Се навршија 10 години од атентатот врз израелскиот премиер Јицак Рабин, архитект на блиско-источниот мировен процес и човек кој се залагаше за помирување на Евреите и Палестинците. Неговите сонародници денеска излегоа на меморијален марш во чест на Рабин.
Палестинците ќе побараат од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународна комисија, која ќе ги истражува околностите околу смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Дамаск, 13 ноември (МИА) - Палестинците ќе побараат од Советот за безбедност на ОН да формира меѓународна комисија, која ќе ги ...
Ерусалим Едно лице е рането денеска во престрелка меѓу израелски војници и палестински полицајци во градот Витлеем, на Западниот Брег. Според палестински извори, ранетиот е полицаец, додека израелската страна одби да го коментира случајот.
СОЛИДАРНОСТ Родителите на 12-годишно Палестинче што било убиено од израелски војници одлучиле да му го донираат неговиот бубрег на едно болно Израелче, пишува „Индепендент“. - Не ни е гајле дали болниот е Арап или Евреин - изјавиле родителите.
Во период од три години припадници на полициски сили од земјите од Европската унија ќе ги обучуваат палестинските сили за безбедност, изјави синоќа висок претставник на палестинската Влада. Според него, ЕУ денеска ќе одобри план за испраќање неколкумина полициски офицери од држави од Унијата.
Џенин Двајца Палестинци беа убиени денеска во Џенин од страна на израелската армија, соопштија извори во израелските безбедносните сили. Двајца мажи, чиј идентитет се уште не е утврден, биле застрелани од израелски војници за специјални намени.
Ерусалим Родителите на застреланото по грешка палестинско момче се согласиле да ги подарат неговите органи за трансплантација на шест Израелци, јавуваат денеска израелските медиуми. Дванаесет годишниот Ахмед ал Хатиб беше застрелан по грешка во судирите меѓу бунтовниците и израелската војска во ...
Брисел Европската унија денеска донесе одлука за испраќање на цивилна полициска мисија со мандат од три години во палестинските подрачја, соопштено е од Брисел. Мисијата ќе има за цел да им помага на палестинските полициски структури при обезбедувањето на стабилноста и безбедноста.