Дете од прво одделение да ги правеше границите на општина Чаир, ќе ги направеше подобро, барем Чаир ќе излезеше на брегот на Вардар, рече Исмет Рамадани на вечерашната средба на коалицијата ДПА-ПДП со граѓаните на општина Чаир.
КОНВЕНЦИЈА НА ДУИ ВО СКОПЈЕ Нема да има нова криза и дестабилизација на Македонија, каква што најавува Мендух Тачи, потпретседател на ДПА. Тоа е предизборен маркетинг. Тачи само го најавува поразот што ДПА ќе го претрпи на локалните избори, изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ.
ДПА-ПДП ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА Под мотото „За благосостојба“, коалицијата ДПА-ПДП завчера во Голема Речица, го промовира кандидатот за градоначалник на општината Тетово, Веби Беџети и носителот на советничката листа, Алирами Алили.
ДПА-ПДП Под мотото "За благосостојба", коалицијата ДПА-ПДП во Голема Речица ги промовираше кандидатот за градоначалник на Општината Тетово, Веби Беџети, и носителот на кандидатска листа, Алирами Алили. - Ве убедуваме дека коалицијата има професионални кадри и искуство во работењето во локалната ...
КОАЛИЦИЈАТА ДПА и ПДП ВО ЧАИР Македонија ја очекува дестабилизација и нова криза ако не се смени состојбата на Албанците, предупреди Мендух Тачи, потпретседател на ДПА, на завчерашниот собир со граѓаните во скопската општина Чаир.
ПДП - ДПА ја започнаа кампањата ТЕТОВО - Коалицијата ДПА - ПДП со слоганот "За благосостојба° својата предизборна кампања ја започна со претставување на изборната платформа на кандидатот за градоначалник на Општина Желино и на листата на кандидати на советници во тетовското село Требош.
АЛБАНСКИ БЛОК Владејачката ДУИ најверојатно нема да одржи митинг во Тетово на 11 март, ден пред молкот, зашто опозициската коалиција ДПА и ПДП веќе го резервирала плоштадот. Во ДУИ велат дека ќе се обидат со опозицијата да ги усогласат термините за митингот, но страхуваат дека коалицијата може да ...
ТРЕБОШ Подобра инфраструктура, реконструкции на училиштата, изградба на водоводна мрежа и спортски сали, се дел од проектите што ги вети Ќенан Алиу, кандидат за градоначалник на Општината Желино, завчеравечер во Требош, од каде што коалицијата ДПА и ПДП ја почна кампањата за локалните избори.
Можноста од нови насилства и инциденти ги обременува кампањите на албанските политички субјекти Изминатите изборни циклуси беа одбележани со голем број насилства и инциденти, претежно во местата со мнозинско албанско населени Борис Георгиевски Во сенка на стравувањата за нови изборни нерегуларности ...
БИЗНИСМЕНИ АЛБАНЦИ ДОНИРААТ ПАРИ ЗА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА Нашите пријатели во американски стил даваат колку што имаат можност за финансирање на изборната кампања, изјави портпаролот на ПДП Кенан Алиу за завчерашната донаторска вечер во Тетово "За овие локални избори коалицијата ДПА-ПДП организира ...
"Американска вечера° на коалицијата ДПА - ПДП ТЕТОВО - За време на промоцијата на предизборната кампања на ДПА - ПДП повеќемина бизнисмени на влегување во салата на посебна масичка оставаа залепени пликови со парични прилози. ,,Тоа се донации на наши членови и симпатизери со скромни износи.
Лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери, поодамна во присуство на голем број новинари, насмеани и расположени, потпишаа јавна "обврзувачка декларација дека без исклучоци ќе ги почитуваат демократските стандарди како единствен политички легитимитет".
Предизборната кампања на коалицијата ПДП-ДПА започна вечерва со предизборен собир во тетовското село Требош. Оваа коалицијата тука го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Желино, портпаролот на ПДП Кенан Алиу, како и советничката листа.