ОТКРИЕН ШВЕРЦ НА ГП СТЕЊЕ Ресенската полиција поднесе кривични пријави против тројца полицајци од полициската станица во селото Стење. Тие се осомничени дека преку тамошниот граничен премин шверцувале добиток од Македонија во Албанија . За злопотреба на службената положба се пријавени И.М.
Стење Командирот на полицискиот пункт "Стење" и двајца полицајци биле фатени на дело кога се обиделе да прошверцуваат 12 грла добиток во Албанија, во саботата вечерта. Половина час пред апсењето, тројката успеала по истиот канал да прошверцува ист таков турнус од 12 говеда.