Настапот на славниот Брајан Фери во Охрид досега е најскапиот музички проект во земјава, реализиран без помош од државата. Неофицијалните информации велат дека чинел околу 110.000 евра и е доказ дека во Македонија можат да се организираат вакви концерти кога станува збор за публика.
Фасцинантна претстава на московскиот театар на Елена Камбурова направена од македонскиот режисер Иван Поповски, одличен концерт на ѕвездата Брајан Фери и „Рокси мјузик“, грандиозно отворање на фестивалот со Царскиот руски балет Во само пет дена Охридско лето - исто толку настани за паметење.
БРАЈАН ФЕРИ И РОКСИ МЈУЗИК НА ОХРИДСКО ЛЕТО "Штета што бевме во спортската сала", беа коментарите по настапот во петокот вечер на Охридското лето на некогашната светска хит рок група "Рокси мјузик" и нивниот лидер Брајан Фери.
„РОКСИ МЈУЗИК“ ВО ОХРИД Благоја Бошковски Политичари, луѓе од естрадата, претставници на бизнис-елитата, подостарени музички вљубеници и само мал број млади луѓе беше публиката што „Рокси мјузик“ ја привлекоа на нивното гостување во Охрид.
Со исклучок на неколкуте хитови на чии софистицирани текстови „падна“ целата публика, расположението не беше како што се очекуваше Се случи и тоа чудо. Македонската публика во петокот го виде легендарниот британски арт-рок бенд „Рокси мјузик“, на чело со големиот музичар и срцекршач Брајан Фери.
Облечен во црн смокинг, во крајно лежерен стил, рок легендата Брајан Фери, кој на 61 година делува мошне шармантно на сцената, заедно со "Рокси Мјузик", во петокот вечерта, во спортската сала "Билјанини извори" во Охрид, во рамките на "Охридско лето", скоро два часа свиреа музички квалитетен ...