Царината ги презема од судот надлежностите да казнува за секој царински прекршок. Фирмите, шпедитерите, превозниците, граѓаните, вработените во Царината, сите што ќе го прекршат царинскиот закон, наместо во судот, ќе одговараат пред посебна комисија во Царината, која ќе ги санкционира прекршителите.
ЦАРИНА На терминалот на царинска филијала Железничка станица Гевгелија, царинските работници во камион нашле разна употребувана стока, испорачана од Швајцарија. При прегледот на стоката било констатирано дека количината, видот и вредноста на пријавената стока не одговараат со натоварената стока во ...
Фалсификувани меѓународни дозволи за превоз на стока од трети земји биле пронајдени завчера кај лице од Косово. Царинските работници, на влез во Македонија на терминалот на граничен премин Блаце, кај С.Б. од Нови Пазар пронашле и одзеле фалсификувани меѓународни дозволи за превоз на стока.
Шестотини парчиња разновидна стока биле запленети завчера во камион на терминалот на Железничка станица во Гевгелија. Според Царинската управа, во камионот при контролата, царинските работници откриле 264 парчиња рачен алат, 346 парчиња различни апарати за домаќинство и работни машини, кои возачот ...
Царинските службеници од почетокот на годинава досега заплениле 1,5 милион парчиња фалсификувана стока во над 200 различни акции. Правото на интелектуална сопственост било повредено во 207 случаи, објави Царината на вчерашниот семинар за заштита на правата од интелектуална сопственост, кој го ...
Адидас, најк, хуго бос, лореал, нокиа, ланкоме се фалсификати од трговските марки кои во најголема мера биле стоките кои во првите шест месеци од годинава се увезувале или транзитирале низ наша земја. Ова беше заклучок на семинарот за Заштита на правата од интелектуална сопственост, што се одржува ...
Македонија бележи напредок во борбата против увозот на фалсификувана стока, но за поголеми резултати неопходна е координација на сите инспекциски органи со царинските служби. Од почетокот на годината македонските царински служби заплениле милион и 460 илјади парчиња различна фалсификувана стока.