TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Охридска банка објави дека се продава

А1 - 11.11.2006

По моделот на Комерцијална, и Охридска банка објави дека се продава. Акционерите формираат мнозински пакет акции, доволно атрактивен за да се понуди на странска банка. Едногодишните шпекулации за оваа банка се потврдија и на терен.

И „Охридска банка“ бара странски партнер

Време - 11.11.2006

ГРУПИРАЊЕ НА АКЦИИТЕ „Охридска банка“ се подготвува за продажба преку формирање мнозински пакет акции. Дури потоа ќе се преговара со заинтересираните стратегиски инвеститори и ќе се донесуваат одлуки, соопштија од банката. „Со договорот акционерите ќе се обврзат дека нема да разговараат одвоено или ...

Директорите ќе ја спасуваат акцијата на Комерцијална

Време - 11.11.2006

РАКОВОДСТВОТО НЕ БРЗА СО ПРОДАЖБА Комерцијална банка не треба да се продава по секоја цена, туку на потенцијален инвеститор, кој ќе биде од редот на реномираните светски банки и бренд што треба да понуди реално пазарно вреднување на банката, објасни раководството на банката, вчера на брифингот со ...

Комерцијална банка не брза да се продаде по секоја цена

Утрински - 11.11.2006

Комерцијална банка ќе ја спасува пазарната вредност на акциите. Акционерите од конзорциумот сакаат да останат во него НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Комерцијална банка ќе ја спасува пазарната вредност на своите акции на Берзата. Банката ќе ги преземе сите можни интервенции за да ја заштити продажната цена ...

Охридска банка бара купувач

Дневник - 11.11.2006

Охридска банка преговара со странски банки за продажба. Управниот одбор на банката вчера соопшти дека „размениле информации со неколку реномирани странски банки, кои се заинтересирани да влезат на македонскиот банкарски пазар.

На Комерцијална не и' се брза за продажба

Вечер Прес - 11.11.2006

Од Банката најавуваат дека ќе ги преземат сите можни законски интервенции за да ја заштитат пазарната вредност на акциите откако таа почна да паѓа Менаџментот на Комерцијална банка вчера соопшти дека не преговара со друга банка (стратешки инвеститор), бидејќи немало потреба да се брза продажбата.

Јавноста нема да дознае зошто се одбиени понудите за Комерцијална

А1 - 10.11.2006

Јавноста никогаш нема да дознае кои банки какви понуди доставија за купување на Комерцијална и зошто беа одбиени. Оваа информација ја знаат само Хари Костов и финансискиот консулатант. Заедно излегоа на брифинг, клучните прашања останаа неодговорени со алиби дека тоа не го дозволувале тајните ...

Прекинато тргувањето со акциите на Комерцијална

Време - 10.11.2006

МАКЕДОНСКА БЕРЗА Со акцијата на Комерцијална банка од вчера утрото не се тргува на берзата, откако Управниот одбор на „Македонската берза“ на итна седница одлучи привремено да го прекине тргувањето и со обичните и со приоритетните акции на банката.

Берзата го запре тргувањето со акциите на Комерцијална

Утрински - 10.11.2006

Прекинот ќе трае се' додека не се добијат дополнителните информации од банката НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Акцијата на Комерцијална банка вчера не се продаваше на пазарот на капитал. Берзата го стопираше тргувањето со овие хартии од вредност откако во изминатите три дена цената значително паѓаше.

Берзата спречи голем пад на акциите на Комерцијална

Дневник - 10.11.2006

Берзата ги спасува акциите на Комерцијална банка од драстичен ценовен пад и инвеститорите од големи загуби Берзата ги спасува акциите на Комерцијална банка од драстичен ценовен пад и инвеститорите од големи загуби. Од вчера привремено е прекинато тргувањето со обичните и приоритетните акции на ...

Нема тргување со акциите на Комерцијална банка

Вечер Прес - 10.11.2006

Македонската берза за хартии од вредност вчера одлучи да нема тргување со акцијата на Комерцијална банка, која во изминатите денови повлече пад на вредноста на акциите на сите компании што котираат на Берзата. Тргувањето е времено прекинато, откако таква одлука на итна седница донесе Одборот на ...

Берзата ги суспенидираше акциите на Комерцијална

А1 - 09.11.2006

Берзата ја суспендираше „Комерцијална банка“ и забрани тргување со акции. Додека одборот на берзата на вонредна седница носеше ваква мерка, во канцелариите на „Комерцијална“, тет а тет средби меѓу раководството и акционерите од мнозинскиот пакет.

Акционерите брзаат да продадат што повеќе

Време - 09.11.2006

НЕ ПРЕСТАНА ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА КОМПАНИИТЕ За максимални пет отсто се намали и вчера акцијата на Комерцијална банка, а непродадени останаа и 15.000 акции што акционерите уште завчера ги понудија за продажба. Повторно паѓаа акциите и на другите компании, но најмногу до пет отсто поради одлуката на ...

Неуспехот со Комерцијална е лош знак за Македонија

Утрински - 09.11.2006

ЕДИТОРИЈАЛ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Уште еднаш се изјаловија надежите дека во Македонија ќе влезе врвен светски банкарски бренд кој ќе внесе новини во домашниот финансиски пазар. За жал, тоа не се случи. Ниту највредната домашна банка, очигледно, не беше доволен предизвик звучните банкарски имиња да се ...

Инвеститорите сега сакаат да ги продадат акциите што ги купуваа

Утрински - 09.11.2006

Продолжи падот на цените на водечките компании и банки, а Берзата експресно ги спушти ценовните ограничувања НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Ако само до пред неколку дена се бараше акција повеќе од топ-македонските компании и банки, деновиве инвеститорите многу повеќе сакаа да продаваат отколку да купуваат ...

Не запира ценовниот пад на Берзата

Дневник - 09.11.2006

Вчера акцијата на Комерцијална се продаваше по 5.477 денари, што е за околу 300 денари помалку отколку завчера Падот на цената на акциите на Комерцијална банка не запира. Надолу оди и цената на акциите на другите компании што котираат на Македонската берза.

Привремено прекинато тргувањето со акциите на Комерцијална банка

Канал5 - 09.11.2006

Берзата забрани да се тргува со акциите на Комерцијална. Денешната одлука одборот на директори ја правда со големите осцилации на цената на акциите на банката и големата пазарна нерамнотежа што тие ја предизвикаа минативе три дена кога паднаа за повеќе од дваесет проценти.

Времено прекинување на тргувањето со акциите на Комерцијална банка

Макфакс - 09.11.2006

Скопје Македонската берза денеска донесе одлука за времено прекинување на тргувањето со обичните и приоритетни акции на Комерцијална банка АД Скопје, соопшти Берзата. Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје, одлуката ја донел имајќи ја предвид состојбата на пазарот на хартии од ...

Акциите на компаниите вртоглаво паѓаат

Вечер Прес - 09.11.2006

Одборот на директори на Берзата од вчера воведе нови ценовни ограничувања за акциите на котираните фирми од плус до минус пет проценти Вредноста на акциите на компаниите што котираат на Македонската берза за хартии од вредност вчера продолжија вртоглаво да паѓаат, иако Одборот на директори на ...

Акцијата на Комерцијална поевтини за нови 5%

А1 - 08.11.2006

За нови максимални 5% поевтини акцијата на Комерцијална банка. Во падот, втор ден по ред, со себе ги влече и акциите на поголемиот дел од котираните компании и банки. Откажувањето на продажбата на банката, по домино систем ја почувствуваа и другите банкарски играчи.

Комерцијална ги урива цените на Берза

Вест - 08.11.2006

АКЦИИТЕ ПАЃААТ Паѓаат акциите на Македонската берза. На вчерашното тргување по пониска цена се продаваа акциите на Алкалоид, Бетон, Гранит, ЕМО, ЗК Пелагонија, Карпош, Макпетрол, Македонијатурист, ОХИС, Макстил, Топлификација, Фершпед.

Комерцијална ги урна акциите на берза

Време - 08.11.2006

ИТНА СЕДНИЦА НА УО НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА Паднаа акциите на речиси сите котирани компании вчера на берзата откако претходниот ден раководството на Комерцијална објави дека банката нема да се продава. Најмногу или за максимално дозволени 9,99 отсто падна и акцијата на банката, поради што вредноста на ...

Акциите на Комерцијална се топат на Берзата

Утрински - 08.11.2006

Конзорциумот не е растурен но, акционерите се ослободени да ги продаваат акциите ако сакаат НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Продолжува да се „топи“ цената на акциите на Комерцијална по информацијата дека банката, засега, нема да се продава на странски бренд.

Паѓа цената на акцијата на Комерцијална банка

Дневник - 08.11.2006

Падот на цената на акциите и на други компании го намали и вкупниот промет на официјалниот берзански пазар од 1,1 милион евра на 690.000 евра Цената на акцијата на Комерцијална банка на Македонската берза продолжи да паѓа. Вчера се намали на 5.765 денари, од завчерашните 6.400 денари.

Берзанскиот индекс падна за рекордни 4,23%

А1 - 07.11.2006

До доцна попладне во берзата заседаваше управниот одбор. Брокерите и директорите состанчеа поради паниката што ја предизвика дебаклот во продажбата на Комерцијална банка. Неуспешната продажба не ја поевтини само акцијата на банката за нови 10%, туку и акциите на многу други компании.

Комерцијална банка ќе чека подобра понуда

Вест - 07.11.2006

НАЈГОЛЕМАТА ДОМАШНА БАНКА НЕ ИЗБРА СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР "Комерцијална банка" ги одби сите пристигнати понуди на тендерот за продажба на мнозинскиот пакет од капиталот на друштвото. До банката не пристигнала прифатлива понуда, се вели во соопштението од "Комерцијална банка".

Ниту една странска банка не е добра за Комерцијална

Време - 07.11.2006

БАНКАТА ГИ ОДБИ СИТЕ ПОНУДИ Комерцијална банка ги одби понудите на сите странски банки заинтересирани за купување на мнозинскиот пакет акции во банката. Ниту една понуда доставена во предвидениот рок не била прифатлива за банката, од каде пак не кажуваат кој е следниот чекор и дали ќе има нов ...

Комерцијална не се продаде, голем пад на акциите

Утрински - 07.11.2006

Дали акционерите барале ненормално висока, натценета вредност за својот капитал НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Вистинска бомба вчера ја потресе македонската бизнис и банкарска сцена. Веста која убедливо е прва на топ-листите е дека нема да се продава Комерцијална банка.

Комерцијална банка не најде купувач

Дневник - 07.11.2006

Банкарите коментираат дека ова не е крај на продажбата на Комерцијална, а за в година очекуваат и обиди за продажба на Инвестбанка, Охридска и на Стопанска банка - Битола Комерцијална банка нема да се продава бидејќи не најде поволен купувач.

Вртоглав пад на акциите на Комерцијална

Канал5 - 07.11.2006

Вртоглаво паѓа цената на акциите на комерцијална за десет проценти. Се продаваше за 5400 денари. Урнат е и индексот на 10 најкотирани компании. Падна за 4 проценти бидејќи се намали и вредноста на акциите и на другите компании од индексот.

Комерцијална банка се откажа од продажба

Вечер Прес - 07.11.2006

Како резултат на оваа одлука на менаџментот, акциите на Банката вчера на берзата паднаа за околу 10 проценти и се тргуваа во маргина од 6.304 до 6.500 денари за акција Менаџментот на Комерцијална банка вчера одлучи да не се продава Банката откако констатирал дека за нејзино купување не пристигнала ...

Комерцијална банка нема да се продава

А1 - 06.11.2006

Дебакл, пропадна продажбата на Комерцијална. Банката се откажува од влез на странски бренд. Во исто време оваа информација предизвика и потрес на берзата. Драматичен пад на вредноста на акциите на Комерцијална за околу 10%. Без образложение за ваквиот неочекуван пресврт, Комерцијална во денешното ...

Инвест банка се подготвува да се понуди на продажба

Утрински - 06.11.2006

Акционерите на Инвест банка ја ангажирале лондонската фирма „Phalanx Capital“, која ќе ги советува менаџментот и акционерите за идните стратегиски одлуки. Во нејзината објава до берзата, банката објаснува дека на овој чекор се одлучила затоа што во блиска иднина очекуваат динамични промени во ...

„Комерцијална“ не се продава -акциите паднаа

Макфакс - 06.11.2006

Скопје Водечката македонска банка „Комерцијална банка АД“ нема да биде продадена во блиска иднина, бидејќи не пристигнала прифатлива понуда. Банката во денешното соопштение, ја известува јавноста дека во постапката на ограничен меѓународен тендер (01.11.2006 година) за продажба на сопствените акции ...