Ерусалим, 10 февруари - Палестинскиот претседател Јасер Арафат на новоизбраниот израелски премиер Ариел Шарон вчера му рекол дека сака да продолжи со мировните преговори, но Шарон на тоа одговорил дека прво треба да се прекине со насилствата, вели извор близок до Шарон.
Вашингтон, 9 февруари - Вашингтон и во иднина ќе игра важна улога во напорите за постигнување траен мир на Блискиот Исток, изјави американскиот претседател Џорџ Буш. Буш рече дека телефонски разговарал со новоизбраниот израелски премиер Ариел Шарон, при што станало збор за плановите на новата Влада ...
Ариел Шарон, политичар и војник, е човек за кој многумина тврдат дека може многу да се сака или екстремно да се мрази. Се школувал во Тел Авив и во раната младост се приклучува на илегалната паравоена формација Хагана. За време на војната за независност на Израел во 1948 година како водник е ранет ...
Ерусалим, 8 февруари - Новоизбраниот израелски премиер Ариел Шарон изјави дека повторно ќе ја врати безбедноста на граѓаните на Израел и ќе постигне "вистински мир" и стабилност во регионот.Лидерот на партијата Ликуд, по завчерашната изборна победа повика на создавање влада на национално единство ...
Ерусалим, 7 февруари - Лидерот на десноориентираната партија Ликуд Ариел "Арик" Шарон го дава својот глас во едно училиште во Ерусалим на изборите за премиер во коишто големи се шансите да го порази Ехуд Барак, кандидат на Лабуристичката партија.
ДЕНЕСКА ИЗБОРИ ВО ИЗРАЕЛ Ерусалим, 6 февруари - На избори за премиер на Израел денеска ќе излезат околу четири милиони граѓани на оваа земја со право на глас, кои ќе треба да се определат за еден од двајцата предложени кандидати, премиерот во оставка Ехуд Барак и лидерот на десничарската партија ...
ЕРУСАЛИМ, 5 февруари (МИА) - Лидерите на ултраортодоксните партии во Израел соопштија дека на престојните премиерски избори во државата ќе го поддржат кандидатот на десницата Ариел шарон. Партијата Обединет јудизам на Тората со пет пратеници во Кнесетот во вчерашните соопштенија објавени во два ...