TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Меѓународен ден против злоупотреба на детскиот труд

А1 - 12.06.2008

Сликата на скопските семафори со години назад е иста. И денеска овие деца бришеа стакла на коли за ситни пари, но и покрај се тие остануваат на крстосниците. Злоупотребата на трудот, присилната работа, порнографијата се дел од криминалните лавиринти во кои се вклучени децата.

Над 18.000 деца во Македонија се необразовани

А1 - 12.06.2008

Околу 18.000 деца во Македонија не се вклучени во образовниот систем, а најмалку 2.000 го минуваат детството на улица. Ова го соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, по повод Меѓународниот ден против злоупотребата на детскиот труд - 12 јуни.

Над 2.000 деца место да учат, мора да питачат и да работат

Утрински - 12.06.2008

Илјадници деца под 12 години се жртви на безмилосната злоупотреба на детскиот труд Јулијана Кимовска Над 2.000 деца во Македонија место да се радуваат на безгрижните детски игри, живеат на улица во најголема беда и се принудени да питачат или да работат тешки физички работи, рамо до рамо со ...

Меѓаши: Состојбата со злоупотребата на детскиот труд се уште е алармантна

Канал5 - 11.06.2008

Во Република Македонија над 18.500 деца не се вклучени во образовниот систем, а најмалку 2.000 деца се на улица и се жртви на злоупотреба на детскиот труд, соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 јуни - Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд.

Го заменуваат детството за леб

Време - 09.06.2008

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДЕТСКИОТ ТРУД Голем број деца се почесто се жртви на најсурови форми на злоупотреба на нивниот труд. Ним детството им станува сурова игра, што ја водат нивните родители и општеството, наместо да им биде најубавиот и најбезгрижен период во животот.