ШТЕТИ ВО КРИВОГАШТАНСКО Околу 3,2 милиони евра изнесува штетата на земјоделските култури во општината Кривогаштани од августовското невреме. Просечен процент на штетата во општината е 75 отсто. Најголеми штети има во селото Крушеани, каде што родот на пиперките и тутунот е сто отсто уништен.
ОШТЕТЕНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД КРИВОГАШТАНИ ТВРДАТ Децата ни ги бркаат од училиште бидејќи одат без чанти и книги, а ние немаме пари за леб, се жалат оштетените земјоделци од невремето во Кривогаштанско. Околу 120 семејства немаат добиено еднократна парична помош, која Владата им ја додели на земјоделците ...
Незадоволни од официјалните процени и од вчерашната одлуката на советот на Општина Кривогаштани, земјоделците да бидат обесштетени со 3 милиони и 200 илјади евра,денеска близу 200 градинари и тутунари повторно протестираа пред Општинската зграда.
Конечно заврши проценката на штетата од невремето во општина Кривогаштани. Комисијата соопшти дека таа изнесува 3 милиони и 150 илјади евра. Оштетени се 1.400 семејства со 840 хектари површина и уништени се над 7.000 тони земјоделски култури. Просечната оштетеност на целата општина е 75%.
Невремето што пред месец го зафати кривогаштанскиот регион предизвика штета од 3 милиони и 200 илјади евра. На 840 хектари уништени се 7000 тони градинарски производи и тутун. По извештаите од комисиите и барањето владата непосредно да им ја плати штетата на земјоделците оти општинската сметка е ...
ПРИЛЕП - Жителите на најзагрозените семејства кои претрпеа огромни штети во невремето што речиси пред еден месец го зафати кривогаштанскиот регион, вчера се собраа на мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Кривогаштани, манифестирајќи го незадоволството зашто, според нив, еднократна ...
Педесетина земјоделци од Кривогаштани вчера протестираа барајќи еднократна државна помош од 14.400 денари, колку што добија производителите чии посеви беа оштетени од неодамнешното невреме. Според нив, отштета не добиле околу 120 семејства иако имале право, а пари им беа дадени на 910 земјоделци.
Врие во Кривогаштани, дел од жителите денеска излегоа на протести пред општината, барајќи ревизија на доделувањето на еднократната парична помош. Обвинуваат дека некои фамилии добиле и по три пати еднократна помош, а 120 семејства кои живеат само од земјоделство немаат земено ниту денар.