TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пораката на Бин Ладен ги подели Пакистанците

Утрински - 22.09.2007

Повикот за почнувањето света војна против Мушараф наиде на плодна почва во северозападниот дел на земјата ПЕШАВАР - Повикот на Осама бин Ладен за почнување света војна против пакистанскиот претседател и армијата вчера наиде на плодна почва во северозападниот конзервативен дел на земјата, додека пак ...

Бин Ладен му објави војна на Мушараф кој се подготвува за реизбор

Утрински - 21.09.2007

ИСЛАМАБАД - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ќе се обиде да обезбеди реизбор на 6 октомври, и покрај правните предизвици во Врховниот суд и намалувањето на популарноста, обелоденија вчера официјални лица. Американскиот сојузник, генералот Мушараф, изјави дека ќе се повлече од армијата ако ...

Осама бин Ладен му објавува војна на Пакистан

Дневник - 21.09.2007

Исламистичка електронска страница соопшти дека ќе емитува видеоснимка на која лидерот на Ал каеда Осама бин Ладен ќе му објави војна на Пакистан, јави Ројтерс. Во Пакистан на осми октомври треба да се одржат избори, а исходот е битен за интересите на САД во борбата против тероризмот.

Генерал Мушараф планира да стане цивилен претседател

Утрински - 18.09.2007

ИСЛАМАБАД - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф планира да се повлече од функцијата воен командант за да стане цивилен лидер, со што ќе се отстрани главниот приговор за неговиот предложен реизбор во октомври, изјави вчера висок претставник на владејачката партија.

Пакистанскиот претседател нема да ја води и армијата

Вест - 18.09.2007

ИСЛАМАБАД, 18 септември (Ројтерс) - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф планира да се повлече од функцијата на армиски шеф и да стане цивилен лидер, со што го отстрани главниот приговор за неговиот реизбор во октомври, соопшти вчера висок претставник на владејачката партија.

Генералот Мушараф - цивилен лидер?

Вечер Прес - 18.09.2007

Врховниот суд на Пакистан ќе ги разгледа судските барања на опозицијата за плановите на генералот Первез Мушараф да биде реизбран за претседател и главен командант на пакистанската армија во следните шест години, пренесува МИА.