TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Невреме, поплави и пожари во неколку држави во светот

А1 - 25.07.2002

Неколку држави во светот во последните неколку денови се зафатени од големо невреме, поплави и пожари кои досега однесоа многу човечки животи. Најмалку 23 лица го загубија животот во поплавите предизвикани од изобилните дождови што последниве неколку денови ја зафатија Турција.

Поплави и бури во Германија, Романија и во Азија

Дневник - 23.07.2002

НЕВРЕМЕ Најмалку девет лица загинаа завчера во невремето проследено со урагански ветрови и силни дождови во јужниот дел на Германија, јави МИА. Во Баден-Виртенберг седум лица биле удрени од гром. Едното од нив се наоѓа во критична состојба.

ПОПЛАВИ ВО РОМАНИЈА, НА ФИЛИПИНИ, ВО ИРАН И ВО ИНДИЈА

Вест - 22.07.2002

Три лица загинаа вчера во невремето кое веќе втор ден беснее во Романија, со што бројот на жртвите од временската непогода во оваа земја се искачи на четири. Две лица се удавиле во југоисточната област Констанца, додека третото лице било однесено од надојдена вода во источниот дел од Романија во ...