Истражен судија и окружен обвинител од Белград добија одобрение од судот во Хаг да го продолжат сослушувањето на бившиот југословенски претседател, Слободан Милошевиќ. Тие треба да ја прошират истрагата околу финансиски малверзации на Милошевиќ и неговите соработници.
Москва, 14 јули - Претседателот на руската Дума, Генадиј Селезњов вчера предложи за одбрана на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал да бидат ангажирани руски адвокати.
Ало, Слобо, еве идам - Мира Марковиќ ќе добие виза за Хаг АМСТЕРДАМ, 13 јули, (Ројтерс) - Слободан Милошевиќ планира да го обжали апсењето од трибуналот за воени злосторства во Хаг во текот од наредните четири недели.
Поранешниот југословенски претседател, Слободан Милошевиќ, кој го чека судењето хашкиот трибунал, ќе побара од холандскиот суд да реши дали неговото апсење во Југославија било законско или не, изјави денеска неговиот адвокат.
Хаг, 12 јули - Некогашниот американски државен јавен обвинител Ремзи Кларк вчера официјално побара од Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг да му дозволи средба со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ во затворот во Шевенинген.
ХАГ, 11 јули, (МАКФАКС) - Канадскиот адвокат Кристофер Блек во наредните неколку дена ќе го посети поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ, во притворот во хашкиот трибунал - потврди портпарол на трибуналот.
БЕЛГРАД, 11 јули, (МАКФАКС) - - Поранешните мировни посредници за некогашна Југославија, лорд Питер Карингтон и лорд Дејвид Овен, ги негираа шпекулациите дека склопувале тајни договори со екс - претседателот на Југославија, Слободан Милошевиќ.
Канадскиот адвокат Кристофер Блејк во наредните неколку дена ќе го посети поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ во Хаг на барање на неговата сопруга Мира Марковиќ, за да му помогне во одбраната по обвиненијата за воени злосторства.
ГЛАС ОД РУСИЈА НАТО го уапси Слободан за да ја фрли сета одговорност за бомбардирањето на Југославија врз него - вели Борислав Милошевиќ Кон крајот на минатата година Борислав Милошевиќ беше повлечен од должноста амбасадор на СР Југославија во Руската Федерација.