Портрет - Доста Димовска, бивша министерка и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ Од пред една недела има повеќе време за себе. Почесто ќе среќава со роднините и пријателите, кои досега "страдаа" поради нејзините партиски обврски и ангажманот во Владата.
Долгогодишниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска, која поднесе оставки на партиските и државните функции, отворено е следена од полицијата, а се очекува и пресметка во владеачката партија, пишува весникот „Дневник“.
КалабалакБродот тоне, посадата од копно фаќа сеирОставките на сите државни и партиски функции на една од ретките дами која може да се носи рамноправно со машкиот свет во политиката покажа дека бродот Македонија тоне полека но, сигурно.
Во ВМРО-ДПМНЕ и натаму неизвесно каков курс ќе заземе партијата по "бегството" на големата шефица Соња Крамарска И покрај прифатената оставка од премиерот и партиски лидер, во ВМРО-ДПМНЕ и натаму трае неизвесноста каков курс ќе заземе партијата по неочекуваното повлекување на Димовска.
ПАНИКА МЕЃУ ВМРОВЦИТЕ БЛИСКИ НА ДИМОВСКА Засегнати за убавите позиции на кои ги натокми Димовска, како главен кадровик на ВМРО-ДПМНЕ, нејзините приврзаници викендов побрзале да му бакнат рака на лидерот Георгиевски, искажувајќи му лојалност:"Лидеру По само ден-два од поднесувањето на ...
По тридневно премислување и обиди да ја спушти топката, премиерот Љупчо Георгиевски вчера објави преку своите портпароли, дека ги прифаќа оставките на Доста Димовска на функциите потпретседател на Владата и шеф на Координативното тело за кризи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
ПРЕМИЕРОТ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Даравелски, Арнаудов и Михајловски веќе му изразиле верност на Георгиевски, па не се очекуваат големи потреси во ВМРО-ДПМНЕ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Љубчо Георгиевски, ги прифатил оставките на Доста Димовска на потпретседателските функции во ...
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, ја прифаќа оставката на Доста Димовска“, кусо изјави портпаролот на партијата Влатко Ѓорчев. Ова е прв официјален став три дена по поднесувањето на неотповикливата оставка на Доста Димовска на функциите потпретседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ...
ПО ОСТАВКАТА НА ДОСТА ДИМОВСКА Воинствено расположениот двоец Георгиевски - Бошковски ќе се обиде да му спакува валкан пакет на претседателот Трајковски за да го принуди или да си даде оставка, или да стане кооперативен и послушен.
Претседателот Трајковски во саботата направил обид да посредува меѓу Љупчо Георгиевски и Доста Димовска, но обидот не дал резултат, велат високи партиски извори. Посредувањето се случило пред состанокот за Законот за локална самоуправа, кога Трајковски и Георгиевски биле ?неколку минути сами" во ...
Трет ден од оставката на Димовска-Георгиевски молчи партиските реакции и коментари не стивнуваат Трет ден од оставката на Доста Димовска премиерот Љупчо Георгиевски молчи, а партиските реакции и шпекулации не стивнуваат. ВМРО-ДПМНЕ се тресе, а премиерот мртов ладен, оценија вчера и новинарите и ...
РЕАКЦИИ ПО демисиЈата НА ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Изненадување, разочарување и жалење се зборовите со кои високи бриселски дипломати реагираа на веста за неотповикливата оставка на вицепремиерката Доста Димовска. Северноатлантската алијанса и кабинетот на Хавиер Солана во Европската Унија одлучија да не ...
ПО ОСТАВКАТА НА ДОСТА ДИМОВСКА Три дена по оставката на Доста Димовска на сите државни и партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ упорно се молчи. Никој од партиските функционери и од пратениците не се осмелува да зине, бидејќи сите чекаат што ќе каже премиерот Љубчо Георгиевски.