TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кипар го блокираше договорот за првите преговори за членство на Турција

А1 - 10.06.2006

Кипар го блокираше договорот во Европската Унија за првите преговори за членство на Турција во ЕУ, соопштија дипломатски извори во Брисел. „Немаше компромис”, рече неименуван дипломатски извор, по неуспешниот обид да се премостат несогласувањата со Никозија.

САД не ја признаваат владата на Северен Кипар

Макфакс - 09.06.2006

Вашингтон Стејт департментот соопшти дека САД нема да ја признаат легитимноста на Северно кипарската турска република. „Ние не признаваме и нема да признаеме друга влада освен онаа на Република Кипар“, изјави заменик државниот секретар на САД, Даниел ...

Европската Унија ги забрзува преговорите со Хрватска

Макфакс - 08.06.2006

Брисел Европската Унија (ЕУ) денеска одлучи да ги забрза преговорите со Хрватска, во однос на Турција. Причината за ваквата одлука, како што соопшти портпаролот на австриското претседателство, е одбивањето на Анкара да ги отвори пристаништата и аеродромите за сообраќај со Кипар.

Претседателот на Кипар ги перел милијардите на Милошевиќ?

Дневник - 07.06.2006

Бившиот српски министер за правда ги обвини властите на кипарските Грци пред Судот во Никозија дека помагале при перење пари на режимот на Слободан Милошевиќ за време на меѓународните санкции, јави Макфакс. Владан Батиќ пред судот изјавил оти милијарди долари биле префрлани во куфери од Белград на ...

Фајненшл тајмс: Кипарските власти помагале во перењето пари во времето на Милошевиќ

Канал5 - 06.06.2006

Кипарските власти знаеле за перењето пари од Србија во деведесеттите години, во времето на режимот на Слободан Милосевик, пишува лондонски Фајненшл тајмс,повикувајќи се на сведочењето на поранешниот српски министер Владан Батиќ пред еден суд во Никозија Лондон, 6 јуни (МИА) - Кипарските власти ...

Ново сведочење за перење на парите на Милошевиќ на Кипар

Макфакс - 06.06.2006

Лондон Бившиот српски министер за правда ги обвини властите на кипарските Грци пред Судот во Никозија дека помагале при перење на пари во 90-те години за време на режимот на Слободан Милошевиќ и меѓународните санкции кон Југославија.

Турција нема да попушти за Кипар, без оглед на реакцијата на ЕУ

Макфакс - 06.06.2006

Истанбул Турција нема да ги отвори пристаништата и аеродромите за Кипар, дури по цена Европската унија да ги суспендира преговорите за членство на оваа земја. Ова денеска го изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред Истанбулската индустриска комора.