Пожарите низ Македонија стивнуваат, сепак, се уште се активни десетина пожари. Центарот за управување со кризи, информира дека во тек е и инсталирањето на камери по шумите, со што, ќе се олесни идентификувањето на подметнувачите на пожари.
Огнената стихија низ Македонија полека стивнува, иако во планинските региони се уште горат и активни се околу 10 пожари. Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека во реонот на Солунска Глава и Белица беснее пожар.
Беснее пожарот во хрватскиот национален парк „Пакленица“, во гаснењето на огнената стихија учествуваат два противпожарни авиони и 200 пожарникари. Властите се немоќни, поради непристапноста на теренот и велат дека ова е еден од најголемите пожари во сезонава.
Огнената стихија во македонските шуми полека стивнува, но и денеска има активни пожари. Огнот во ловиштето Јасен активен е и денеска. Гори шумата на територија од три километри кај Солунска Глава и Белица. Огнената стихија во македонските шуми полека стивнува, но и денеска има активни пожари.
Помошта што ја побара претседателот од Србија требала да биде координирана со Центарот за кризи, смета Владата Голем дел од пожарите кои беснееја изминативе денови се ставени под контрола и, според Центарот за управување со кризи, ситуацијата полека се стабилизира и се прават напори целосно да се ...
Од вчера во гасењето на пожарите се вклучени и два противпожарни хеликоптери на Германската армија, соопшти вчера Германската амбасада во Скопје. Хеликоптерите помагаат околу Велес, а оперираат од базата на германскиот Бундесвер во Косово.
Над 5.000 хектари шума изгореа за еден месец во пожарите во Македонија. Од Центарот за управување со кризи велат дека оваа бројка е само првична информација за уништените површини од огнот кој предизвика штета од најмалку 40 илјади евра.
ОГНЕНАТА СТИХИЈА ПОПУШТА Противпожарните бригади и војската на АРМ успеале да стават под контрола и да локализираат поголем дел од пожарите што веќе осум дена беснеат низ земјава, соопштија вчера од Центарот за управување кризи и додадоа дека не е исклучена можноста за нивно повторно проширување.
Природната катастрофа не ја обедини политичката елита, туку послужи како повод за нова рунда препукувања СОЊА КРАМАРСКА По којзнае кој пат јавноста е сведок на политички препукувања меѓу главните актери во државата кои меѓусебната комуникација повторно ја сведоа на најниското можно ниво.
ВО АНАЛИЗА НА „ФОКУС“ ОД МАЈ Мирка Велиновска, новинарка во неделникот „Фокус“, во анализа за политичката состојба објавена пред три месеци предупреди дека СДСМ подготвувала диверзии и подметнување пожари за да го симне рејтингот на власта.
Шест хеликоптери и два авиони откако пристигнаа завчера на аеродромот во Петровец, од вчера се вклучени во гаснењето на огновите во државава. Два се на АРМ, по два се на армијиите на Германија и Турција, по еден од Словенија и Хрватска.
Најголем дел од пожарите во Македонија се под контрола, но денеска се регистрирани нови пожари што се прошируваат од Албанија и Грција. Во скопскиот регион под контрола се пожарите на потегот Горна Матка - национален парк „Јасен“, кон селото Раовиќ и кај Света Петка.
Синоќа и повторно попладнево, Центарот за координација на НАТО за справување со елементарни непогоди расправал за состојбата со пожарите во Македонија. „И покрај мобилизираните национални и меѓународни напори, ситуацијата во Македонија е критична“, е заклучокот од овој состанок во Брисел.
Пожарот на планината Сува Гора вчера се прошири кон Тетовско, во атарот на повисоките планински села Луковица, Седларево и Гргурница, Лешница и Стримница. Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека кон скопската страна, пожарот досега е проширен и кон Националниот парк „Јасен“, на повеќе ...
ОГНЕНАТА СТИХИЈА ДИВЕЕ СЕДМИ ДЕН Пожарите и понатаму не стивнуваат, а најпеколно во моментов е на Сува Гора, од каде што огнената стихија се проширува ко тетовските села Луковица, Седларево, Гргурница, Лешница и Стримница, информираат од Центарот за справување со кризи.
АТИНА, 27 јули (АП) - Низ Грција беснеат силни пожари надвор од контрола. Вчеравечер на југот од државата три луѓе загинаа, горат села и шуми и противпожарните служби работат со максимален капацитет. Затвотен АТИНА, 27 јули (АП) - Низ Грција беснеат силни пожари надвор од контрола.
Може ли некој да претпостави колку хектари шуми и кубици дрва изгореа додека пратениците четири часа се надмудруваа дали воопшто да расправаат за пожарите и кој прв да зборува - премиерот или опозицијата? Со сигурност се знае дека за тие четири часа изгореа околу 7.000 евра, колку што сите не' чини ...
Освен во кичевско и бродско, пожарите во другите делови од земјава почнаа да стивнуваат. Вкупно триесетина се се уште активни, но поголемиот број се ставени под контрола – велат од центарот за управување со кризи. Освен во кичевско и бродско, пожарите во другите делови од земјава почнаа да ...
Според проценките, досега изгореа околу 4.000 хектари шума, но тоа не е целосниот биланс СВЕТЛАНА УНКОВСКА АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Околу 15 милиони евра изнесува директната штета што ја предизвикаа пожарите при беснеењето низ земјава, велат неофицијални извори од Дирекцијата за заштита и спасување.
Додека Груевски бараше тој да ја образложи информацијата за пожарите, социјалдемократите удираа по масите, гласно реагираа од место и му довикуваа „што зборуваш бе“! Пратениците од СДСМ и премиерот не можеа до 15 часот да се договорат кој прв да зборува! ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Наместо пратенички ...
Жителите треба активно да се вклучат во гаснење на пожарите, повикуваат од Центарот за управување со кризи. - Огнената стихија мора да се совлада со заеднички сили и затоа населението треба масовно да се вклучи, особено што станува збор за шуми што се на нивна територија и кои се нивни „бели ...
СДСМ инсистираше да го има воведниот збор за пожарите, а премиерот бараше прво тој да информира за ситуацијата Пратениците вчера го потрошија работниот ден во кавги, паузи и договарања дали да поставуваат пратенички прашања или да расправаат за пожарите.
ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Климатските промени што се рефлектираат, пред се', преку глобалното затоплување се тема број еден во светот, но не и во Македонија. Овде тие се тема само кога ќе се случи изгор лето или топла зима. Ниту еден политички форум не се занимава со нив, ниту, пак, експертите го ...
Се вложија натчовечки напори за да се изгаснат подметнатите пожари, кои го демнеа Националниот парк, кој од вчера го чуваат специјално обучени лица и доброволци Непознати потпалувачи се обиделе да подметнат пожар во подножјето на најстариот национален парк во државата, „Пелистер“, но, за среќа, ...
Американската амбасада во Скопје за да и помогне на Македонија во справувањето со пожарите и последиците од нив ќе обезбеди лубриканти, масла неопходни за противпожарните авиони и хеликоптери што се вклучени во гасењето на пожарите.
СОБРАНИЕ Состојбата со пожарите беше единствена тема на вчерашната собраниска седница. СДСМ побара наместо пратенички прашања што пратениците вообичаено ги поставуваат секој последе четврток во месецот, Владата да даде информација што презема во врска со пожарите.
Власта и опозицијата вчера три часа се натегаа во Собранието кој прв да говори за состојбата со пожарите, откако на барање на СДСМ наместо пратенички прашања, се свика итна седница за кризата со огнената стихија. Премиерот Груевски бараше да информира што се владата презема за справување со ...
Пожари од големи размери се уште се активни низ цела Македонија. Досега е зафатена вкупна површина од над 3.000 хектари, пред се шума. На Противпожарните единици, војската и локалното население, во гаснењето на пожарите им помагаат авиони и хеликоптери од Турција, Словенија и Хрватска.
Државата гори, а пратениците од власта и опозицијата не можеа да се договорат кој прв ќе говори на собраниската говорница. Премиерот победи, прв реферираше што се случува во државата и како владата се справува со огнената криза.
Иако на неколку локации во скопско се уште горат шумски пожари, повеќето се ставени под контрола. Не е изгаснат огнот што ја зафати мешаната шума на Скопска Црна Гора кај Раштак. Активен е и пожарот кај селото Љуботен, кој во текот на денот се префрли погоре, кај бачилата.
Револтирани роднините на тројцата притворени за пожарот во Катланово, тврдат дека Бобан Ѓорѓиев, Ѓоко Тодоровски и Асим Меаки се жртвени јагниња на борбата против пожарите во Македонија. Роднините велат, дека тројцата комуналци не можеле да истураат ѓубре и да го запалат на 19 јули во четврток, ...
Неколку хеликоптери попладнево го гасеа шумскиот пожар над селото Челопек. Теренот каде гори високостеблеста шума, е тешко достапен за возила или за жителите од околните населени места. Во текот на ноќта најкритично било кај селото Мерово, во месноста Еребино и на целата Стримница и Долна Лешница.
Работниците оставиле запален смет во дива депонија, а потоа си заминале Тројца работници од Јавното комунално претпријатие на Општина Петровец, се уапсени поради тоа што од невнимание го предизвикале пожарот кај скопско Катланово, кој пустоши цели четири дена.
Дневницата била пресудна, луѓето да се јават во противпожарната единица за доброволно гаснење на пожарите во штипско. Според информациите од оваа единица, првиот повик за доброволно вклучување во гаснењето на пожарите пропаднал оти не се пријавил никој.
По барање на опозицијата, Собранието наместо пратенички прашања, расправаше за пожарите – 45 пожариште активни денеска – реферираше премиерот кој тврдеше дека владата направила се за да го спречи ширењето на пожарите и да ги намали штетите –опозицијата го прозва за Битола и пожарот таму што однесе ...
ПЕКОЛОТ НЕ СТИВНУВА Стихијните пожари што пред шест дена ја зафатија Македонија и кои веќе одзедоа еде човечки живот не стивнуваат опасно заканувајќи се ко населените места. Пламени јазици високи и по неколку десетина метри што беснеат на планината Козјак, завчера попладне се доближија до скопското ...
Затворската казна не може да биде помала од три години ако ист сторител подметнал два или повеќе пожари, а за шумски пожар од небрежност казната е парична или до три години затвор Тројца ѓубреџии, вработени во комуналното претпријатие на скопската општина Петровец, ја потпалиле дивата депонија и го ...
Непристапниот планински терен над селото Раштак на Скопска Црна Гора им ја отежнува работата на противпожарните екипи и ги оневозможува да стигнат до огнената стихија, која беснее веќе трет ден. Најголемиот товар за гаснењето го презеде населението од околните села, кое со лопати и со друг алат ...
Двајца тетовски шумари се онесвестиле поради задушување од чадот Двајца шумари од шумското стопанство „Лешница“ од Тетово за малку ќе настрадале додека го гаснеле пожарот кај селото Мерово. Билал Шерифи и Абди Бајрами се онесвестиле поради задушување од чадот, а нив ги спасиле другите учесници во ...
Полицијата нема докази против тројцата приведени за кои тврди дека го подметнале пожарот во скопско Катланово, вели адвокатот на обвинетите на кои вчера по четиричасовно сведочење им беше одреден 30 дневен притвор од истражниот судија Марјан Колишевски.
Бобан Ѓеорѓиев (30), Асим Неаќи (34) и Ѓоко Тодоровски (34) сите од катланово вработени во комуналното претпријатие во општината Петорвец завчера попладнето се уапсени под сомение дека го предизвикале пожарот кај Катланово во кој изгореа над 250 хектари шума.
ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ ОПРЕМА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ Македонија, освен авион, ќе купи и пет специјални противпожарни возила со што ќе се зајакнат единиците за противпожарна заштита со дополнителна опрема и луѓе Македонија итно ќе купи авион канадер и пет специјални противпожарни возила, одлучи Владата на ...
Бобан Георѓиев (30, Асим Меаќи (34) и Ѓоко Тодоровски (34), сите од село Катланово, се обвинети дека на 19-ти месецов ненамерно го предизвикале пожарот кој уништи околу 250 хектари шума. Тројца ѓубреџии од скопски Комуналец, се првите приведени пиромани кои ќе трбаат да одговараат за предизвикување ...
Никако да стивнат неколкуте пожари во општина Желино, најкритично е во Стримница, каде пожарот има направено обрач околу селото. Жителите цела ноќ го гаселе огнот, но тој се уште не е локализиран. „Организираме луѓе да ги однесеме горе, за да можеме да го локализираме некако тој пожар“, изјави ...
Пресметката на А1, според официјалните податоци на Кризниот штаб, покажува дека штетата од досега изгорената шума изнесува дури 30 милиони евра. Од 18 јули досега изгореле 5.000 хектари шума. Пресметката вели, дека еден хектар даб или бука дава просечно 100 до 200 кубика дрва.
Македонија гори, во моментов најголем е пожарот во беровско. Пожарот од Катланово, пак, се префрли кон Свети Николе. Пелагонија и натаму е распламтена. Прегледот на мапата на земјава покажува дека речиси нема парче од земјава кое не е зафатено од огнената стихија.
Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Ноќеска беше локализиран, но денеска одново пламна, зафатена е огромна површина, во гасењето се вклучија 30 војници на АРМ. Од другата страна на Скопје беснеат неколку пожари, најопасно е во националниот парк „Јасен“.
Големиот пожар во катлановско го предизвикале тројца вработени во Комуналното претпријатие во општина Петровец, соопштија денеска од МВР. Полицијата синоќа ги уапси тројцата Бобан Ѓорѓиев, Ѓоко Тодоровски и Асим Меаки. Ги товари дека со камион однеле смет на дивата депонија Дренки кај Катланово и ...
Шумските пожари кои веќе една седмица беснеат во Србија досега уништија над 2.500 хектари шумски и земјоделски површини, пренесува МИА. Српските медиуми јавија дека во земјата денеска се активни околу 50 пожари, но според противпожарните служби „повеќе не постои опасност за натамошно ширење на ...
Големи пожари и денеска беснеат во прилепско, Демир Хисар и крушевско. Во пожарот кај селото Бучин и Демир Хисар, кој беснее веќе девет дена изгореа над 600 хектари шума. Дел од него денес е изгаснат, но се уште гори од страната кај Демир Хисар.
300 хектари шума и земјиште со сува трева денес гореа кај Струга. Втор ден пожар беснее пожар во шумата на само два километра од граничниот премин Ќафасан кон Албанија, веднаш над туристичкото езерско село Радожда. Пожари откај граничниот премин Ќафасан, во попладневните часови се прошири до самиот ...
Околу 17 часот ставени се под контрола пожарите кај битолските села Свето Тодори, Ивањевци, Подино и Трновци. Силниот оган стигна до куќите, но месното население го изгасна, состојбата во опожарената шума е стабилна. Во огнената стихија најзагрозен беше манастирот Св.
Владата нема да определи посебни средства во ребалансот на Буџетот за справување со пожарите и штетите од нив, но министерот за финансии Трајко Славески вели дека секогаш има средства за вонредни настани. Владата имаше вонредна седница за состојбата со пожарите минатиот петок.
ЦРВЕНКОВСКИ НА ОПОЖАРЕНИТЕ МЕСТА Средба со кризниот штаб вчера оствари и претседателот Бранко Црвенковски, а потоа ги посети опожарените места и се сретна со жителите на село Крклино. - Дојдов на самото место да се уверам за состојбата со пожарот во Битола.
Пожарот од Црн Врв кај Катлановска Брезница, кој во текот на ноќта помина кон село Градманци, м.в. Осој се уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Скопје, 25 јули (МИА) - Пожарот од Црн Врв кај Катлановска Брезница, кој во текот на ноќта помина кон село Градманци, м.в.
Во рамките на меѓународната поддршка ќе бараме помош во авиони од сојузничките земји-членки на НАТО *Овој месец се евидентирани повеќе од 130 пожари. Сметате ли дека се подметнати, дека намерно ги палат шумите? - Има многу индиции за тоа, има и сведоци, кои тврдат дека виделе како ги потпалуваат ...
ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА Огнената стихија се уште беснее во Македонија. Активни се околу дваесет пожари, а секојдневно се пријавуваат и нови жаришта. Покрај противпожарните екипи и единиците на АРМ, во справувањето со огнот се вклучува и месното население и доброволци кои сакаат да им ...
Битолчани имаа една од најдраматичните ноќи. Пожарот што избувна завчера попладнето беше на портите на Битола ГОРАН АДАМОВСКИ БИТОЛА - „Оганот живи ќе не' изедеше. Пострашно нешто во живот не сум видел. Од почетокот се обидувавме да гаснеме, ама потоа собравме прво што ни падна при рака и избегавме ...
МАКЕДОНИЈА НЕМА ОПРЕМА ЗА КРИЗНИ СИТУАЦИИ Армијата формално-правно не можела да се ангажира во гасењето на пожарите, бидејќи законски таа вежбала за одбранбени задачи, а не и за справување со пожари. Неофицијално дознаваме дека министерот за одбрана Лазар Еленовски на владината седница ед Армијата ...
Тројца работници од јавното комунално претпријатие од Петровец, се приведени под сомневање дека го предизвикале пожарот во катлановско во кој изгореа повеќе од 250 хектари нискостеблеста дабова шума. Тројца работници од јавното комунално претпријатие од Петровец, се приведени под сомневање дека го ...
СКРОТЕН ПОЖАРОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА Прва жртва на огнената стихија што два дена беснее над Битола е педесет и едногодишниот Ице Ѓоргиевски. Тој штом слушнал за пожарот, завчера вечер се упатил во својата викендичка близу селото Раштани, иако бил со нарушено здравје.
ПРИСТИГНУВА СТРАНСКА ПОМОШ Хрватскиот противпожаре авио канадер со еде пилот и копилот и тројца обучени пожарникари вчера пристигна во земјава на повикот за помош што го упати премиерот Никола Груевски до сите земји од Европската Унија, НАТО, како и земјите од соседството за гаснење на пожарите во ...
Топлотниот бран со температури повисоки од 40 Целзиусови степени и стотици шумски пожари го пустошат Балканот. Во Романија веќе починаа 30 луѓе од силните горештини што траат цела недела. Жртвите претежно се постари луѓе, кои оделе по улица на горештините без да преземат мерки на претпазливост.
Поради алармантната состојба, Македонија вчера побара помош и од Австрија, Грција и Турција. Авионите се недоволни во справувањето со огнот СВЕТЛАНА УНКОВСКА Катланово - Справувањето со пожарите што ја зафатија цела Македонија се одвива многу тешко.
Во Гостиварско од вкупно седум пожари два се уште се активни. Повеќето пожари се ставени под контрола и засега нема опасност по околните населени места. Гостивар, 25 јули (МИА) - Во Гостиварско од вкупно седум пожари два се уште се активни.
Во вечерните часови, кога пожарот не можеше да биде локализиран, а ја однесе и првата жртва - Ицо Ѓоргиевски (51) кој беше задушен од чадот, гаснејќи ја својата викендичка кај с. Раштани. Настрадаа поголем број импровизирани куќи во ромската населба Баир.
Со огнени стихии кои од ден на ден се повеќе дивеат, покрај Македонија се борат и Србија, Грција, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Бугарија... На територијата на Србија во моментов горат над сто пожари, од кои поголемиот дел се ставени под контрола, објавија вчера српските медими.
Пеплосани дрвја од битолските шуми се нем доказ од синоќешната драма која се одвиваше околу Битола. Силниот оган со густ чад дојде пред прагот на конзулскиот град. Почна да ги зафаќа дворовите на куќите на битолската периферија.
Неколку големи пожари беснеат во прилепско, попладнево повторно се активира кај селата Царевиќ и Смолани, во близина на преминот Плетвар, кој утринава беше ставен под контрола. Таму се зафатени над 300 хектари дабова шума. Попладнево нов пожар изби и кај селото Костенци во општина Долнени, каде од ...
Има нови пожари во битолско и како што оценуваат стручњаците, кога станува збор за гасење на огнената стихија, работите често можат да излезат од контрола и да се случат непредвидливи работи. На неколку километри од акумулацијата на езерото Суводол, близу РЕК Битола веќе се појавува пожар по патот ...
Во гасењето на пожарите во Битола, од воздух се вклучи и меѓународна помош. На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пред околу три часа, од Задар слета специјален авион на хрватското Воено воздухопловство од типот „Канадер ЦЛ-415“ со десет члена екипа.
Повеќе од 400 хектари дабова и букова шума трет ден горат под планинскиот премин Плетвар. Овој и пожарите во атарите на слета Кошино и Дебреште се под контрола, но не е исклучена можноста преку преминот Барбарас брзо да се прошири кон Македонски Брод.
Пожарите во Братин Дол, село Сенгово и Велушина што избија во 13 часот и 30 минути од влезот на Братин Дол над патот Битола – Охрид и во село Снегово се обединија и се шират од северната страна на градот, од влезот на градот од страната на Ресен и Братин Дол по ридот над патот Прилеп – Охрид до ...
Пожарот во Битола ја однесе првата жртва. Едно лице почина најверојатно поради од труење со гасови. Од итната медицинска помош потврдуваат дека телото било донесено во безживотна состојба, а смртта настапила во викендичка во дел зафатен од пожарот во месноста Раштани.
ГОРИ ПОЛОВИНА МАКЕДОНИЈА Пожарите што од четвртокот го зафатија Катлановско се гаснат со застарена и несоодветна опрема, стари пожарникарски возила, а во моментот изостанува и воздушната поддршка. Во акцијата се вклучени и три цистерни, кои датираат од 1967 година, ни изјавија припадници на ...
Десетина пожари што беснеат деновиве во Македонија се ставени под контрола. Пожарот во Катланово бил локализиран, иако се доближил кон репетиторот „Црн Врв“ и нема опасност по населените места. На терен се наоѓаат 14 возила со 70 пожарникари и 100 војници на АРМ.
Горат 200 хектари борова шума во Братиндолската корија, каде што има неексплодирани мини. Коријата е оддалечена еден и пол километар од Битола . Пожарот избувна вчера околу 14 часот, а пожарникарите и локалните жители не може да дојдат до местото бидејќи огнот зафатил површина на која најверојатно ...
Во три часот по полноќ ќе започне голема акција за гаснење на пожарот во Битола и околината, соопшти Општинскиот кризен штаб. Битола, 23 јули (МИА) - Во три часот по полноќ ќе започне голема акција за гаснење на пожарот во Битола и околината, соопшти Општинскиот кризен штаб.
Утрово во големата акција за гаснење на пожарот во Битола и битолско се вклучја два македонски хеликоптера. Битола, 24 јули (МИА) - Утрово во големата акција за гаснење на пожарот во Битола и битолско се вклучја два македонски хеликоптера.
Само вчера беа регистрирани околу дваесетина поголеми пожари. Апели до граѓаните да помогнат во нивното гасење СВЕТЛАНА УНКОВСКА Се' повеќе пожари се шират и пустошат низ Македонија. Најкритично е во скопско Катланово, каде што огнената стихија веќе неколку дена уништува стотици хектари дабова шума.
Премиерот Никола Груевски вечерва по пристигнувањето во Битола изјави дека се ангажираат сите капацитети во државата, а е побарана и помош од странство за гасење на пожарите што ја зафатија Македонија. Битола, 24 јули (МИА) - Премиерот Никола Груевски вечерва по пристигнувањето во Битола изјави ...
НИЕДЕН ПРИТВОРЕН ЗА ПОЖАРИТЕ Засега нема уапсено ни осомничено ниту еден подметнувач од 20-те пожари, што избувнаа последнава недела. МВР се уште трага по двајцата избегани, кои во четвртокот кај Рашче биле видени како полеваат со кантички со бензин.
Албанија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Бугарија и Хрватска се борат со стотици пожари на своите територии. Албанија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Бугарија и Хрватска се борат со стотици пожари на своите територии.
ЕКСТРЕМНО ВРЕМЕ Сувото време и горештините на Балканот продолжуваат да предизвикуваат силни пожари. Во Албанија села околу главниот град Тирана морале да бидат евакуирани поради стихиите. Пожарите зафатиле маслинови насади, кои бргу пламнале поради сувото време.
Неколку пожари од големи размери во Македонија вчера целосно или делумно се локализирани и ставени под контрола, а вонредните мерки за заштита остануваат во сила, со што се уште е забрането движењето низ шумите, за што се предвидени ригорозни казни Неколку пожари од големи размери во Македонија ...
Пожарот над Катлановско продолжува да се шири. 14 противпожарни возила, 70 пожарникари, 100 припадници на АРМ и три авиони, се немоќни против огнената стихија. Без престан се борат да спречат да стигне до куќите. Пламените јазици поради врелата земја, топлото време и ветрот лесно и брзо зафаќаат ...
Нов пожар беснее во прилепско. Над 100 хектари нискостеблеста дабова шума изгоре во пожарот кој од синоќа гори кај селата Царевич, Тројаци и Дрен. Денес е под контрола, но поради непристапниот терен и силниот ветер се уште постои опасност од негово разгорување.
Неколку семејства во викендичките над битолското село Братин Дол, веднаш до магистралниот пат Битола-Охрид беа заробени во огнената стихија, што избувна околу 14 часот и 30 минути. Во оваа човечка драма, покрај пожарникарни возила, за нивно спасување дојдоа и нивните роднини да им помогнат.
ПРИЛЕПСКО Големите шумски пожари во прилепскиот регио кај селата Дебреште и Царевиќ се под контрола, соопштуваат од прилепската дирекција за управување со кризи. На теренот се екипи од ЈП „Македонски шуми“, кои набљудуваат и можат брзо да интервенираат доколку се јави потреба.
ОГНЕНАТА СТИХИЈА ГИ ГОЛТА ШУМИТЕ Македонија гори, а противпожарни екипи и воени единици на АРМ деноноќно се борат со огнената стихија, која безмилосно напаѓа од сите места. Пожарите буквално избувнуваат во сите краишта од земјава, а засега најопасно е во Катланово и во ловиштето Јасен, каде што на ...
Помошта однадвор е дискутабилна бидејќи и од нас соседните земји бараат помош, Албанија веќе прогласи кризи, во Бугарија е критично, Грција се справува со тешки пожари изјави- вчера премиерот Груевски Со пожарите ќе мора да се справуваме сами, соопшти премиерот Никола Груевски, зашто помош од ...
МАКЕДОНИЈА ГОРИ Пожарите кај Катланово, Еребино, Тетово, Крушево и кај националниот парк Јасен вчера до затворањето на весникот се уште гореа. Според Центарот за управување со кризи, вчера попладнето избувнал нов пожар и меѓу тетовските села Желино и Долна Лешница.
ВО СТРУМИЧКО Големи пожари завчеравечер ја зафатија струмичката општина на правецот ко Скопје, кај населеното место Сушево и ко Валандово, кај Костурино. Пожарот кај Сушево, кој е поголем, гореше цела ноќ, а во текот на вчерашниот де противпожарните екипи иако со големи напори се обидуваа да го ...
Забрането е движење низ шумите, пироманите ќе се соочат со ригорозни казни ГОРАН АДАМОВСКИ Жителите на скопска Брезница се евакуираат од своите домови, иако противпожарните единици ноќта спроти неделата успеаја да го локализираат силниот пожар што се закануваше дека ќе предизвика огромна трагедија.
Руското Министерство за вонредни ситуации саботата попладнето испрати за Бугарија противпожарен авион Ил-76 за гаснење на шумски пожари, кои веќе неколку дена беснеат во земјата. Авинот кој полета кон Пловдив и може да носи 42 тони вода ќе се вклучи во гаснењето на шумските пожари во околината на ...
Првиот човек на противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски, изјави дека луѓето се предизвикувачи на сите овие пожари, бидејќи нема невреме со атмосферски празнења. МВР откри две лица кај Радуша, кои сонеколку канти бензин ја потпалија шумата! Веке повеќе од два месеца пожари пепелосаа ...