7-мина од трудовите инвалиди од ноќеска не се под шаторските платна. Двајца од нив се хоспитализирани во кочанската болница. „Ни можеме да јадеме, ништо. Ќе умрам, готово, живот немам. Моите нема со што да дојдат, нема пари. Ни некој дошол да не посети, ни да не види.
Најавата на гранковиот синдикален лидер Пеце Ристевски за можна средба помеѓу трудовите инвалиди премиерот Владо Бучковски и министерот Стевче Јакимовски за момент ги зарадува луѓето кои го поминуваат 23-тото штрајкувачко деноноќие.
РУДАРИТЕ НЕ ПОПУШТААТ Поранешните рудари од „Саса“, кои повеќе од три недели протестираат среде Каменица, не веруваат дека продажбата на рудникот брзо ќе им го реши статусот на трудови инвалиди. Тие велат дека ќе и веруваат на Владата дека ќе го потпише купопродажниот договор со потенцијалниот ...
Димитар МирЧев Единствени што не се потресоа од болните и трагични слики и приказни на каменичките рудари и просветарите, за кои деновиве ударно објави - "Дневник", беа оние од Владата и високите државни функционери. "Дневник" отвори една благородна кампања на предупредување дека освен во Лесото, ...
ТРУДОВИТЕ ИНВАЛИДИ НА "САСА" РЕВОЛТИРАНИ ОД ВЛАДАТА Трудовите инвалиди од рудникот "Саса" се револтирани од ставот на Владата дека протестот имал политички мотивирана заднина и оти рударите биле политички изманипулирани. Тие и вчера, и покрај повикот од Владата да го прекинат тринеделниот протест, ...
Неповолната општествена клима трудовите инвалиди ја поистоветија со невремето што синоќа ги зафати. „Имаше невреме, вода, дожд, грмотевици и сега се чудиме дали да висиме, да стоиме или да лежиме на душеците, а што ќе лежиме кога е мокро.
ПО ТРИНЕДЕЛНИОТ ПРОТЕСТ во македонска каменица Штрајкот на рударите од "Саса" е со политички мотивирана заднина, оценила вчера Владата на Република Македонија. Таа ги повика рударите да го прекинат штрајкот. - Рударите се изманипулирани од поединци, кои имаат политички мотивирана заднина - изјави ...
ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за труд и социјална политика Стевче Јакимовски да отиде во Македонска Каменица и да се увери дали рударите од рудникот "Саса" се заштитени како мечки во планина, како што милува да каже за работниците.
Бранко ЃорЃевски Еднократната парична помош од десет илјади денари и инвалидските пензии се сламка што живот им значи на осумдесетина рудари што гладуваат во Македонска Каменица. За нив уште нема пари, нема решенија. Има само некакви услови, правила, молби, жалби, судења, продажби, сомнителни ...
Најдоцна до 5 јули оваа година „Ром трејд“ ќе го превземе владението над рудниците Саса. Според информациите од Владата, 3 милиони и 20 илјади евра во текот на идната недела ќе бидат уплатени. Новиот правен субјект ќе започне со работа, а вработените ќе си ги остварат своите права.
СЛУЧАЈ "САСА": МИНИСТЕРОТ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ГО ОБВИНУВА ЛИДЕРОТ НА ВМРО - ДПМНЕ ЗА ЛИЦЕМЕРИЕ "Замисли Ратко Младиќ да оди во Сребреница и да побара од КФОР да го најде злосторникот и да го казни. Како Ратко Младиќ да отишол кај мајките на оние што ги испотепа, така и Груевски отиде во 'Саса'.
ДОДЕКА РУДАРИТЕ ГЛАДУВААТ Оваа влада не е виновна што рудникот „Саса“ повеќе од две години е во стечај, туку сета „заслуга“ за тоа ја има гарнитурата во која Никола Груевски беше министер за финансии, изјави вчера министерот за труд и социјална политика Стевче Јакимовски.
продолжува штраЈкот со глад во МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Ако итно не ја добиеме бараната еднократна помош од 10.000 денари за семејство, многумина од нас нема да го преживеат ова лето, рекоа вчера трудовите инвалиди од рудникот "Саса", кои три недели протестираат со глад во Македонска Каменица.
ШТИП.- Протестот на трудовите инвалиди од рудникот "Саса" продолжува. Тие остануваат на своите барања да им се реши статусот и да добијат еднократна парична помош од 10.000 денари. Според нивните зборови, претседателот на Синдикатот на металските работници Пеце Ристевски, треба да им обезбеди ...
Додека штрајкувачите од Саса се во критична состојба, политичарите се препукуваат меѓусебно без при тоа конкретно да се зафатат и на луѓето кои се дојдени до работ на амбисот да им помогнат. Министерот за труд, Стевчо Јакимовски, не најде време за 20 дена да ги посети штрајкувачите со глад во ...
РУДАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ОЧАЈ Мирче Котевски Државата нема намера да ни дозволи бесплатно да се лекуваме, па не ни останува ништо друго освен да умреме среде Каменица, едногласни се стотина трудови инвалиди од рудникот „Саса“.
МИРЧЕ КОТЕВСКИ Некогашните ударници од рудникот „Саса“ уште еднаш докажаа дека на човека животот ништо не му значи кога нема што да јаде. Здравјето си го оставија по јамите, а две години откако фирмата им ја турнаа во стечај, останаа на немилост на сиромаштијата, дотепани и целосно заборавени од ...
РУДАРИТЕ ОД "САСА" ВО ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЈАМА Веќе не чекаме милост од Владата, туку само од Мајка Богородица, велат со изнемоштен глас стотина рудари, трудови инвалиди, кои веќе 20 дена штрајкуваат со глад пред управната зграда на рудникот "Саса" во Македонска Каменица.
Ни остана само да се молиме дека некој ќе ни помогне - во очај зборуваат трудовите инвалиди од Саса кои 19 дена штрајкуваат со глад. И покрај секојдневната лекарска помош здравствената ситуација на овие луѓе е алармантна. Миле Јовановски е речиси неподвижен, тешко зборува, преживеал два мозочни ...
ВО КАМЕНИЦА СТАНУВА ДРАМАТИЧНО Мирче Котевски На дел од трудовите инвалиди од рудникот „Саса“ што трета недела протестираат во центарот на Македонска Каменица, сериозно им е нарушено здравјето и тие веднаш треба да се згрижат во болница, укажуваат од нивниот таканаречен штрајкувачки одбор.
ПРОТЕСТ СО ГЛАД ВО КАМЕНИЦА Здравствената состојба на трудовите инвалиди од "Саса", кои 19-ти ден протестираат со глад пред Управната зграда на рудникот во центарот на Македонска Каменица, се влошува. Исцрпените рудари вчера ги посети медицинска екипа од Здравствената установа во Каменица, при што ...
Само двајца од вкупно 11 трудови инвалиди, учесници на 18-дневниот штрајк, и денес се хоспитализирани во скопската и кочанската болница. Останатите 9-мина го напуштиле болничкото лекување и се вратија под шаторите пред управната зграда на рудниците Саса.
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Трудовите инвалиди од Рудникот за олово и цинк "Саса", од Македонска Каменица, кои веќе три недели протестираат со глад, очекуваат средба со премиерот Владо Бучковски. Тие завчера и од Советот на општината добиле поддршка да истраат во барањата и ветување дека проблемот наскоро ...