TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грција не дозволила влез и на Македонци со странски пасоши

А1 - 10.08.2003

Грчките гранични власти не им дозволиле влез не само на македонските граѓани во чии пасоши не биле сменети топонимите на нивните родни места од грчки на македонски, туку и на Македонците дојдени од прекуокеанските земји, изјави за А1 извршниот секретар на Третата средба на децата бегалци од Егејска ...

"Виножито" организира пречек, но средбата на децата-бегалци е неизвесна

Утрински - 09.08.2003

Од 10 август стартува слободниот влез за некогашните политички бегалци во Грција Димитар Чулев Над триста некогашни деца-бегалци, сега луѓе на возраст од над 60 години, извадија бесплатни визи во Грчката канцеларија во Скопје, и тие ќе бидат дел од онаа група која од 10 до 20 август, кога е ...

Протераните Македонци од утре ќе влегуваат во Грција

Дневник - 09.08.2003

ПО ОДЛУКАТА НА ГРЧКАТА ВЛАДА Некогашните политички бегалци од Егејскиот дел на Македонија од утре ќе можат да влегуваат во Република Грција по одлуката на грчката Влада да им дозволи влез во периодот од 10 август до 30 октомври во период од дваесет дена.

Грчкиот конзулат почна да издава визи за Егејците бегалци

А1 - 05.08.2003

Пред Грчкиот конзулат денеска се најдоа децата бегалци од Егејска Македонија, барајќи визи за престојната средба која треба да се одржи од 20 до 24 август во Лерин. И покрај најава за приоритет при поднесувањето на барањата, службата во конзуларното претставништво двочасовниот слободен влез од 11 ...

Егејците ќе добиваат грчка виза за еден ден

Дневник - 05.08.2003

ОЛЕСНЕТА ПРОЦЕДУРА Некогашните деца бегалци од Грција од денеска ќе добиваат грчка виза за еден ден ако во нивниот пасошот пишува дека се родени во Грција, а не во место одбележано со македонски топоним. Тоа е компромисот постигнат помеѓу македонската и грчката влада, рече на вчерашната прес ...

Децата-бегалци добиваат гратис-визи

Утрински - 05.08.2003

Грција од вчера демонстрира олеснет визен режим за некогашните деца-бегалци Димитар Чулев Грчката канцеларија за врски од вчера почна со издавање на најавените гратис-визи за некогашните деца-бегалци кои денес имаат над 60 години.

Грчки визи само за Егејците со нов пасош без име на родното место

Вест - 05.08.2003

ЗА ТРЕТАТА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ЛЕРИН Виза ќе можат да добијат само оние Македонци бегалци од Егејска Македонија кои успеаја да добијат нов пасош во кој нема да го пишува родното место ниту на македонски ниту на грчки, туку ќе стои само Грција.

Олеснета процедура за грчки визи за Македонците бегалци

А1 - 04.08.2003

Третата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија за првпат годинава ќе се одржи на територијата на Грција, и тоа од 20 до 24 август во Лерин. Наместо претходно најавениот слободен визен режим, Грчката канцеларија за врски само ја олесни процедурата за добивање на визи секој работен ...

За некогашните деца-бегалци од Егејска Македонија бесплатна виза

Утрински - 04.08.2003

Од денеска Грција ќе почне да ги остварува ветувањата за олеснет влез за македонските политички емигранти од Грција Димитар Чулев Грчките конзуларни власти од денеска ќе воведат олеснета процедура за издавање визи за некогашните деца-бегалци од Егејска Македонија.