TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Помилувани уште 22 поранешни членови на ОНА

А1 - 07.12.2001

Претседателот Борис Трајковски донесе одлука да помилува уште 22 припадници на таканаречената ОНА, кои се лишени од слобода пред 26-ти септември годинава. Шефот на државата пред два дена помилува 11-мина, со што бројот на помилуваните засега е 33-ца.

На списокот за амнестирање подметнати и криминалци од 1999

Вест - 07.12.2001

НОВА ДИЛЕМА ВО ПОМИЛУВАЊЕТО - КОГА ПОЧНАЛА ДА ДЕЈСТВУВА ОНА Кабинетот на Трајковски, како репер на военото дејствување на ОНА во Македонија го зема крајот на јануари 2001 година и настанот во Танушевци што се смета за почеток на воената криза, а министерот за правда Иџе На предлог-списокот со 88 ...

Втората група амнестирани на чекање

А1 - 06.12.2001

По првите вчера помилувани 11 припадници на ОНА, претседателот Трајковски утре ќе ја помилува втората група од списокот од предложените 88 од министерството за правда. Комисијата за помилување на претседателот заврши со анализата на предлогот.

Помилувани првите 11 терористи

Вест - 06.12.2001

ТРАЈКОВСКИ ПОЧНА СО ПОТПИШУВАЊЕТО ОСЛОБОДИТЕЛНИ ОДЛУКИ ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОНА Претседателот ги парафирал само предлозите кои за Комисијата за помилување не биле спорни, а кои се однесувале на сторители на кривични дела со помала тежина Претседателот Борис Трајковски вчера ги потпишал првите одлуки ...

Помилувани 11 припадници на ОНА

Дневник - 06.12.2001

СО ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Во првата група на помилувани се помлади лица, кои дејствувале главно како логистичка поддршка на терористите Претседателот Борис Трајковски вчера потпиша одлуки за помилување на единаесет припадници на албанската терористичка организација ОНА, кои биле уапсени ...

Помилувани 11 поранешни членови на ОНА

А1 - 05.12.2001

Претседател Борис Трајковски донесе одлука за помилување на 11 поединци, членови на таканаречената ОНА, кои беа лишени од слобода до 26 септември. Овие 11-мина се првата група помилувана од Претседателот, а се дел од списокот од 88 предложени за помилување од страна на Министерството за правда.

Првите терористи, Трајковски ќе ги помилува денеска

Вест - 05.12.2001

КОМИСИЈАТА ЗА АМНЕСТИРАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОНА ЈА ПРИВРШУВА РАБОТАТА Во кабинетот на Трајковски најавуваат дека денеска тој ќе стави параф за помилување на првите случаи на обвинети или осудени терористи, од 88-темина предложени, но и дека нема обврска сите нив да ги амнестира Денеска ...

Трајковски денеска ќе помилува и ќе замине во Париз

Дневник - 05.12.2001

АМНЕСТИЈА Претседателот Борис Трајковски денеска ќе ги потпише првите одлуки за помилување на десетина од 88-те поранешни припадници на ОНА, кои се во затвор или во притвор, дознаваме од високи владини извори. Комисијата за помилување во кабинетот на претседателот, која до вчера попладне разгледала ...

Амнестија со вкус на уцена

Дневник - 05.12.2001

Коментар - Катерина Блажевска Претставниците на меѓународната заедница во Македонија мора да бидат малку потрпеливи. Знаеме дека добиле важен мандат да извадат од кал една земја таму некаде во Западниот Балкан, дека едвај чекаат да ја завршат работата и да се вратат дома на Крисмас, дека не се ...

Првите 10-тина припадници на ОНА ќе бидат амнестирани утре

А1 - 04.12.2001

Претседателот Борис Трајковски најверојатно утре ќе ги потпише првите одлуки за помилување на 10-тина поранешни припадници на ОНА, а паралелно со ова е запрена и судската истрага против Али Ахмети и против 10-темина други лидери на ОНА, тврдат за А1 владини и судски извори.

Трајковски денеска ќе помилува дваесет терористи?

Дневник - 04.12.2001

ПОД УЦЕНА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Европскиот претставник Ле Роа откри дека на Трајковски ќе му бидат "промовирани" имиња на терористи што мора да ги ослободи, како услов за враќање на полицијата во кризните региони Претседателот Борис Трајковски би можел уште денеска да помилува дваесетина ...