ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА НАПАДИ ВРЗ САД Директорот на Федералното истражно биро неодамна го известил американскиот претседател Џорџ В. Буш дека ако "итрите убијци" од Ал каеда решат да ги нападнат САД, тешко ќе може некој да ги спречи, јави Ројтерс.
„Терористи самоубијци ќе ги нападнат САД, а американските сили за безбедност нема да можат да ги спречат“, предупреди директорот на FBI, Роберт Милер, додавајќи дека знаците за нови терористички напади засега се нејасни, а забележана е поголема активност на некои лица кои се поврзани со Ал Каида.
ВАШИНГТОН, 20 мај, (Ројтерс) - Исламските групи како Хезболах и Египетскиот исламски Џихад можеби планираат напад на САД, изјави вчера Претседавачот на американскиот Комитет за раузнување во Сенатот. "Наш непријател не е само ал Каеда", рече за Ен-Би-Си шоуто "Денес" Боб Греам.
Американските разузнувачи откриваат нови планирани терористички напади врз САД ВАШИНГТОН - Американски претставници изјавија дека откриле разузнавачки информации според кои "Ал каеда" можеби планира нови напади, и посебно предупредија дека тие можеби планираат да уништат станбени згради.