Либералдемократите со тешко срце го прифатија предлогот за двојазично Скопје Либерално-демократската партија, со едвај обезбеден кворум, на завчерашната седница на Централниот одбор го прифати компромисниот предлог за територијалната организација на Македонија.
ЛДП ПОДЕЛЕНА Лилјана Поповска, членка на Извршниот одбор на ЛДП и потпретседателка на Собранието, со солзи во очите се спротивставила Скопје да стане двојазичен град, а Струга со доминантно албанско население, дознава "Дневник".
Партиите од Третиот пат сметаат дека договорот за новата територијана поделба е срамен договор, склучен во четири очи меѓу претседателот Бранко Црвенковски и Али Ахмети, кој заедно со градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, во македонската историја ќе бидат запаметени како најголеми предавници.
ПРЕС Опозицијата го повикува градоначалникот Пенов да се изјасни за прекројувањето на границите на Скопје ВМРО-ДПМНЕ вчера го повтори ставот дека локалните избори треба и мора да се одржат во планираниот тајминг - 17 октомври и тоа во сегашните 123 општини.
ИМА ЛИ СКОПЈЕ ГРАДОНАЧАЛНИК? Каде е Пенов, на одмор или во Скопје?, прашува ВМРО-ДПМНЕ Скопскиот градоначалник Ристо Пенов вчера немаше коментар за договорот во владината коалиција со кој се прошируваат границите на Скопје со што станува двојазичен град.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира локалните избори да се одржат во предвидениот рок во октомври и тие да се спроведат со старата територијална поделба, според која државата е поделена на 123 општини. Во исто време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе испратил барање до меѓународната заедница за време на ...