За само девет дена две несреќи го погодија семејството Иванови од селото Сачево, кое заедно со селото Зубово се најпогодени од неодамнешните поплави во струмичко. Поројните дождови ги однесоа посевите од кои тоа живее, а громот што утрово удрил во нивната куќа предизвикал голема материјална штета.
Водата од струмичките полиња и по една недела од поплавите се уште не е повлечена. Под водата скапува родот на земјоделците. Штетите велат Струмичани се големи, а најтешко им е на оние кои од малите ниви вадеа за живот. „За моите 71 година не паметам да имало толку многу вода“, вели жител на Сачево.
Првичните информации со кои располагаат општинските комисии во поплавените подрачја, а во кои граѓаните во изминатите 8 дена ги пријавуваа штетите, покажуваат дека тие се поголеми од она што претпоставување во првите денови од поплавите.
Почнаа да се санираат штетите Претставници на Министерството за труд и социјала вчера излегле да ги посетат настраданите во Тетовскиот регион, при што на семејствата им биле поделени парични средства во висина од максимум 20.000 денари, зависно од процената на комисијата.
ВЛАДАТА СЕ ПОДГОТВУВА Владата се подготвува да се справи со опасноста од нови поплави во настраданите подрачја, по најавените обилни дождови, кои може да се очекуваат веќе од утре и во текот на следната недела. За да се избегнат тешки последици, владиното координативно тело деновиве презема низа ...
АРМ многу им помогна на регионите зафатени од катастрофалните поплави По катастрофалните поплави кои ги зафатија јужните краишта на државава и Армијата интервенираше и помагаше, колку што може, во санирањето на штетите и евакуација на населението, каде што тоа беше потребно.
Се плашиме од појава на заразни болести, водата е забранета за пиење, а во селото се чувствува непријатен мирис, ова се зборовите со кои не дочекаа жителите на селото Зубово најпогодено во поплавите од струмичкиот регион. Во селото се уште се влегува по заобиколен пат.
Малото градче Богданци се враќа во живот по катастрофалните поплави Во Богданци целосно е уништена инфраструктурата, однесени се цели улици со канализациската и водоводната мрежа, повеќе од 200 куќи се поплавени и се уништени околу 3.000 хектари обработлива површина Борис Георгиевски БОГДАНЦИ ...
Владиното Координативно тело за поплавите Обновувањето на патната инфраструктура во настраданите од поплава подрачја ќе чини 66 милиони денари. Ова е процена на Координативното и Оперативното тело составено од повеќе владини претставници кои секој ден ја проценуваат состојбата на теренот, со ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикува власта Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера побара Владата да ги обесштети поплавените од дивидендата од "Телеком", претходно да прогласи елементарна непогода. "Лично бев и посетив делови од Гевгелија, Валандово и неколку села од Струмичкиот регион", рече ...
ГРУЕВСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ВЛАДАТА Владата треба итно да прогласи елементарна непогода и да им помогне на настраданите во поплавите, но не со земање дневници од вработените, туку со скратување од непродуктивните трошоци на државните органи и институции.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата за скандалозно однесување во однос на неодамнешните поплави кои го зафатија југо-источниот дел од државата, посебно нејзината одлука да не прогласи елементарна непогода за да создаде услови полесно да им се помогне на граѓаните.
Само дел од нашите осигурителни компании ги осигуруваат посевите Законот за елементарни непогоди е донесен во 1977 година АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Ризикот од поплава како временска непогода постои во полисата на осигурување на некои осигурителни компании, но граѓаните, иако се запознаени со ваквото ...
Недомаќинско работење Никој не знае да каже каде завршиле парите Струмица - Во декември лани, кога по излевањето на браната на Маркова Река беа поплавени неколку села во Струмичкиот регион, Владата одобри 960 илјади евра за санирање и изградба на одводен систем, кој ќе ги прифаќа атмосферските води ...
Граѓаните на поплавените места во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот крај регистрирале штети во 1.500 домови и во околу 150 стопански објекти. Во Гевгелија 500 земјоделски производители пријавиле штети на нивните поседи, а во струмичко посевите од пченица, пченка, бостан, домат и пиперки и ...
ПРАВНИ ДИЛЕМИ ЗА СОЛИДАРНАТА ДНЕВНИЦА Владата допрва ќе усвои нов закон за да собере пари за поплавените, кој после треба да ја помине собраниската процедура и да биде потпишан од Претседателот на државата. Солидарните дневници се регулирани со закони од '78 година и не одговараат на сег Владата не ...
Во Гевгелиско се проценуваат штетите, а поплавите се проценуваат како катастрофални Земјоделците од Гевгелиско нагласуваат дека пролетва од овој крај не само што ќе нема домати, краставици и пиперки туку и грозје ГЕВГЕЛИЈА - Вчера во Богданци мораше да биде обезбедена локација за закопување на ...
Водите од поплавените површини во Струмичко се повлекуваат зад нив остана пустош Ако премиерот Хари Костов ги посетеше загрозените подрачја сигурно ќе прогласеше елементарна непогода, велат земјоделците СТРУМИЦА - Информацијата од Владата дека нема да прогласи елементарна непогода беше примена со ...
Во Струмица состојбата се стабилизира, евакуираното население од селото Добрешинци денеска се враќа во своите домови. 26-те семејства побарале итна парична помош. Околу 200 пакети со храна биле поделени во најзагрозените делови во Зубово и Сачево, а со вода за пиење се снабдуваа од цистерни.
Владата не прогласи елементарна непогода, но изнајде начин да им помогне на настраданите Од Буџетот на државата ќе бидат одвоени 70 милиони денари (околу 1,1 милион евра) како помош за санирање на штетите во поплавените подрачја, додека вработените ќе издвојат една солидарна дневница.
Коментар - Бранко Ѓорѓевски Како што обично бидува, прво ќе се шокираме од поплавите, од несреќата што ги снајде луѓето во Гевгелиско, Струмичко, Тетовско. Од уништените куќи, пропаднати летини, залудната мака од која годинава требаше да се проживее, од солзите на луѓето.
Валандовскиот крај се обидува да ги санира последиците од поплавите, стравувајќи од повторни дождови Штетата се проценува на околу 70 милиони денари од планираното производство наменето за извоз Даниела Трпчевска ВАЛАНДОВО - Големата вода од излеаната Анска Река однесе сў пред себе.
ВЛАДАТА НЕ ПРОГЛАСИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА Владата го овластила министерот за финансии Никола Поповски, согласно неговите законски ингеренции веднаш да донесе одлука за одвојување по една солидарна дневница, а за интервентно санирање на штетите Владата одвои 70 милиони денари од Буџетот за ...
По поплавите во струмичките села, се отстрануваат наносите СУЗАНА ТАСЕВА СТРУМИЦА - Поплавите во Струмичкиот регион предизвикаа огромна материјална штета и претставниците на ресорните министерства и локалната самоуправа сў уште работат на утврдување и процена на штетите.
ОПШТИНИТЕ ЌЕ ГИ ПРОЦЕНУВААТ ШТЕТИТЕ Додека водостопанските претпријатија апелираа да се плаќа водарина, каналите останаа неисчистени и полињата се претворија во езера Само за десетина дена требаше да почнеме со бербата на доматите, краставиците и на пиперките.
ОПШТИНА ГЕВЕГЛИЈА Жителите од Гевгелиско вчера и завчера ги пријавуваа штетите од поплавата што го зафати гевгелиско-валандовскиот крај во петокот ноќта. Од кабинетот на Петко Смилков, градоначалник на Гевгелија, велат дека општинската зграда постојано е полна со луѓе кои бараат отштета од државата ...
Поплавите во Гевгелиско направија огромни штети во стопанството и во земјоделството Сите локални и регионални патишта во Гевгелиско се проодни, градежната механизација забрзано работи на санирање на речните корита ГЕВГЕЛИЈА - Не знам како спасивме глава.
НЕ Е ЕДНА МАКА... Во поплавените подрачја во Струмичко, Гевгелиско и во Тетовско засега не е регистрирана појава на цревни заразни заболувања, тифус, дизентерија и други. Водата за пиење во критичните подрачја се хиперхлорира со резидуален хлор, а населението се снабдува со вода од цистерни, тврдат ...
ПОПЛАВИТЕ НАНЕСОА КАТАСТРОФАЛНИ ШТЕТИ Александра К. Мишовска Водената стихија разурна и оштети голем број куќи, уништи посеви на неколку илјади хектари, однесе мостови, затрупа патишта, а Владата го пребројува ќесето на министерот за финансии и ги премерува штетите за да помогне, без да прогласи ...
Владата нема да бара прогласување на елементарна непогода. Министрите констатирале дека нема потреба од донесување одлука за вонредни мерки иако се уште се сумираат штетите на теренот. „Состојбата е под контрола, одлично функционираат кризните штабови, локалната самоуправа на погодените подрачја и ...
Земјоделците од поплавените места се револтирани и многу разочарани по веста дека Владата нема да прогласи елементарна непогода. Тие ги обвинуваат надлежните дека во изминативе денови не биле ажурни во проценките на штетите. Се уште нема официјални податоци за направените штети, но земјоделците ...
Големите поплави и штети во Тетовско како и јужните краеви го наплатија данокот во жито и раноградинарски култури. И оваа непогода го покажа високиот ризик на земјоделското производство. „Иако сум регистриран индивидуален земјоделец не сум осигуран во поглед на штетата, ние немаме можност да ги ...
Селото Сопри кое се наоѓа на патот меѓу Валандово и Дојран е непристапно. Во прашање е животот на болни луѓе кои се на дијализа и кои заради непроодниот терен не можат да стасаат до градот. Тетовско, врнежи нема,се проценуваат штетите.
ВОДАТА ОСТАВИ ПУСТОШ ВО ГЕВГЕЛИСКО, СТРУМИЧКО И ТЕТОВСКО ПрвиЧна проценка е дека штетите се најголеми во Гевгелиско, каде водата однесе железничка пруга, патишта, мостови, посеви, пластеници Невремето кое викендов ја зфати Македонија предизвика излевање на реките и браните, оштетување на над ...
ПУСТОШ ВО СТРУМИЧКО И ВО ВАЛАНДОВСКО Во неколку поплавени села нуркачи ги извлекуваа изнемоштените лица од поплавените домови Силниот дожд што ги зафати Струмичкиот и Валандовскиот регион во петокот навечер, од 19 до 22 часот, направи огромни штети.
ПОРАДИ НЕКОЛКУДНЕВНИТЕ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ Александра К. Мишовска Поплавени куќи, уништени земјоделски посеви, отсечени патишта и пруги, прекини во електричната и во водоводната мрежа и глуви телефонски врски се последиците од поројните дождови кои ја зафатија Македонија.
Поројните дождови уништија се во неколку струмички села Во петнаесетина населени места се поплавени поголем дел од домовите, а најдраматично било во селото Мокрино, каде што од планината Беласица поројните дождови со себе носеле камења големи и до два метра, од кои две деца едвај успеале да се ...
Водата уриваше мостови, носеше автомобили и корнеше дрвја Големите поплави што во петокот навечер ги зафатија Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и селата во Тетовско предизвикаа вистински потоп и огромни материјални штети.
ПРВИЧНИ ПРОЦЕНИ Поплавени се куќи во селата и повеќе од 500 хектари ниви, а надојдената Пена во петокот му се закани и на Тетово Повеќе од 500 хектари плодно земјиште и куќи во петокот ноќта беа поплавени од излеаните води на реката Вардар, во Долнополошкиот регион.