде на 51. место на ранг-листата на ФИФА, што е наш најдобар пласман откако фигурираме на ова рангирање на светската федерација.

Македонија на рекордното 51. место на листата на ФИФА

Утрински - 14.09.2006

Националниот фудбалски тим под водство на селекторот Катанец за седум месеци напредуваше 37 позиции Фудбалската репрезентација на Македонија осамна на 51. место на најновата листа на ФИФА, што е досега нејзин највисок пласман откако фигурира на овој ранкинг од 1993 година наваму.

Најдобар пласман на Македонија

Вечер Прес - 14.09.2006

Фудбалската репрезентација на Македонија направи скок од 16 места... Фудбалската репрезентација на Македонија направи скок од 16 места на вчера објавената рејтинг листа на ФИФА и го постигна досега најдобриот пласман откако се натпреварува на меѓународната фудбалска сцена.

Македонија 51-ва на ранг листата на ФИФА

А1 - 13.09.2006

Фудбалската репрезентација на Македонија, според најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска, се наоѓа на 51-то место. Македонската репрезентација напредувала за цели 16 места, од последното рангирање што секој месец го прави ФИФА.