TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стружани не дозволуваат роднина на Ахмети да гради кафеани на црковни темели

Утрински - 19.11.2008

Атмосферата смирена по ветувањето на Мерко дека постаментот не се урива. Симон Илиевски. СТРУГА – „Не дозволуваме на темели од урнатата црква „Пресвета Богородица“ што се наоѓала на просторот меѓу кафе-барот „Адмирал“ и градската плажа роднини на Али Ахмети да градат кафеани“.

Стружани со протест ја одбранија Пресвета Богородица

Дневник - 19.11.2008

Стружани со протест ја одбранија Пресвета Богородица. Граѓани на Струга со жив штит вчера ја спречија комуналната служба да ја отстрани иконата на Пресвета Богородица од локалитетот пред женска плажа. Иконата со свечена богослужба беше поставена пред два дена на местото каде што порано имало храм на светителката.

Иконата на Богородица останува во центарот на Струга

А1 - 18.11.2008

Треба да се намалат тензиите, да се одлучува со ладна глава и да преовладее свеста, за случајот да се реши во полза на сите граѓани на Струга, смирува денеска струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, по вчерашниот протест на граѓаните Македонци, кои изминатата ноќ со стража ја бранеа од уривање иконата на Пресвета Богородица.

Рамиз Мерко: Иконата останува до завршувањето на процесот на денационализација

Канал5 - 18.11.2008

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска се сретна со група граѓани кои вчера протестираа за да го спречат уривањето на постаментот со иконата на пресвета Богородица. Градоначалникот им вети на жителите на Струга дека иконата поставена на темелите на старата црква нема да се отстрани се додека не заврши процесот на денационализација.

Стружани со жив штит ќе бранат икона од уривање

А1 - 17.11.2008

Неколку стотини граѓани на Струга, Македонци, попладнево се собраа во строгиот центар на градот на празното земјиште меѓу кафе барот „Адмирал“ и градската плажа да ја бранат иконата на Пресвета Богородица, што вчера во нејзина чест со свештеници на МПЦ, ја поставиле на местото каде некогаш имало црква, врз нејзините темели.

Смирени се тензиите во Струга

Канал5 - 17.11.2008

Попладнево во Струга, група од неколку стотини граѓани, Македонци со „жив ѕид“ го бранеше уривањето на иконата што вчера, на мал постамент, ја поставиле на местото на старата црква посветена на пресвета Богородица. Тврдат дека е поништена одлуката со која, пред две години, локацијата, на која се наоѓаат темелите на старата црква, на тендер била продадена на близок роднина на Али Ахмети.