TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Двата верски факултети ќе бидат државни

А1 - 22.07.2005

Паралелно со Богословскиот и Факултетот за исламски науки ќе влезе во состав на еден од државните универзитети. Владата во пакет пред извесен период за 2-та факултета се изјаснила позитивно по ова прашање. Теолозите сметаат дека 2-та факултета е неопходно да се под државна капа.

МПЦ чека ректоратот да одлучи за Богословскиот факултет

А1 - 21.07.2005

Кога Богословскиот факултет ќе стане дел од скопскиот Универзитет, зависи од ректоратот, констатираше портпаролот на Синодот на МПЦ Тимотеј. Дел од барањата упатени до црковните власти ќе бидат испочитувани. Синодот нема да се меша во изборот на декан и професори, ќе ја отстапи зградата на ...

Црковен дух во државна форма

Вечер Прес - 19.07.2005

Богословскиот факултет ќе се интегрира во рамките на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", деновиве повторно потсети Синодот на МПЦ, кој е основач на Факултетот, а кој за ова прашање ќе расправа на седницата, закажана за в четврток.

И факултетот за исламски науки бара пари од државата

Време - 18.07.2005

ПО БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ Факултетот за исламски науки ќе бара да влезе под државна капа во рамките на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, откако минатата недела Министерството за образование се согласи државата да го финансира Богословскиот факултет.

Богословскиот факултет ќе стане дел од "Св.Кирил и Методиј"

Вест - 18.07.2005

РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА СКОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ГО ПРИФАТИЛА БАРАЊЕТО НА СИНОДОТ НА МПЦ Ректорската управа на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" го прифатила барањето на Синодот на Македонската православна црква Богословскиот факултет да се приклучи кон Универзитетот и да стане државен факултет.