Вработените во јавната администрација утре продолжуваат со штрајк, бидејќи се уште не е исполнет нивниот основен услов - утврдување на минималната плата за нестопанството. И утре нема да работат градинките, основните и средни училишта и здравствените, социјалните и културните буџетски установи.
БУЏЕТАРИТЕ И ЗАГУБАРИТЕ БЛОКИРАА ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ПАТИШТА Штрајкот заврши мирно без инциденти, а синдикалците, поради индолентниот однос на власта, најавија продолжување на штрајкот и наредната недела Со песна и оро неколку илјади административци вчера излегоа пред Собранието и Владата за да го ...
Најмасовен синдикален штрајк досега, над 20.000 јавни работници излегоа на улица За прв пат во историјата на синдикалното движење во Македонија, повеќе од 20.000 буџетари вчера масовно излегоа на улични протести пред Собранието, Владата, Министерството за труд и социјала и за финансии.
ОУ "АЦО ШОПОВ" ГО БОЈКОТИРА ШТРАЈКОТ По наредба на директорката Виолета Миленковска, "Ацо Шопов" е единствено училиште во земјава што не штрајкува Членовите на синдикатот на основното училиште "Ацо Шопов" од скопската населба Радишани не ја почитуваат одлуката за штрајк по наредба на директорката ...
МАСОВЕН ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Вработените во јавниот сектор вчера одржаа масовен протест пред Собранието и пред Владата, како и пред министерствата за труд и социјална политика, за финансии и за правда. На буџетарите им се приклучија и вработените во стопанството и во ...
ШТРАЈКОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗЕМА СС ПОГОЛЕМ ЗАМАВ Денес почнува втората фаза од генералниот штрајк на јавната администрација. Од десет часот, буџетарите ќе ги напуштат своите работни места и ќе ги блокираат Собранието, Владата, како и министерствата за труд, за финансии и за правда.
Институциите блокирани, Владата не го повикува Синдикатот на договор за најниската плата Буџетарите продолжуваат со несмалено темпо со генералниот штрајк кој го започнаа во понеделникот на 20 мај, со многу индиции дека бојкотот во работењето ќе трае и во наредната недела.
СИНДИКАТОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДГОВОРОТ НА ВЛАДАТА Платите во јавниот сектор не може да се "одмрзнат" не затоа што државата нема пари, туку поради принципите на меѓународните финансиски институции - вели премиерот Георгиевски, кој смета дека "штрајкот е чиста политика" Вработените во јавниот сектор, ...
Македонската филхармонија денеска одржа концерт со кој се придружи на штрајкот на вработените во јавната администрација. Mузичарите наместо во вечерната концертна облека настапија во секојдневна гардероба. Концертот беше посветен на јубилејот на диригентот Перо Петровски и, според синдикалното ...
70 илјади вработени во јавната администрација и денеска, веќе четвртти ден, штрајкуваат во знак на револт што се уште не е утврдена минималната плата за нестопанството. Денешниот ден од штрајкот без поголеми промени од изминатите три дена.
ВТОРА ФАЗА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Од 12 до 16 часот, загубарите ќе ги блокираат влезот и излезот од Скопје и повеќе патни правци во државата, а вработените во јавната администрација, пак, од 10 часот ќе ги блокираат Собранието, Владата, како и Утре загубарите и останатите ...
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ИНСИСТИРА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ДА СЕ ОДРАБОТАТ ДО КРАЈ Според законската процедура, годишно училиштата имаат обврска да реализираат 180 работни дена, па колку дена ќе се продолжи школската година, зависи од траењето на генералниот штрајк Поради штрајкот на јавната ...
Штрајкот ќе прекине дури откако ќе се операционализира кога ќе се стави на хартија конкретниот износ на минималната плата на буџетарите Најавени блокади пред Собранието, Владата и на главните сообраќајници МАЈА ТОМИЌ Државните институции остануваат блокирани и во наредните денови, бидејќи ...
Според Законот за образование и Законот за штрајк, учебната година нема да трае подолго Не постојат никакви законски основи учениците од основните и од средните училишта да ги одработуваат загубените часови во деновите додека трае генералниот штрајк во јавната администрација.
Коментар - Љубица Балабан Министерството за образование и наука за два дена соопшти две сосема спротивни информации за штрајкот во јавниот сектор. Еднаш го поддржа и ги окуражи штрајкувачите, а само ден потоа ги повика основците и средношколците да се вратат во училишните клупи.
Штрајк на вработените во јавниот секторБуџетарите ќе штрајкуваат сe додека не добијат поголеми платиОколу 80.000 буџетари, незадоволни од своите ниски плати, во понеделникот стапија во генерален штрајк. Претседателот на ССМ Муратовски вели дека штрајкот ќе продолжи сe додека не се утврди ...
СИНДИКАТОТ ГО ЗАСИЛУВА ПРИТИСОКОТ Прекинот на работата на вработените во јавниот сектор ќе продолжи се додека не се потпише спогодба за износот на најниската плата - тоа е ставот на синдикалците Вработените во јавниот сектор утре со почеток во 10 часот ќе протестираат пред Владата и Собранието, ...
Сојузот на синдикатите на Македонија ќе поднесе кривични пријави против раководителите, кои се обидуваат да го прекинат штрајкот во јавниот сектор, кој трае веќе три дена, а ќе продолжи и утре, вели Пеце Груевски од синдикатот на УПОЗ.
ВЛАДАТА БАРА ТРПЕНИЕ УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА "Владата за десет ќе излезе со законски предлог пред синдикатот. Ова прашање ќе се решава заедно со пакетот закони за загубарите. Евидентни се политички инфилтрации во организацијата на штрајкот, кој што е во тек.
ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОКОТ ВРЗ ШТРАЈКУВАЧИТЕ Поради бојкотирање на работните обврски, работодавачите ги заплашуваат штрајкувачите дека ќе добијат 60 отсто од платите Поради стапување во генерален штрајк Благица Петрушевска, началник на Одделението за трансфузиологија во Тетовската болница, вчера била ...
На првата средба меѓу премиерот и првиот синдикалец се разговараше за барањата на Синдикатот Штрајкот во јавната администрација продолжува и во наредните денови иако Сојузот на синдикатите на Македонија не крие дека е задоволен од вчерашната средба со премиерот Љупчо Георгиевски за определување на ...
Во Катлановска Бања Вработените во Катлановска Бања официјално се приклучуваат кон штрајкот во јавниот сектор, но од вчера работата кај нив се одвива нормално и се примаат вообичаен број пациенти. Како што информираат во Катлановска Бања, вработените го поддржуваат штрајкот, но се подложени на ...
Владата со свое гледање на штрајкот на буџетарите Доколку штрајкот на вработените во предучилишните установи продолжи, Министерството за труд и социјална политика сериозно размислува да ангажира невработени лица со соодветни образовни квалификации во овие установи.
БУЏЕТАРИТЕ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ШТРАЈКОТ Вториот ден од генералниот штрајк на околу 70.000 вработени во образованието, здравството, правосудството, управата, одбраната измина без поголеми опструкции Штрајкот на буџетарите за утврдување најниска плата продолжува и денеска, без оглед на исходот од ...
„Генералниот штрајк на јавната администрација продолжува и во наредните денови, а в петок се префла на улица. Административците ќе излезат да ги блокираат улиците и патишата во Македонија“, најави синдикалниот лидер Ванчо Муратовски по средбата со премиерот Љубчо Георгиевски.
Професорите од 350 средни училишта и студентски домови во Хрватска стапија во генерален штрајк, барајќи итно потпишување на колективниот договор за утврдување на регресот за годишен одмор, 13-та плата и детскиот додаток. Хрватскиот премиер Ивица Рачан изрази жалење поради штрајкот на просветните ...
ШТРАЈКУВААТ 70.000 ВРАБОТЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗДРАВСТВОТО, ПРАВОСУДСТВОТО И ВО ОДБРАНАТА Синдикалците се задоволни од вчерашниот старт на штрајкот и најавуваат дека првите три дена административците ќе штрајкуваат на своите работни места, а в четврток ќе излезат на улиците, кога ќе им се придружа ...
СТАВ Министерството за образование и наука вчера соопшти дека го поддржува штрајкот на вработените во јавните служби и смета дека тој е законски и оправдан. Во дописот се истакнува дека директорите на училиштата не треба да преземаат дејства за спречување на штрајкот.
Речиси сите образовни институции во државава вчера штрајкуваа Речиси сите основни, средни и високообразовни институции вчера се придружија кон штрајкот што го организираше Сојузот на синдикати за одредување на најниската плата во Македонија.
Синдикалците не отстапуваат од утврдувањето на минималната плата МАЈА ТОМИЌ Незадоволни од своите ниски плати, околу 80.000 буџетари вчера масовно се приклучија кон генералниот штрајк, кој прв пат во земјава го организираа независните синдикати од јавниот сектор.
Поддржана препораката на ССМ Вработените во градинките, училиштата, болниците, амбулантите и во основните судови во Велес, Струмица, Крушево, Охрид, Кавадарци, Кичево и во Неготино, главно, го поддржаа вчерашниот генерален штрајк, односно беа на работните места, но не работеа, освен за интервентни ...
ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Барањата на синдикалците за Министерството за образование прифатливи, со забелешка дека учениците треба да бидат оценети пред завршувањето на учебната година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го оцени како успешен почетокот на генералниот штрајк на ...
Првиот синдикалец Ванчо Муратовски кој го оцени денешниот штрајк на вработените во администрацијата за успешен, не отстапува од утврдените барања. Во интервју за А1, најавувајќи ја утрешната средба со премиерот Георгиевски, рече дека е убаво што конечно премиерот се сетил да разговара со нeго.
„Штрајк“ - пишува денеска на вратите на градинките, училиштата, судовите, касарните. Вработените во образованието, судството, одбраната и здравството денеска стапија во генерален штрајк барајќи државата да им обезбеди плати за достоен живот.
ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ДЕНЕСКА НЕ РАБОТИ Штрајкот ќе трае се додека со Владата не се постигне договор за најниската плата Јавната администрација од денсека стапува во генерален штрајк. Околу 70.000 вработени во училиштата, градинките, во здравствените установи , фармацијата, судовите, јавните ...
Денеска Околу 85.000 вработени во државната администрација, вклучувајќи ги школството, здравството и одбраната, денеска стапуваат во генерален штрајк. Во градинките и во сите основни и средни училишта, како и во високообразовните и културните установи ќе бидат заклучени вратите, нема да се работи, ...
"Травијата" нема да се одржи Тина Иванова Оперската претстава "Травијата", како дел од репертоарот на манифестацијата "Мајски оперски вечери" закажана за утре, 21 мај, нема да се одржи. Ова, за "Утрински весник", го потврдија вработените во Македонскиот народен театар кои се дел од генералниот ...
СИНДИКАТОТ ЈА ПРИТИСКА ВЛАДАТА Во ССМ најавуваат дека на буџетарците во штрајкот по неколку дена ќе им се придружат и вработените во стопанството и загубарците, за да се задржи тензијата и да се зголеми притисокот. Градинките, училиштата, болниците, судовите, културните институции денеска нема да ...