TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скорпија-емотивно исполнето

Дневник - 22.02.2002

Се чувствувате емотивно исполнети, но тоа нема да има скоро никакво влијание врз вашиот сентиментален живот денеска. Тоа што ви недостига е волја да преземете акција. Не дозволувајте летаргичното расположение да ви го расипе денот од кој можете да извлечете многу.

Скорпија-бидете дипломатични

Дневник - 21.02.2002

Денеска е потребно да внимавате да не направите погрешен чекор во односите со околината. Ваш пријател или познаник ќе се обиде да ви укаже на нешто, но не е сигурно дали треба да го послушате неговиот совет. Во сето тоа вашиот партнер ќе ви даде голема поддршка.

Скорпија-ви треба физичка активност

Дневник - 20.02.2002

Ве очекува релативно добар ден со мали здравствени проблеми. Потрудете се да ја одржите психичката рамнотежа и избегнувајте ситуации што може да предизвикаат стрес. Имате голема енергија, па ќе ви користи поголема физичка активност. Во љубовта ве очекува незадоволство.

Скорпија-забрзано темпо

Дневник - 19.02.2002

Кариерата ви е во подем, а вие ќе го забрзате темпото. Внимавајте да не бидете премногу критични кон соработниците, особено кон потчинетите. Критичноста и зајадливоста ги префрлате и на вашето семејство, затоа расправиите се неизбежни. Вашиот емотивен живот се подобрува.

Скорпија-помали пречки

Дневник - 18.02.2002

Денеска ве очекуваат помали пречки. Не треба да верувате во се што ќе ви се каже. Околу вас има личности што не се искрени и само ви задаваат проблеми. Воопшто, ситуацијата е подобрена. Поважните работи добро ќе ви напредуваат.