TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Андов ги подели Јордановски и Најдовски

Време - 03.12.2005

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ВО СОБРАНИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Пратеникот и лидер на ЛП Стојан Андов побарал, а собраниското претседателство се согласило да му ги намири патните трошоци за Брисел, каде што на 15 декември ќе присуствува на средба на лидери либералдемократски партии.

Андов го скара собраниското претседателство

Дневник - 03.12.2005

ПАТни трошоци Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски и потпретседателот Слободан Најдовски се скарале поради одлуката на пратеникот и лидер на ЛП Стојан Андов да му биде одобрен надоместок за патни трошоци за средбата на лидери на либералдемократски партии во Брисел.

Роденденски подарок за Андов од Бучко

Вест - 01.12.2005

ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТОТ СО "СТРАВОТ И ЉУБОВТА" ЈА ОБЕДИНИ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА Вчера во Домот на АРМ со промоцијата на својот прв роман "Љубов и страв", првиот претседател на Парламентот на независна Македонија Стојан Андов го прослави својот 70-ти роденден.

"Стравот и љубовта" се дело на магијата на раскажувањето

Утрински - 01.12.2005

Во Домот на Армијата промовиран романот од Стојан Андов Паскал Гилевски: Андов е една од централните и највијателните личности на поновата македонска политичка и општествена сцена, политичар и државник од вистински ков, кој сега, по бурната, плодна и богата кариера, прилежно и страсно му се посвети ...

Стојан Андов во љубовен роман со власта

Дневник - 01.12.2005

ОПОЗИЦИОНЕРОТ обвинет за политиЧки флерт Либералната партија се повеќе се оддалечува од Здружената опозиција и се доближува до власта, што може да доведе до прегрупирања во опозицискиот кампус пред парламентарните избори, коментираат доброинформирани извори во коалицијата "За подобра Македонија".

Мислата како страст

Вечер Прес - 01.12.2005

"Романот 'Стравот и љубовта' од мојот колега Стојан Андов се одликува со кратка и јасна мисла и кога ја зедов в раце, едноставно, не ја испуштив се додека не ја прочитав, во еден здив", рече на вчерашната промоција во Домот на АРМ претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски.

„Стравот и љубовта“ од Стојан Андов

Време - 30.11.2005

ПРОМОЦИЈА Промоција на најновиот роман на Стојан Андов „Стравот и љубовта“ ќе се одржи денеска напладне во Домот на АРМ. За книгата ќе зборуваат Гане Тодоровски и Бранко Геровски. Извадоци ќе чита Мето Јовановски. Со промоцијата на ова литературно остварување на Андов издавачот „Матица македонска“ ...

Промоција на романот на Стојан Андов

Вест - 30.11.2005

Првиот роман на Стојан Андов ќе биде промовиран денес напладне во Дом на АРМ. Насловот на романот е "Стравот и љубовта" и говори за неколку љубовни приказни. Книгата ја следи историјата на две семејства од почетокот на веков кога Македонија била дел од Османлиското царство до денес.

Според Андов уставните измени имаат добар старт

Утрински - 29.11.2005

Прес Владата направи одличен чекор со почетокот на расправите за предлог-уставните амандмани за судството и со прифаќањето на предлогот поднесен од опозицијата, изјави лидерот на Либерална партија, Стојан Андов, на вчерашната прес-конференција.

Уставните измени да се усвојат пред 15 декември

Дневник - 29.11.2005

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА Со консензус за усвојување на предложените 12 амандмани за Уставот ќе покажеме дека сме држава со реформски капацитет во пресрет на потврдувањето на кандидатскиот статус за ЕУ на 15 декември, рече Стојан Андов, претседател на Либералната партија.

Андов бара истражување на нафтените базени во Македонија

А1 - 28.11.2005

Пратеникот Андов бара од Владата да обезбеди пари за истражување на нафтени базени во Македонија. Можното пронаоѓање нафта и рестартирање на рудниците, тврди Андов, значајно ќе го намали трговскиот дефицит. „Ако успее Македонија да ги активира рудниците на олово и цинк и сребро и кобалт и ако ја ...