Германската компанија РВЕ и австриската Вербунд не потврдуваат дали ќе се појават на повторниот тендер за избор на инвеститор за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.
Распиши, па отпиши, стопирај, па повторно започни... И постојано истото, работите никако да излезат од овој маѓепсан круг, наречен тендери во енергетиката.
Уште многу вода ќе протече во Црна Река додека да ги добиеме првите киловати струја произведени во хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.
Можете ли поконкретно да образложите зошто е поништен тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ е прашањето на кое вчера одговор не сакаше да даде ниту една надлежна институција.
Прекомотно, како да има нуклеарна централа во дворот на Владата се однесуваат надлежните институции кога станува збор за енергетската состојба во земјава.
НОВА МАКЕДОНИЈА насловната и првите три страници ги посветуваат на спорот со името. Весникот го пренесува грчкиот историчар Димитрис Литоксоу, кој вели дека грчкото присвојување на античка Македонија е еднакво на објавување војна, но заради членството во политички структури, војната се сведува на дипломатски натпревар околу симболите и името.
Владата се фалеше дека до крајот на годинава ќе избере меѓу РВЕ и „Вербунт“: од отворањето на понудите на тендерот. Владата не дава прецизни објаснувања зошто се решила на таков чекор за проектот вреден 500 милиони евра. Маја Томиќ. Најголемата инвестиција на Владата во енергетскиот сектор, како што самата ја квалификуваше, ќе тргне од почеток.
Поништен конкурсот за „Чебрен“ и „Галиште“. Австриски „Вербунд“ и германски РВЕ побарале да се променат рокот на концесија и обемот на учеството на државната компанија ЕЛЕМ во овој проект. Владата го поништи конкурсот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот на следната недела, изјави вчера Фатмир Бесими, министер за економија.Според него, причина за поништувањето е ...
Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави вчера министерот за економија Фатмир Бесими. Тој информира дека на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.
Најголемата инвестиција во енергетскиот сектор е на пат да пропадне. Станува збор за изградбата на две хидроцентрали на Црна Река проект за кој беа заинтересирани две големи европски компании. Владата го поништи тендерот за изградба на Чебрен и галиште поради пропусти во тендерската процедура. Со вакво објаснување е доведена во прашање инвестиција од околу 700 милиони евра.
Пропадна тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Откако тендерската комисија седум месеци ги разгледуваше двете пристигнати понуди од компаниите РВЕ од Германија и Вербунд од Австрија, Владата одлучи да го поништи тендерот. Како причина се наведува тоа што и во двете понуди имало отстапувања од критериумите предвидени во тендерската документација.
Пропадна тендерот за изградба на двете големи хидроцентрали Чебрен и Галиште бидејќи за Владата не беа прифатливи понудите на германски Ер–Ве–Е и на австриски Вербунд. Двете компании според Владата отстапиле од тендерските барања. Тендерот е повлечен и поради застарените податоци за хидропотенцијалот во Тиквешието, кои по грешка им биле презентирани на странските компании.
Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Според него, на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.
Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Според него, на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.
Владата на нов тендер ќе бара инвеститори за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. По три месеци размислување конечно донесе одлука да го поништи тендерот оти компаниите отстапиле од тендерските критериуми, вели Министерот за економија Бесими.
Владата потврди, но не ги објаснува причините за поништување на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Официјалното образложение го најавуваат за утре. Од министерството за економија ги потврдија сознанијата на Алфа ТВ дека иако се молчи тендерот е поништен уште на владината седница минатиот понеделник.
Марко Пецески, Австрија. Понекогаш се прашуваме дали нешто навистина постои или е само плод на нашата фантазија. Секој зборува за тоа, секој знае по нешто за тоа, но никој не го видел. Приближно такво некое чувство имам за мегапроектот „Чебрен“ и „Галиште“.