TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почна судењето на Даравелски, но без него

Утрински - 11.05.2006

Започна судскиот процес против ексдиректорот на Царина и неговиот помошник Ексдиректорот на Царина Драган Даравелски и неговиот помошник Киро Доцевски, кои се обвинети за злоупотреба на службената положба, вчера не се појавија на првото судско рочиште.

Даравелски непоканет не доаѓа на судење

Дневник - 11.05.2006

На Драган Даравелски, кој вели дека нема покана за судењето, ќе му се суди во отсуство Судењето на ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски, и на неговиот поранешен директор на секторот за организациски, кадровски, имотно-правни и финансиско-материјални работи, Киро Доцевски, обвинети ...

Судењето одложено оти Даравелски го нема

Време - 11.05.2006

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, и поранешниот директор на секторот за финансии, Киро Доцевски, вчера не се појавија на првото рочиште во Основниот суд Скопје 1. Судењето беше одложено, а немаше објаснување зошто Доцевски не се појавил.

Одложено судење против Даравелски

Вест - 11.05.2006

Судскиот процес против Драган Даравелски поранешниот прв човек на Царинската управа на Македонија вчера беше одложен во Основниот суд 1 во Скопје. Во случајот е обвинет и Кирил Доцевски негов соработник. И двајцата не се појавија во судницата.

Во отсуство му се суди на Драган Даравелски

Вечер Прес - 11.05.2006

Судењето за екс-директорот на Царинската управа на Република Македонија, Драган Даравелски, што вчера требаше да се одржи во Основниот суд Скопје 1 е одложено. На Даравелски му се суди за злоупотреба на службена положба и овластување, а поради негова недостапност, судењето ќе се одвива во негово ...

Не почна судењето за Даравелски и Доцевски

А1 - 10.05.2006

Не почна судењето за Драган Даравелски и некогашниот финансиски шеф на Царината, Кирил Доцевски. Не дојдоа двајцата обвинети, како и што се очекуваше, а ниту претставници на МВР и одбрана. Пропуст во судската достава, иако одбраната обвинува дека експресно треба да се гази случајот.

Војо, Ламбе, Даравелски, Тамбурковски и Пауновски ќе се амнестираат

Вест - 10.05.2006

НАМЕНСКА ИЗМЕНА НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ И ОВЛАСТУВАЊАТА Службеното лице нема да одговара според Кривичниот законик, ако не е предвидена одговорност во некој друг закон за неговиот делокруг на работа и за работните обврски.

Даравелски не достапен за судот – дал погрешна адреса

Канал5 - 10.05.2006

Драган Даравелски го нема. Судот не знае каде е и не можел да го извести да дојде на судење. На адресата која им ја оставил во Белград немало никого. Со тоа пропадна обидот по 4 години да почне процесот против ексцариникот кој ја злоупотребил службената положба. Драган Даравелски го нема.

Почнува судењето на Драган Даравелски

Дневник - 10.05.2006

Обвинението го товари бившиот директор на Царината дека незаконски им прибавил имотна корист на други лица и фирми Судскиот процес против поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, во кој тој треба да одговара за злоупотреба на службената положба и овластувања, почнува денеска во ...

Војо, Ламбе, Даравелски, Тамбурковски и Пауновски ќе се амнестираат

Макфакс - 09.05.2006

(Вест) – среда, 10.05.2006 НАМЕНСКА ИЗМЕНА НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ И ОВЛАСТУВАЊАТА Службеното лице нема да одговара според Кривичниот законик, ако не е предвидена одговорност во некој друг закон за неговиот делокруг на работа и за работните обврски.

На Даравелски ќе му се суди во отсуство

А1 - 08.05.2006

На Драган Даравелски ќе му се суди во отсуство. По неколку години чекање одеднаш на судот му се брза. Дали обвинението против екс директорот на Царината случајно сега се бара завршница непосредно пред изборите или, пак, судството повторно е на удар на американски притисок? А1 дознава дека се ...

Потписи во корист на Даравелски

Време - 08.05.2006

КУМАНОВО „Запрете ја постапката против Драган Даравелски“ е петицијата што граѓаните на Куманово деновиве можеа да ја потпишуваат на неколку пункта во градот. Ваквата петиција била организирана од здружението „За подобро Куманово“. Даравелски беше прв цариник во поранешната влада.