По моделот на Комерцијална, и Охридска банка објави дека се продава. Акционерите формираат мнозински пакет акции, доволно атрактивен за да се понуди на странска банка. Едногодишните шпекулации за оваа банка се потврдија и на терен.
ГРУПИРАЊЕ НА АКЦИИТЕ „Охридска банка“ се подготвува за продажба преку формирање мнозински пакет акции. Дури потоа ќе се преговара со заинтересираните стратегиски инвеститори и ќе се донесуваат одлуки, соопштија од банката. „Со договорот акционерите ќе се обврзат дека нема да разговараат одвоено или ...
РАКОВОДСТВОТО НЕ БРЗА СО ПРОДАЖБА Комерцијална банка не треба да се продава по секоја цена, туку на потенцијален инвеститор, кој ќе биде од редот на реномираните светски банки и бренд што треба да понуди реално пазарно вреднување на банката, објасни раководството на банката, вчера на брифингот со ...
Комерцијална банка ќе ја спасува пазарната вредност на акциите. Акционерите од конзорциумот сакаат да останат во него НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Комерцијална банка ќе ја спасува пазарната вредност на своите акции на Берзата. Банката ќе ги преземе сите можни интервенции за да ја заштити продажната цена ...
Охридска банка преговара со странски банки за продажба. Управниот одбор на банката вчера соопшти дека „размениле информации со неколку реномирани странски банки, кои се заинтересирани да влезат на македонскиот банкарски пазар.
Од Банката најавуваат дека ќе ги преземат сите можни законски интервенции за да ја заштитат пазарната вредност на акциите откако таа почна да паѓа Менаџментот на Комерцијална банка вчера соопшти дека не преговара со друга банка (стратешки инвеститор), бидејќи немало потреба да се брза продажбата.
Јавноста никогаш нема да дознае кои банки какви понуди доставија за купување на Комерцијална и зошто беа одбиени. Оваа информација ја знаат само Хари Костов и финансискиот консулатант. Заедно излегоа на брифинг, клучните прашања останаа неодговорени со алиби дека тоа не го дозволувале тајните ...
МАКЕДОНСКА БЕРЗА Со акцијата на Комерцијална банка од вчера утрото не се тргува на берзата, откако Управниот одбор на „Македонската берза“ на итна седница одлучи привремено да го прекине тргувањето и со обичните и со приоритетните акции на банката.
Прекинот ќе трае се' додека не се добијат дополнителните информации од банката НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Акцијата на Комерцијална банка вчера не се продаваше на пазарот на капитал. Берзата го стопираше тргувањето со овие хартии од вредност откако во изминатите три дена цената значително паѓаше.
Берзата ги спасува акциите на Комерцијална банка од драстичен ценовен пад и инвеститорите од големи загуби Берзата ги спасува акциите на Комерцијална банка од драстичен ценовен пад и инвеститорите од големи загуби. Од вчера привремено е прекинато тргувањето со обичните и приоритетните акции на ...
Македонската берза за хартии од вредност вчера одлучи да нема тргување со акцијата на Комерцијална банка, која во изминатите денови повлече пад на вредноста на акциите на сите компании што котираат на Берзата. Тргувањето е времено прекинато, откако таква одлука на итна седница донесе Одборот на ...
Берзата ја суспендираше „Комерцијална банка“ и забрани тргување со акции. Додека одборот на берзата на вонредна седница носеше ваква мерка, во канцелариите на „Комерцијална“, тет а тет средби меѓу раководството и акционерите од мнозинскиот пакет.
НЕ ПРЕСТАНА ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА КОМПАНИИТЕ За максимални пет отсто се намали и вчера акцијата на Комерцијална банка, а непродадени останаа и 15.000 акции што акционерите уште завчера ги понудија за продажба. Повторно паѓаа акциите и на другите компании, но најмногу до пет отсто поради одлуката на ...
ЕДИТОРИЈАЛ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Уште еднаш се изјаловија надежите дека во Македонија ќе влезе врвен светски банкарски бренд кој ќе внесе новини во домашниот финансиски пазар. За жал, тоа не се случи. Ниту највредната домашна банка, очигледно, не беше доволен предизвик звучните банкарски имиња да се ...
Продолжи падот на цените на водечките компании и банки, а Берзата експресно ги спушти ценовните ограничувања НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Ако само до пред неколку дена се бараше акција повеќе од топ-македонските компании и банки, деновиве инвеститорите многу повеќе сакаа да продаваат отколку да купуваат ...
Вчера акцијата на Комерцијална се продаваше по 5.477 денари, што е за околу 300 денари помалку отколку завчера Падот на цената на акциите на Комерцијална банка не запира. Надолу оди и цената на акциите на другите компании што котираат на Македонската берза.
Берзата забрани да се тргува со акциите на Комерцијална. Денешната одлука одборот на директори ја правда со големите осцилации на цената на акциите на банката и големата пазарна нерамнотежа што тие ја предизвикаа минативе три дена кога паднаа за повеќе од дваесет проценти.
Скопје Македонската берза денеска донесе одлука за времено прекинување на тргувањето со обичните и приоритетни акции на Комерцијална банка АД Скопје, соопшти Берзата. Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје, одлуката ја донел имајќи ја предвид состојбата на пазарот на хартии од ...
Одборот на директори на Берзата од вчера воведе нови ценовни ограничувања за акциите на котираните фирми од плус до минус пет проценти Вредноста на акциите на компаниите што котираат на Македонската берза за хартии од вредност вчера продолжија вртоглаво да паѓаат, иако Одборот на директори на ...
За нови максимални 5% поевтини акцијата на Комерцијална банка. Во падот, втор ден по ред, со себе ги влече и акциите на поголемиот дел од котираните компании и банки. Откажувањето на продажбата на банката, по домино систем ја почувствуваа и другите банкарски играчи.
АКЦИИТЕ ПАЃААТ Паѓаат акциите на Македонската берза. На вчерашното тргување по пониска цена се продаваа акциите на Алкалоид, Бетон, Гранит, ЕМО, ЗК Пелагонија, Карпош, Макпетрол, Македонијатурист, ОХИС, Макстил, Топлификација, Фершпед.
ИТНА СЕДНИЦА НА УО НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА Паднаа акциите на речиси сите котирани компании вчера на берзата откако претходниот ден раководството на Комерцијална објави дека банката нема да се продава. Најмногу или за максимално дозволени 9,99 отсто падна и акцијата на банката, поради што вредноста на ...
Конзорциумот не е растурен но, акционерите се ослободени да ги продаваат акциите ако сакаат НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Продолжува да се „топи“ цената на акциите на Комерцијална по информацијата дека банката, засега, нема да се продава на странски бренд.
Падот на цената на акциите и на други компании го намали и вкупниот промет на официјалниот берзански пазар од 1,1 милион евра на 690.000 евра Цената на акцијата на Комерцијална банка на Македонската берза продолжи да паѓа. Вчера се намали на 5.765 денари, од завчерашните 6.400 денари.
До доцна попладне во берзата заседаваше управниот одбор. Брокерите и директорите состанчеа поради паниката што ја предизвика дебаклот во продажбата на Комерцијална банка. Неуспешната продажба не ја поевтини само акцијата на банката за нови 10%, туку и акциите на многу други компании.
НАЈГОЛЕМАТА ДОМАШНА БАНКА НЕ ИЗБРА СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР "Комерцијална банка" ги одби сите пристигнати понуди на тендерот за продажба на мнозинскиот пакет од капиталот на друштвото. До банката не пристигнала прифатлива понуда, се вели во соопштението од "Комерцијална банка".
БАНКАТА ГИ ОДБИ СИТЕ ПОНУДИ Комерцијална банка ги одби понудите на сите странски банки заинтересирани за купување на мнозинскиот пакет акции во банката. Ниту една понуда доставена во предвидениот рок не била прифатлива за банката, од каде пак не кажуваат кој е следниот чекор и дали ќе има нов ...
Дали акционерите барале ненормално висока, натценета вредност за својот капитал НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Вистинска бомба вчера ја потресе македонската бизнис и банкарска сцена. Веста која убедливо е прва на топ-листите е дека нема да се продава Комерцијална банка.
Банкарите коментираат дека ова не е крај на продажбата на Комерцијална, а за в година очекуваат и обиди за продажба на Инвестбанка, Охридска и на Стопанска банка - Битола Комерцијална банка нема да се продава бидејќи не најде поволен купувач.
Вртоглаво паѓа цената на акциите на комерцијална за десет проценти. Се продаваше за 5400 денари. Урнат е и индексот на 10 најкотирани компании. Падна за 4 проценти бидејќи се намали и вредноста на акциите и на другите компании од индексот.
Како резултат на оваа одлука на менаџментот, акциите на Банката вчера на берзата паднаа за околу 10 проценти и се тргуваа во маргина од 6.304 до 6.500 денари за акција Менаџментот на Комерцијална банка вчера одлучи да не се продава Банката откако констатирал дека за нејзино купување не пристигнала ...
Дебакл, пропадна продажбата на Комерцијална. Банката се откажува од влез на странски бренд. Во исто време оваа информација предизвика и потрес на берзата. Драматичен пад на вредноста на акциите на Комерцијална за околу 10%. Без образложение за ваквиот неочекуван пресврт, Комерцијална во денешното ...
Акционерите на Инвест банка ја ангажирале лондонската фирма „Phalanx Capital“, која ќе ги советува менаџментот и акционерите за идните стратегиски одлуки. Во нејзината објава до берзата, банката објаснува дека на овој чекор се одлучила затоа што во блиска иднина очекуваат динамични промени во ...
Скопје Водечката македонска банка „Комерцијална банка АД“ нема да биде продадена во блиска иднина, бидејќи не пристигнала прифатлива понуда. Банката во денешното соопштение, ја известува јавноста дека во постапката на ограничен меѓународен тендер (01.11.2006 година) за продажба на сопствените акции ...