TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шаренолика понуда на политичките програми

А1 - 13.05.2006

Шаренолика е понудата на политички програми. Партиите лицитираат со се и сешто за да се дојдат до глас повеќе. Најголемите, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе ги напаѓаат гласачите со решавање на приземните проблеми на македонските граѓани. Груевски ќе се бори со слабата економија и намалување на даноците.

Промоција на Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Канал5 - 13.05.2006

Денеска во хотелот Епинал во Битола точно напладне беше промовирана програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори под мотото Преродба во 100 чекори. Битола, 13 мај (МИА) - Денеска во хотелот Епинал во Битола точно напладне беше промовирана програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните ...

Преродба во 100 чекори

Дневник - 12.05.2006

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ декларативните заложби се заменети со конкретни чекори што водат кон остварување на целта. Уште во воведниот дел од програмата експлицитно е посочено дека Мислењето на ЕК од 9 ноември 2005 година, како приоритет број еден за Република Македонија, е и најголемиот дел од ...

Добредојдовте во вардарската силиконска долина!

Утрински - 12.05.2006

Двата најголеми политички ривала, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ги вкрстија копјата Барањата на меѓународната заедница за фер избори ќе ја покачат температурата во кампањата, но во финалето се потребни ладни глави Соња Крамарска Добредојдовте во вардарската силиконска долина! Приближно вака би им се обраќал ...

Груевски нуди „портокалова“ преродба на Македонија

Утрински - 11.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата со која ќе настапи на претстојните парламентарни избори Груевски: За разлика од празните ветувања и неодредените демагошки фрази на СДСМ , програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи конкретни проекти, конкретни бројки и конкретни чекори По стапките на украинските приврзаници ...

Ветувања поткрепени со рокови

Вест - 11.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА Под мотото "Преродба во 100 чекори", ВМРО-ДПМНЕ вчера ја претстави програмата за претстојните парламентарни избори. Програмата во најголемиот дел е посветена на решавање на економските проблеми и борбата против сиромаштијата.

ВМРО-ДПМНЕ нуди економски пресврт

Дневник - 11.05.2006

Се ветува единствена стапка на персоналниот данок од 10 отсто за сите, наместо сегашните 15, 18 и 24 отсто, а ќе се намали и данокот на добивка Демократска, економски силна и социјално праведна земја интегрирана во ЕУ. Тоа е визијата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија во наредните четири години.

Македонија економски ќе се прероди

Време - 11.05.2006

ВМРО - ДПМНЕ ЈА ПРЕТСТАВИ ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА Помала невработеност, повеќе инвестиции, најниски даноци во Европа, субвенции за земјоделците, стипендии за студентите, подобри патишта, праведно здравство, развиен туризам, им нуди ВМРО - ДПМНЕ на граѓаните, ако ја освои власта на парламентарните избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави изборната програма

А1 - 10.05.2006

„Преродба во 100 чекори“. Под овој слоган опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше својата програма за претстојните избори, но и за, како што велат, програмата на следната влада. Основната боја на целата манифестација беше портокаловата, со што опозициската партија веројатно сакаше да алудира ...

Преродба во 100 чекори во портокалово– Груевски ја почна кампањата

Канал5 - 10.05.2006

Со портокалова боја по примерот на европските десни партии и ветување за преродба во 100 чекори, Груевски ќе се бори да добие мандат на парламентарните избори. Екс министерот за финансии се фокусира на економијата во неговата изборна програма Со портокалова боја по примерот на европските десни ...

ВМРО-ДПМНЕ ветува помали даноци и економска преродба

Дневник - 10.05.2006

Ќе се градат два музеја - за ВМРО и за жртвите на комунизмот Намалување на даноците, подобрување на бизнис-климата и спречување на сивата економија се дел од ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понуди во својата изборна програма „Преродба во 100 чекори“.

ВМРО-ДПМНЕ води во Вардарско - пелагонискиот регион, истокот е за СДСМ

Утрински - 09.05.2006

Што велат анкетите: кој ќе победи, а кој ќе изгуби на претстојните избори Според последната анкета, СДСМ има 13,6 проценти, а ВМРО-ДПМНЕ води со 16,4 проценти поддршка Соња Крамарска Вчера пристигнаа резултатите од уште едно истражување на расположението на граѓаните во предвечерието на петтите ...

ДПА е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 08.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ разговара со ДПА за коалирање по парламентарните избори, но засега е прерано да се прават такви комбинации зашто прво треба да се победи, изјави вчера лидерот Никола Груевски. Тој посочи дека неговата партија разговара со сите политички партии со кои може да направи коалиции, но најави ...

Груевски не дава партнерите да имаат пратенички групи

Време - 08.05.2006

ПО ПРВАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА КАНДИДАТСКИТЕ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се најде во тесно по завршувањето на првата рунда преговори со партнерите од опозициската коалиција за кандидатските листи. Поголемите партии од коалицијата, велат партиски извори, бараат најмалку по пет добитни места ...