„Ние не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ“, е одговорот на првиот социјалдемократ Бранко Црвенковски на повторната понуда на Љубчо Георгиевски за постизборно коалицирање. „На претстојните парламентарни избори треба да се порази неморалот и корупцијата.
Повик на социјалдемократите до ВМРО-ДПМНЕ и до премиерот Георгиевски веднаш да се оградат од политичкото делување на некогашните терористи на OНA во рамките на нивната коалиција со ДПА. Сегашните фунционери на ДПА, потсетува СДСМ, се диретно одговорни за масакрот во Вејце.
Изјава на премиерот во Прилеп за изборната регулатива ДАНЧО ТРАЈКОВСКИ ПРИЛЕП - "СДСМ практично не знае што сака и странските посматрачи и другите учесници во разговорите, а и самиот Црвенковски, се уверија дека неговото барање изборните комисии да се формираат со двотретинско мнозинство не значи ...
"СДСМ ништо друго не го интересира, освен делот како да се формираат изборните закони и се бланко прифаќа во другите закони. СДСМ практично не знае што сака во тој закон, зашто и странските посматрачи, а мислам и Црвенковски, се уверија дека тоа што бара комисиите да се формираат со дво третинско ...
ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПРИЛЕП ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против на следните парламентарни избори да се излезе со стариот изборен закон, рече вчера лидерот на таа партија и премиер, Љубчо Георгиевски, при посетата на Прилеп. "Ја понудивме и таа варијанта завчера", рече Георгиевски.
„За Македонија нема ништо подобро од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Меѓутоа, новите коалиции ќе ги дадат самата предизборна кампања и уште повеќе резултатите од изборите“, изјави денеска во Прилеп премиерот Љубчо Георгиевски.