Агим Красниќи повторно се шета низ Кондово, заедно со неколкумина од "својата" дружина, меѓу кои и лица од Косово. Жители од Кондово ни рекоа дека, тој веќе неколку дена е во селото, шета со "калашников" и е во кавга со повеќето од селаните, кај кои нема поддршка.
Странски претставници во Скопје предупредуваат дека состојбата во Кондово наликува на онаа од ноември минатата година. Високи полициски извори за А1 потврдуваат дека во селото е повторно присутен Агим Красниќи, а во последниве неколку дена таму пристигнале и четворица поранешни команданти на УЧК ...
ВИКЕНДОВ Момче од скопското село Кондово вооружено со автоматска пушка во неделата пукало во полициска патрола во близина на селото, но, за среќа, во инцидентот не повредило никого. По престрелката полицајците го уапсиле вооружениот напаѓач, а истражен судија му изрекол триесетдневен притвор.
ВООРУЖЕНА ПРЕСТРЕЛКА ВО СКОПСКОТО СЕЛО СВИЛАРЕ Х.А. (28) од скопското село Кондово, со автоматска пушка нападнал полициска патрола во селото Свиларе додека биле на службена должност. Набрзо по вооружениот инцидент тој бил уапсен, а истражен судија од Основниот суд Скопје 2, му одредил и мерка ...
28 годишниот Ахмет Х. од Кондово два дена е во бегство, откако испукал еден куршум од калашњиков кон полициска патрола, која вршела контрола во селото Долно Свиларе. Полицијата ги интензивирала контролите и деталните прегледи на возилата во скопското предградие бидејќи во неделата тамошните ...
МВР Полицијата води постапка против криминалците во Кондово исто како против сите други што биле вмешани во криминал, изјави вчера министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски, по шпекулациите дека полицијата подготвува специјална истрага за криминалците во скопското село.
Полицијата има ист аршин и кон Кондово и кон останатите криминални случаи. Ова го тврди министерот Михајловски. „Сите лица што се инволвирани во криминал, дали се од Кондово, дали од други градови на Македонија се предмет на работа на МВР, тоа се постапки кои ќе течат.