Претставата „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија на Љубодраг Милошевиќ, во продукција на Битолскиот театар ја доби првата награда на фестивалот на монодрамата „Албамоно“, кој се одржа во Корча, Албанија. Драматизацијата ја направи актерката Јоана Поповска, која ја игра главната улога во претставата.
Актерката Јоана Поповска со монодрамата "Столови" од Ежен Јонеско, во режија на Љубодраг Милошевиќ ја освои првата награда на фестивалот "АЛБАМОНО 2006" одржан во Корча, Албанија. Драматизацијата на оваа монодрама ја направи самата актерка, а првата награда ја освои во конкуренција од 10 ...
Педесет и тригодишен битолчанец, вработен како стечаен директор на фирмата "Предилница", е осомничен од полицијата дека на своја рака изнајмил деловни простории без обврска да биде плаќана месечна закупнина. Битолската полиција, под основано сомнение, поднесе кривична пријава со која тој се товари ...
Авион на британската компанија за брза пошта ТНТ од типот "Боинг 737" е сериозно оштетен при принудно слетување на аеродромот во Бирмингем, при што остана заглавен на пистата и предизвика големи нарушувања во редот на летање, јавува МИА.
Доколку владата не дојде во Крагуевац на 22 јуни, како што е официјално најавено, Управата на металците на Србија ќе организира зедничка блокада на автопатот кај Бор, Баточина и Смедерево, а после тоа синдикалците ќе се упатат кон Белград за да ја уриваат владата.
Приказната продолжи "Од онаа страна на костените" на сцената на речиси руинираниот дом "Димитар Влахов" во Автокоманда. Оваа приказна започна пред три децении токму од спротива на "... костените" на иницијатива на неуморниот режисер, актер и духовен творец Боре Ангеловски, кој со ентузијастите од ...
Лошиот резултат против Тринидад и Тобаго (0:0) ја наруши атмосферата во таборот на Шведска, па на тренинг дојде до судир меѓу капитенот Олоф Мелберг и "плејмејкерот" Фреди Љунгберг, кои се фатиле за гуша. Тие на тренингот започнале тепачка што ја прекинале другите репрезентативци, а точната причина ...
В четврток, во кафулето “Лудница", Французинот Винсент Годар ќе ја претстави својата просторна виртуелна инсталација насловена како "Нацртај ми еден свет". Оваа инсталација, во мај беше претставена во Софија, Бугарија. Со овој настан, “Лине инитиативе анд мовемент”, влегува во “Упграде! ...
Велика Британија изрази резерва кон иницијативата на Австрија за изработка на посебен пишан документ за поголема транспарентност во Европската унија, јави дописникот на МИА од Лондон. Виена, која е претседавач со ЕУ до крајот на овој месец, настојува до Самитот во Брисел оваа иницијатива на ...
Роналдо ја има првата шанса да покаже дека е фудбалер од светска класа уште вечерва кога Бразил, на стадионот во Берлин, ќе ги одмери силите со Хрватска. Актуелниот светски првак е во серија од 10 средби без пораз, а вечерва нормално ја има улогата на апсолутен фаворит против "коцкастите".
Во тешка сообраќајна незгода што се случи завчера попладне, на патот Кичево - Охрид, две лица се здобија со повреди. Кичевчаните Д.С. (21) и С.И. (21) се пренесени во охридската болница, каде што се задржани на лекување. Незгодата се случила околу 18,30 часот, во близина на село Требеништа.
Со премиерата на претставата "Од онаа страна на костените" (вечер, во 20 ч., Дом Автокоманда), работена по текст на Жан - Мишел Раб, а во режија на Боре Ангеловски, аматерскиот театар "Чекори" ќе ја прослави 30-годишнината од своето постоење.
Жителите на Драчево, но и на Општина Кисела Вода и целиот град добија нов центар за дружење и рекреација. Во присуство на голем број граѓани, вчера беше отворен и осветен новиот културно-верски и рекреативен центар "Три круши", кој според жителите има вековна традиција, на што укажува и откриениот ...
Австралија, Русија се само дел од земјите од каде пристигнуваат понуди за соработка на адресата на Елена Ристеска. Како што дознаваме, дел од понудите веќе сериозно се разгледуваат и во продукцијата на Елена се размислува што да се прифати.
Новото р'н'б парче од Мартин Вучиќ насловено "One and only" што веќе извесен период се врти по радио-станиците е само дел од сето она што следува од него. Но, вели, се ќе биде дури по утрешниот ден "Д" по кој и официјално ќе се здобие со диплома. "Периодов наназад постојано вежбав.
Фестивалот за модерен балет "МАКДЕНС 2006" ќе се одржи утревечер (21 ч.) во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово. Ова ќе биде 14 издание на фестивалот, кој по пат на конкурс секоја година успева да предизвика интерес кај групите кои се занимаваат со овој вид уметност.
Петте компании кои влегоа во финалниот дел од тендерот за продажба на термоцентралата "Неготино" ги доставија своите финансиски понуди. Тендерската комисија изминатиов викенд ги разгледуваше нивните понуди и ќе ги достави до Владата, која на првата наредна седница ќе одлучува на кого ќе му ја ...
Фудбалерите на Англија со победа стартуваа на Мундијалот, откако во групата "Б" малку среќно беа подобри од Парагвај (1:0). Пред 50.000 гледачи, повеќето Англичани, во Франкфурт голот на одлуката беше постигнат уште во 4. минута, кога капитенот на Парагвај Гамара несмасно ја затресе сопствената ...
Високоестетско, технички софистицирано дело. Последното продолжение на трилогијата за мутантите на планетата Земја, "Х-мен: Последното упориште" е уште еден доказ за филмовите кои го немаат синдромот на втор или трет дел. Поклониците на ваквите СФ дела, обично од филмовите очекуваат беспрекорна ...