СПОРЕД НАДЛЕЖНИТЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО Контролата покажала дека центрите добро функционираат и не фалат лекови иако дијализерите се распаѓаат "Во центрите за дијализа низ Македонија пациентите се лекуваат квалитетно, солидно се снабдени со сите неопходни лекови, но има одредени тешкотии ...
ЗАВРШИЈА КОНТРОЛИТЕ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА ДИЈАЛИЗА Подобрување на просторните услови во кои се изведува дијализата и обновување на застарената апаратура, се забелешките што ги изнесе комисијата на лекари-нефролози при контролите во центрите за дијализа низ земјава.
Министерството за здравство процени дека во центрите за дијализа пациентите се лекуваат квалитетно АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Министерството за здравство подготвува набавка на нови 50 апарати за дијализа кои ќе бидат распределени во центрите каде што има најстари машини.
Во центрите за дијализа има стара и амортизирана опрема, но тие добро функционираат и на 1.242 луѓе им се врши добра дијализа, беше речено на вчерашната прес-конференција, по стручниот надзор од нефролозите во неколку центри во земјата.
По реакциите на бубрежно болните дека лекови нема, дека услугите за дијализа не се квалитетни, минатиот месец четири комисии од Министерството за здравство извршија стручен надзор во сите центри за дијализа во земјава, каде се лекуваат 1.242 бубрежно болни лица.
Стари апарати за дијализа кои максимално се искористуваат, несоодветни простории, ова е дел од извештајот на комисијата која изминатиов период ги посети центрите низ земјава. И покрај ваквите услови пациентите се лекувале квалитетно, а амортизираните апарати биле исправни.
Опрема вредна 15 илјади евра вчера пристигна во битолската болница како донација од шведската клиника од Холмштад, германскиот Црвен крст и од УНИЦЕФ. Шведската пратка се состои од три апарати за дијализа, 30 современи болнички кревети и санитетски материјал.