TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мајкл Хауард се кае за поддршката на Блер за Ирак

А1 - 18.07.2004

Немаше да ја поддржам резолуцијата за војната во Ирак што во Парламентот ја предложи премиерот Тони Блер ако знаев дека податоците на разузнавачките служби на кои таа се потпираше, се несигурни, како што тоа го показа извештајот на лордот Батлер, изјави лидерот на опозиционата Конзервативна партија ...

Бранко се скри

Вест - 16.07.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ СЕ ПОЈАВИ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА КОМОРА Бранко со писмо се извини за недоаѓањето, но не се оправда, а во Американската комора објаснија дека им ветил оти следната прилика ќе биде гостин на Комората Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски беше најавен како главен ...

Децентрализацијата нема да предизвика политичка криза

Утрински - 16.07.2004

Оцена на американскиот амбасадор Лоренс Батлер Американскиот амбасадор во Македонија, Лоренс Батлер, вчера изјави дека САД дале одредена помош во политичкиот процес за постигнување компромис меѓу коалициските партнери околу новата територијална организација на Македонија.

Македонија успешно се справува со корупцијата

Утрински - 16.07.2004

Собрание на Американската комора во Македонија Американско-македонската комора во значителна мера придонесе за подобрување на бизнис-климата во Македонија. "Две и пол години сум тука и импресиониран сум од флексибилноста на луѓето со кои соработувам.

Извештајот на Батлер го толкува која како сака

Утрински - 16.07.2004

По извештајот за квалитетот на британското разузнавање пред војната во Ирак Според Блер извештајот покажа дека немало конспирација за Ирак, а за опозицијата тој е тежок удар за авторитетот на премиерот Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Извештајот на лордот Батлер за квалитетот на ...

САД донираа пет "тојоти" на МВР

Утрински - 16.07.2004

Американска помош за борба против трговијата со луѓе Пет автомобили "тојота авенсис", неколку принтери, фотокопири и камери, е донацијата што вчера Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и ја додели на Единицата за борба против трговијата со луѓе при Министерството за внатрешни ...

САД помогнаа за компромисот

Дневник - 16.07.2004

ЛОРЕНС БАТЛЕР Несогласувањата на коалициските партнери околу постигнувањето компромис не можел да предизвика политичка криза во земјава, изјави вчера американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Тој додаде дека САД дале одредена помош во политичкиот процес за постигнување компромис меѓу коалициските ...

Блер е чист, агентите го оплескале извештајот

Дневник - 16.07.2004

ИЗВЕШТАЈ ЗА СПОРНОТО ИРАЧКО ДОСИЕ Британскиот премиер Тони Блер се извлече со високо крената глава по објавувањето на долго очекуваниот извештај на лордот Батлер за грешките на Лондон при дефинирањето на заканата од Садам Хусеин пред војната во Ирак, јави Ројтерс.

Батлер: „Децентрализацијата не може да ја втурне Македонија во криза“

А1 - 15.07.2004

Американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер, денеска изјави дека САД дале одредена помош во политичкиот процес за постигнување компромис меѓу коалиционите партнери околу новата територијална организација на Македонија.

Министерот Аврамовски контраверзен во своите ставови

А1 - 15.07.2004

Со Тојоти, камери и велосипеди ФБИ ќе и помага на македонската полиција да се справи со трговијата со луѓе. „ФБИ вети дека колите се чисти“, рече Батлер. Министерот Сиљан Аврамовски, се увери дека Тојотите се чисти, а и двајцата се надеваат оти денешната донација ќе го сузбие организираниот ...

Тајмс: „Блер треба да им се извини на Британците“

А1 - 15.07.2004

Тони Блер треба да им се извини на британците затоа што ја доведе во заблуда домашната јавност во врска со ирачката војна, пишува лондонски „Тајмс“. Без разлика што британскиот премиер не лажел, а тој и неговиот кабинет не направиле смислено преправање на разузнавачките податоци за воената моќ на ...

Американска донација за МВР

А1 - 15.07.2004

Пет автомобили „тојота авенсис“, неколку принтери, фотокопири и камери, е донацијата што денеска Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и ја додели на Единицата за борба против трговијата со луѓе при Министерството за внатрешни работи.

Британскиот извештај за оружјето на Садам со грешки, но Блер не лажел

Вест - 15.07.2004

ЛОНДОН, 15 јули, (Ројтерс) - Британското предвоено разузнавање за оружјето на Ирак имало сериозни недостатоци, меѓутоа премиерот Тони Блер не е лично одговорен за тоа, беше заклучено во вчерашната истрага. "Никој не е виновен за тоа.

Блер не е виновен за Ирак

Време - 15.07.2004

Британскиот премиер Тони Блер не е виновен за грешките на британските тајни служби во врска со ирачкото оружје за масовно уништување - оцени комисија задолжена да го испита однесувањето на Владата во Лондон пред Ирачката војна.

Батлер ја ослободи владата од одговорноста за војната

Утрински - 15.07.2004

Објавен извештајот за британското разузнавање за Ирак МИ-6 не ги проверувала доволно своите извори за воената моќ на ирачката армија, особено за оружјето за масовно уништување ЛОНДОН - Извештајот на лордот Батлер за квалитетот на британското разузнавање пред почетокот на ирачката војна кој беше ...

Блер презема одговорност за грешките при оценувањето на ирачката закана

А1 - 14.07.2004

Британскиот премиер Тони Блер ја презема целата одговорност за сите грешки кои можеле да бидат извршени при оценувањето на ирачката закана. Во говорот пред Коморота на општините веднаш по објавуањето на извештајот на лорд Батлер, Блер изјави дека во потполност ги прифаќа заклучоците на извештајот.

Лорд Батлер ќе го објави извештајoт за работата на британските тајни служби

А1 - 14.07.2004

Лорд Батлер денеска официјално ќе го објави својот извештај за работата на британските разузнавачки служби пред почетокот на војната во Ирак за кој се смета дека ќе отвори „непријатни“ прашања за британскиот премиер Тони Блер.