TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА не се враќа во Собранието

А1 - 10.06.2005

ДПА не се враќа во работата на Собранието. Ова го изјави Мендух Тачи пред почетокот на собирот на највисокиот партиски врв. Но, тој најави дека вечерва ќе се анализира што добила, а што изгубила ДПА по одлуката да не учествува на локалните избори. Тачи не ја исклучува и можноста за нечија смена.

Во изјавите на Георгиевски и на Џафери нема кривично дело

Утрински - 10.06.2005

Обвинителството не планира да поведе обвинение против учесниците на разговорите на поделба на Македонија Во Обвинителството велат дека не постојат никакви документи дека Џафери и Георгиевски подготвувале поделба на државата, ниту пак траги кои укажуваат на такво нешто БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Во идеите и ...

Расте досието "Поделба на Македонија"

Дневник - 10.06.2005

ПО ТВРДЕЊАТА НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ Обвинителството внимателно ќе ги истражи изјавите на челниците на Демократската партија на Албанците за тоа кој планирал етничка делба и предизвикал војна во Македонија. Според СДСМ и ДУИ тие тврдења се глупости и бесмислици.

ДПА тврди дека војната ја договориле ОНА и СДСм

Дневник - 09.06.2005

РАСЧИСТУВАЊЕ НА МИНАТОТО За да дојде на власт, Али Ахмети ја почнал војната во 2001 година, во договор и со помош на високи функционери на СДСМ, тврди Демократската партија на Албанците, и најави дека наскоро ќе објави документи со кои ќе го докаже тоа.

Во името на народот против А.Џ. и Љ.Г.

Вечер Прес - 09.06.2005

ПИШУВА: Владимир ТУЛЕВСКИ Обвинителството, по се изгледа, спушти рачна и се подразбуди: експресно реагираше и отвори предмет за Арбен Џафери. Ова е, по многу долго време, прва ваква активност по службена должност со која ќе се стави под лупа неодамнешното интервју на Џафери за Косовската телевизија ...

Џафери треба да се гони за ширење национална омраза

Вечер Прес - 09.06.2005

-Збор на збор не важи во модерното кривично законодавство и не може да се покрене обвинение за изнесени мислења, вели професорот по кривично право, Ѓорѓи Марјановиќ. Според него, само доколку има некои докази кои ќе покажат дека нешто се преземало за реализирање на плановите или идеите на Џафери и ...

Прчевски има сознанија дека Џафери и Георгиевски дејствувале против државата

Време - 08.06.2005

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ „ПРЕГОВОРИ ЗА ПОДЕЛБА“ Диана Младеновска Јавното обвинителство има сознанија дека Љубчо Георгиевски и Арбен Џафери во 1998 година презеле и конкретни дејства против државата во рамките на планот за нејзината поделба.

Поделбата на Македонија повторно заедничка тема на ВМРО-Народна и ДПА

Утрински - 08.06.2005

Лидерите на двете партии обвинуваат поради отворањето на предметот "поделба на Македонија° Нашите преговори не предизвикаа жртви, не загина ниеден човек, вели Арбен Џафери Гојко Ефтовски ТЕТОВО - "Ние со Георгиевски се обидувавме да најдеме нови решенија за меѓуетничките односи во што имавме големи ...

Џафери не верува во мултиетничка Македонија

Дневник - 08.06.2005

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛИДЕРОТ НА ДПА Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, вчера потврди дека со Љубчо Георгиевски разговарале за поделба на Македонија. Тој не верува во иднината на државата како мултиетничко општество, бидејќи не се спроведува рамковниот договор, и смета дека единствен спас за неа е итен ...

Џафери да посочи жив сведок

Вечер Прес - 08.06.2005

Владеачката коалиција има корист албанското прашање да го држи отворено и преку пласирање информации за наводни договори за поделба на Македонија го дефокусира вниманието од отворените прашања за демаркација на границата кон Косово, со името на државата, негирањето на Македонската православна црква ...

Џафери го дообјаснува контроверзното интервју

А1 - 07.06.2005

Што точно разговарале Георгиевски и Џафери пред војната во 2001 година околу поделбата на Македонија, останува непознаница. И покрај денешниот обид на Џафери да се дообјасни во однос на контроверзното интервју за косовската телевизија, тој само внесе поголема забуна.

Обвинителството отвори предмет "Поделба на Македонија"

Дневник - 07.06.2005

ИСТРАГА ПО ИНТЕРВЈУТО НА АРБЕН ЏАФЕРИ Скопското обвинителството отвори предмет за случајот "Поделба на Македонија" и ќе ги истражува изјавите од интервјуто на лидерот на ДПА, Арбен Џафери, во кое зборува за планови со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за поделба на државата, изјави вчера ...

РЕАКЦИЈА НА ВМРО НАРОДНА ЗА ПОДЕЛБАТА МАКЕДОНИЈА

Канал5 - 07.06.2005

Ние ја браневме државава во постојните граници за време на конфликтот и за нас албанското прашање е затворено, враќањето на приказната за поделбите е дел од сценариото на владејачката структура да го пренасочи вниманието на македонската јавност, велат во Ние ја браневме државава во постојните ...

ЏАФЕРИ: СО ГЕОРГИЕВСКИ САКАВМЕ ДА ЈА ИЗБЕГНЕМЕ ВОЈНАТА

Канал5 - 07.06.2005

Јас и Георгиевски уште во 1998 година пројавивме волја да изнајдеме нови решенија за да се релаксираат етничките односи. Настаните од крајот на 2000-тата и почетокот на 2001-та година кажуваат дека некој во Македонија ни подготвува војна, а тоа не бевме н Јас и Георгиевски уште во 1998 година ...

Планот за поделба на Македонија кај обвинителот

Макфакс - 07.06.2005

(Дневник) - сабота, 04 јуни 2005 Арбен Џафери откри дека со љубЧо георгиевски планирале размена на територии и население Џафери првпат јавно призна дека разговарал со Георгиевски за поделба на Македонија, но војната ги спречила да го реализираат планот Внимателно ќе ги разгледаме изјавите на ...

Дали интервјуто со Арбен Џафери е наместено?

А1 - 06.06.2005

Контроверзното интервју на Арбен Џафери на приватната косовската телевизија по принципот на сврзани садови предизвика силни реакции во Македонија. Се огласија партиите, актерите, но и медиумите. Наводно и обвинителот се заинтересирал. Се бара одговорност.

Добри вести од загубените битки за спас

Утрински - 06.06.2005

По новите сведочења дека меѓу 1998 и 2001 година Љупчо Георгиевски преговарал за поделба на државата Бранко Тричковски Битката за спас на Македонија со музика што нема да се слуша (освен Цеца) е модерна варијанта на перманентната националистичка битка за спас на државата во која Македонија сў уште ...

План за поделба на државата - кривично дело или не!?

Вечер Прес - 06.06.2005

"Треба прво внимателно ќе ја преслушаме изјавата на Арбен Џафери и ќе разговараме за тоа дали има простор да се покрене обвинение против него и Љубчо Георгиевски - вели државниот обвинител Александар Прчевски по минатонеделната изјава на Арбен Џафери за косовската телевизија во која обзнани дека ...