TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Цип Продукт - газда на битолски Лозар

А1 - 20.10.2001

Цип Продукт и официјално стана газда во битолски Лозар. Тане Николовски и Цветан Панделевски вчера го потпишале договорот со Агенцијата за приватизација со кој стануваат сопственици на 51,6 проценти од капиталот на фабриката што ја произведува познатата кисела вода Пелистерка.

Лозарци ќе штрајкуваат од среда

Вест - 19.10.2001

БИТОЛСКИ "ЛОЗАР" СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БОЈКОТ НА НОВИТЕ ГАЗДИ Незадоволни од одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за приватизација, според која нов сопственик на управувачкиот пакет на агроиндустрискиот комбинат "Лозар" стана охридската фирма "ЦИП Продукт", вработените од комбинатот "Лозар" в среда ...

Од идната недела "ЦИП продукт", доминантен сопственик на "Лозар"

Вест - 18.10.2001

ДОДЕКА ЛОЗАРЦИ ВО БИТОЛА ПОДГОТВУВААТ ШТРАЈК "ЦИП продукт" за доминантните 50,5 отсто акции ќе плати 8,7 милиони марки. Првата рата од 3,6 милиони ќе биде уплатена идната недела кога ќе се потпише договорот меѓу Агенцијата за приватизација и новите соп Управниот одбор на Агенцијата за приватизација ...

Првите луѓе на Агенцијата за приватизација извршиле незаконска продажба на битолски Лозар

А1 - 17.10.2001

Кривични пријави денеска заработија директорката на Агенцијата за приватизација, Марија Јовановска и директорот на правниот сектор во Агенцијата, Слободан Шаиновски. Пријавите ги доставија вработените на битолски Лозар обвинувајќи ги првите луѓе на Агенцијата за приватизација за против законска ...

Лозарци по третпат му викаат "не" на "ЦИП продукт"

Вест - 17.10.2001

ШТРАЈК ВО БИТОЛСКИ "ЛОЗАР" Штрајкот се активира како одговор на завчерашната одлука на Агенцијата за приватизација да го одбие приговорот на лозарци на решението "ЦИП продукт" да го преземе комбинатот, со кој всушност се бараше понуди Вработените во битолскиот комбинат "Лозар" повторно се во штрајк.

Партизацијата на „Лозар“ пред суд

А1 - 16.10.2001

„Цип Продукт“ со партиска поддршка доби уште едно решение, петто по ред, од Агенцијата за приватизација со кое станува сопственик на 50 проценти од капиталот на битолски „Лозар“, обвинуваат работниците. Вработените најавуваат дека ќе побараат од агенцијата поништување на одлуката и правдата ќе ја ...

„Цип Продукт“ ќе ги задржат на работа сите вработени во „Лозар“

А1 - 15.10.2001

Агенцијата за приватизација го потврди изборот на фирмата „Цип Продукт“ за нов сопственик на битолската фабрика „Лозар“. Управниот одбор на агенцијата денеска го одби приговорот на вработените од лозар и ја потврди одлуката на директорката на агенцијата Марија Јовановска, според која најповолна ...