ВРХОВНИОТ СУД ГИ РЕШИ ИЗБОРНИТЕ ЖАЛБИ Врховниот суд, решавајќи ги жалбите од ДУИ и од ДПА, го поништи гласањето на 30 избирачки места со над 28 илјади избирачи од четири изборни единици. ДИК на вчерашната седница, која требаше да почне доцна попладне, требаше да одлучи каде ќе се повтори гласањето, ...
НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОДЛУКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ДПА не е задоволна од одлуката на Врховниот суд да бидат уважени само 26 приговори со што на толку избирачки места треба да има прегласување. Партијата смета дека Врховниот суд можел да утврди кражба на гласови во сите избирачки места за кои се поднесени ...
Гласачки ливчиња се подготвуваат за три изборни единици, на избори можат да излезат 27.036 граѓани КАТИЦА ЧАНГОВА В среда, 19 јули, ќе се повторат изборите за пратеници на 29 гласачки места во три единици, каде што во осумте општини се запишани вкупно 27.036 граѓани.
Поради изборни неправилности во 30 избирачки места е поништено гласањето, а во 29 од нив в среда на 19 јули ќе има прегласување Поради изборни неправилности во 30 избирачки места е поништено гласањето, а во 29 од нив в среда на 19 јули ќе има прегласување.
Не е „ситничарење“ кога се бара регуларност на гласањето и за пет-шест отсто од избирачките места од кои зависи дали некоја партија ќе има едно или две пратенички места повеќе или помалку. Само така може да се добие довербата во оние што ни се грижат за гласањето Лошо или мошне лошо гласање имавме ...
Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и Гостивар. Ова се општините во кои ќе се прегласува на 29 избирачки места. Според пресметките на државната изборна комисија резултатите од прегласувањето во Сарај, Врапчиште, и во Гостивар, можат да влијаат дури на четири пратенички ...
На две избирачки места во Кондово, 2.451 и 2.452, што припаѓаат на Првиот регион е можно прегласување на 19 јули откако Врховниот суд на Македонија делумно ја прифати жалбата на коалицијата ДУИ - ПДП. Извесно е повторување на изборите уште на две гласачки места, во Боговиње и во Џепчиште, за кои ...
Висат четири пратенички мандати по жалбите кои вчера ги усвои врховниот суд. Станува збор за два мандата во шестата тетовска изборна единица и по еден во првиот - скопски и петтиот охридско – битолски регион. Висат четири пратенички мандати по жалбите кои вчера ги усвои врховниот суд.
Прегласување на две избирачки места во Кондово. Ова денеска го утврди ДИК, откако Врховниот суд ја прифати жалбата од ова избирачко место. Ова е третото место, по Џепчиште и Боговиње, каде исто така ќе има прегласување. Од Врховниот суд за А1 велат дека ги прифатиле жалбите на ДПА за прегласување ...
Партијата на Арбен Џафери поднесе повеќе жалби за парламентарните избори до Врховниот суд отколку приговори до Државната изборната комисија. Највисоката судска инстанција треба да се произнесе за 24 жалби од ДПА, или за една повеќе од оние 23 кои ДИК ги одби како неосновани и непоткрепени со докази.
Се дознава дека Врховниот суд прифатил дел од жалбите за изборни нерегуларности кои претходно ДИК ги отфрли. Се дознава дека Врховниот суд прифатил дел од жалбите за изборни нерегуларности кои претходно ДИК ги отфрли. Се работи за шестата изборна единица.
Иако пред само четири дена ги одби сите 47 приговори од подносителите на кандидатски листи, Државната изборна комисија на завчерашната седница го поништи гласањето на две избирачки места. Станува збор за избирачките места 2004 во Џепчиште и 20073 во Боговиње.
Заврши рокот за доставување на жалби на партиите до Врховниот суд за изборни нерегуларности. Врховниот суд одлуката треба да ја донесе во рок од 48 часа по приемот на жалбите, а судската одлука ќе биде конечна. ДИК вчера донесе одлука да ги поништи резултатите од две избирачки места, во Боговиње и ...
Државната изборна комисија, на вчерашната седница, по службена должност го поништи гласањето на две места, во селото Џепчиште, Тетово, и во Општина Боговиње, кои територијално ч припаѓаат на Шестата изборна единица. Станува збор за избиралиштата 2.004 и 2.073 каде што записниците потврдуваат дека ...
Врховните судии, поделени во совети избрани со ждрепка, вчера почнаа да ги разгледуваат првите пет поднесени жалби од ВМРО-ДПМНЕ кои завчера по службена должност ги добија од Државната изборна комисија. Конечната одлука за овие приговори кои се однесуваат за нерегуларности во процесот на гласање се ...
Изборите на две избирачки места во Боговиње и Џепчиште се поништени поради неправилноста на денот на гласањето. Ваква одлука вчера попладне донесе Државната изборна комисија по службена должност. Таму изборите ќе се повторат на 19 јули.
Ниту една политичка партија вчера не поднесе жалба до Врховниот суд за евентуални нерегуларности при гласањето на парламентарните избори. Претседателот на Врховниот суд Дане Илиев, вчера, посочи дека во текот на денот ниту една партија не се обратила до нив, но според него, по некое непишано ...
Вработените во канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ се гневни што Државната изборна комисија ги одбила сите партиски приговори за изборни нерегуларности, а притоа воопшто не ги разгледала доказите на странските набљудувачи.
Државната изборна комисија вчера ги одби сите 47 приговори за наводнби нерегуларности на парламентарните избори, како неосновани, што досега ги поднесоа политичките партии. На вчерашната седница ДИК не ги профати 24 приговори на ДПА, девет од ДУИ, 21 од ВМРО-ДПМНЕ и по еден приговор од СДСМ и ДОМ.
ПО ПОДНЕСЕНИТЕ ПРИГОВОРИ Државната изборна комисија (ДИК) вчера не прифати ниту еден од приговорите што за пет изборни единици ги доставија подносителите на листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието, соопштија од комисијата, пренесува МИА.
Следната инстанциа е Врховниот суд, каде во рок од 48 часа можат да се достават жалби на одлуките на ДИК Гордана Дувњак Државната изборна комисија, по речиси петчасовна расправа на вчерашната седница, не прифати ниту еден од разгледаните 47 приговори од шесте изборни единици доставени од ...
Државната изборна комисија не прифати ниту еден од 47-те приговори на подносителите на кандидатски листи. Според ДИК, приговорите од партиите не биле поткрепени со докази за неправилности во изборниот процес, иако ОБСЕ и ОДИХР јасно укажаа на изборни нерегуларности во петтата и шестатата изборна ...