TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски: Во февруари ќе се знае кој ќе го замени Јордановски

А1 - 15.01.2006

Идниот месец ќе биде познато кој ќе го замени претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, кој наскоро заминува на амбасадорската должност во Вашингтон. Ова, како што јавува дописникот на Макфакс од Битола, го најави денеска премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ...

Бучковски се сретна со првите луѓе на ДПА

А1 - 14.01.2006

Премиерот ја постигна целта. Ги сретна денеска првите луѓе на ДПА. Но не во нивното седиште, туку некаде во средина меѓу Скопје и Тетово. Така било подобро, за да не им се повреди суетата на двете страни. Разговараа два часа. Си разменија мислења на многу теми, но сепак, договор не постигнаа .

Претседателот на ДИК ќе го даде опозицијата

Вест - 14.01.2006

ПРЕГОВОРИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Премиерот Владо Бучковски вчера повеќе од три часа дебатираше со лидерите на опозицијата околу изборното законодавство. Неофицијално се дозна дека власта начелно била согласна со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на Државната изборна комисија да се предлага ...

Груевски појде кај Бучковски, но одби да се слика

Време - 14.01.2006

КОНСУЛТАЦИИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Двете најголеми коалиции, владејачката „За Македонија заедно“ и опозициската „За подобра Македонија“ вчера беа блиску до договорот за новото изборно законодавство, откако лидерот на опозицијата Никола Груевски претходно, во знак на протест, одби да се ...

Опозицијата ќе предлага претседател на ДИК

Дневник - 14.01.2006

ДОГОВори за фер избори Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) ќе го предлагаат опозициските ВМРО-ДПМНЕ и ДПА со писмена согласност од владејачките СДСМ и ДУИ. Тоа го договориле лидерите од опозицијата и од власта, Никола Груевски и Владо Бучковски, на вчерашната маратонска средба во ...

Претседателот на ДИК - предлог на опозицијата

Вечер Прес - 14.01.2006

Средбата на премиерот Владо Бучковски со лидерите на опозиционите партии за изборното законодавство, вчера се одржа зад затворени врати. По барање на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, фотографирање на средбата не беше дозволено.

Бучковски прифати девет од 11 барања на Груевски

А1 - 13.01.2006

Бучковски прифати девет од вкупно 11 барања на Груевски. Ова е резултатот од денешната маратонска средба. По четири часа Бучковски го прифати и предлогот ВМРО-ДПМНЕ да го предложи претседателот на ДИК. „Нашата најкрупна отстапка ја направивме во поглед на изборот на првиот човек на ДИК.

Прв човек на ДИК и список без "фантоми"

Дневник - 13.01.2006

ШТО ЌЕ БАРА ОПОЗИЦИЈАТА ОД ПРЕМИЕРОТ? Сашо Кокаланов Четворицата опозициски лидери Никола Груевски, Марјан Ѓорчев, Стојан Андов и Љубисав Иванов-Ѕинго денеска на средбата со премиерот Владо Бучковски и со другите владејачки лидери ќе изнесат петнаесетина забелешки на изборните закони што ги ...

Бучковски и Груевски со паралел-колумни во "Утрински весник"

Утрински - 13.01.2006

НОВА РУБРИКА Зошто неформалната предизборна кампања за годинашниве парламентарни избори партиите ја почнаа толку рано и колку тоа може негативно или позитивно да се одрази врз процесот на реформите што се спроведуваат во земјава и врз исполнувањето на условите што ни ги постави Европската унија со ...

ВМРО-ДПМНЕ е против службеници-послушници во изборните органи

Утрински - 13.01.2006

Бучковски и Груевски во друштво со коалициските партнери денеска ќе ги пеглаат разликите за изборното законодавство Неизвесно е дали Бучковски ќе се сретне со Џафери. ДПА сў уште е цврста во ставот дека нема да оди на средба.

Средба на премиерот со лидерите на опозициските партии

Канал5 - 13.01.2006

Во Клубот на пратеници во Скопје во тек е средба на премиерот Владо Бучковски со лидерите на опозицијата, но од речиси тричасовната средба се уште нема никакви изјави. Скопје, 12 јануари (МИА) - Во Клубот на пратеници во Скопје во тек е средба на премиерот Владо Бучковски со лидерите на ...

Занимација, втор дел

Дневник - 13.01.2006

Трајко Славески Опозицијата, заменета во ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, повторно стана опсесија на челните луѓе од власта, во моментов носители на високи и одговорни државни функции. Имаше мала пауза од неколку недели во пресрет на одлуката за кандидатскиот статус на Република Македонија за прием во ...

Груевски ја прифати лидерската средба кај Бучковски

Вечер Прес - 13.01.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја прифати поканата на премиерот Владо Бучковски за учество во новата рунда разговори меѓу лидерите на политичките партии за изготвување на ново изборно законодавство. Тој вчера со писмо го информирал Бучковски дека заедно со своите коалициони партнери ќе ...

Груевски дефинитивно ќе оди кај Бучковски

А1 - 12.01.2006

Груевски утре кај Премиерот. Ќе настапи со конкретни предлози. Од Бучковски ќе побара да се согласи со идејата, Претседателот на ДИК да биде предложен од опозиционите партии, кои на минатите избори освоија повеќе пратенички места. Тоа се ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

ВМРО-Народна со два услова

Дневник - 12.01.2006

СРЕДБИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВМРО-Народна партија ќе гласа за изборните закони ако власта им прифати барем едно од две барања: целосна професионализација на изборните органи и претседателот на ДИК да се избира или со ждрепка или со двотретинско мнозинство во Собранието, дознаваме од партиски ...

Анета Бучковска и Тоше во дует

Вест - 12.01.2006

ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО КРУШЕВО Поп sвездата Тоше Проески за време на новогодишните празници и пеел на увце на сопругата на премиерот Анета Бучковска. Тоше специјално за Анета испеал неколку песни, кои таа ги одбрала, а подоцна и запеала со него.

Бучковски и Јаневска за изборно законодавство

Канал5 - 12.01.2006

Молк за изборниот датум. Бучковски и Јаневска не разговарале за тоа. Канал 5 дознава дека премиерот го избегнал одговорот на прашањето од претседателката на ВМРО Народна – дали 9 јули е денот кога ќе се одржат парламентарните избори? Инсистирал на дебата за изборниот законик..

Премиерот се извини

Вест - 12.01.2006

ЕКСПРЕСНО ЗАВРШИ СУДСКИОТ СПОР ВО КОЈ Д-Р ЃОРЃЕ МАРЈАНОВИЌ ГО ТУЖЕШЕ Д-Р ВЛАДО БУЧКОВСКИ ЗА КЛЕВЕТА "Обајцата почнуваме некоја предизборна кампања да покажеме пред народот дека Македонија е правна држава. Ова не се случило, премиер да се одзве на тужба", кажа професорот Марјановиќ откако премиерот ...

ДПА самата се исклучи

Дневник - 12.01.2006

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Од албанскиот политички блок само ДПА нема да се сретне со премиерот Владо Бучковски за изборното законодавство. Неизвесно е и дали Бучковски ќе има кој да го прими во Тетово ако евентуално реши да појде таму, бидејќи лидерот на ДПА Арбен Џафери најверојатно деновиве ќе биде ...

Професорот и даде десетка на судијката Спиреска

Утрински - 12.01.2006

ПОФАЛБА "Не знам колку добил премиерот на испит, ама судијката има десетка", рече Марјановиќ кога беше прекинато вчерашното рочиште за неговиот случај откако премиерот Бучковски му се извини за обвинувањата. Најавувајќи дека почнуваат предизборна кампања за да покажат пред народот дека Македонија е ...

Премиерот му се извини на Марјановиќ

Време - 12.01.2006

ПРЕСУДА ЗА КЛЕВЕТА Премиерот Владо Бучковски вчера во Основниот суд Скопје 1 јавно му се извини на лидерот на Лигата за демократија, професорот Ѓорѓи Марјановиќ, за нанесена клевета, со што заврши судскиот процес. Кривичната пријава за клевета беше поднесена минатата година откако премиерот ...

Премиерот за казна му се извини на Марјановиќ

Дневник - 12.01.2006

ЏЕНТЛМЕНСКА НАМЕСТО СУДСКА РАЗВРСКА Лидерот на Лигата за демократија и советник во Советот на Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ, вчера ја повлече тужбата за клевета против премиерот Владо Бучковски откако тужениот јавно му се извини за обвинувањето дека ја злоупотребил советничката позиција за да го вработи ...

Бучковски му се извини на Марјановиќ

Утрински - 12.01.2006

Пензионираниот професор по кривично право ја повлече тужбата за клевета против премиерот Премиерот Владо Бучковски на првиот претрес закажан вчера во Основниот суд Скопје 1 јавно му се извини на пензионираниот професор по кривично право и почесен претседател на Лигата за демократија, Ѓорѓи ...

Бучковски и Груевски го резервираа петок 13 за средба

Канал5 - 12.01.2006

По серијата преписки, конечно падна договорот - на петок 13 ти, ќе се сретнат Бучковски и Груевски. На утрешната средба влегуваат со дијаметрално различни позиции, партнерите на Груевски наспроти коалицијата предводена од СДСМ.

Јаневска тврди дека Груевски и СДСМ ќе направат изборен пазар

Утрински - 12.01.2006

Партиите преговараат во потрага по политички консензус за изборното законодавство КАТИЦА ЧАНГОВА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и СДСМ ќе направат изборен пазар, обвини вчера в.д. претседателката на ВМРО-Народна партија, Весна Јаневска, по првата официјална консултативна средба со ...

Терминот е небитен, важно е да има фер избори

Време - 12.01.2006

БУЧКОВСКИ И ЈАНЕВСКА СЕ ДОГОВОРИЈА Фер и демократски избори се побитни од терминот за нивното одржување и од резултатите што партиите ќе ги остварат, се согласија вчера премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски и в.д. претседателката на ВМРО-НП Весна Јаневска.

Опозицијата бара професионализација на ДИК и на изборните органи

Вечер Прес - 12.01.2006

Со договорната средба на сите коалициони владини партнери, како и со одвоената консултативна средба со делегација на ВМРО-Народна, премиерот Владо Бучковски вчера ја отвори новата рунда разговори за изборното законодавство. Од првата внатрекоалициска средба не се дадоа никакви детали, оставајќи ...

Бучковски се извини, Марјановиќ ја повлече тужбата

Вечер Прес - 12.01.2006

Премиерот Владо Бучковски и претседателот на Лигата за демократија, Ѓорѓи Марјановиќ се спогодија на суд. Премиерот јавно се извини за пресилно изречениот збор, а неговиот поранешен професор ја повлече тужбата за клевета. По вчерашното појавување на Бучковски уште на првото рочиште во судот, ...

Десетка за судијката

Вечер Прес - 12.01.2006

Марјановиќ версус Бучковски, судски случај што вчера ја разбранува јавноста. Премиерот се појави сам на обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1, против својот некогашен професор, подоцна колега, но и политички противник.

Почнаа консултациите околу изборните закони

А1 - 11.01.2006

Почнаа консултациите околу изборните закони. Некој конкретен договор денеска не падна. Премиерот Бучковски само ги слушна забелешките на политичките партии. Од опозицијата, први кај него отидоа ВМРО-Народна. Му ги изнесоа нивните предлози. Бараат целосна департизација на изборните органи.

Бучковски му се извини на Марјановиќ

А1 - 11.01.2006

Премиерот Бучковски му се извини на професорот Марјановиќ, во судница за кажана клевета минатата година. Процесот заврши експресно. Двајцата насмеани од судницата. Не кажаа дали затоа што одамна се немаат видено или пак судијката ги развесели.

Спикерот Јордановски ново тркач на Бучковски

Вест - 11.01.2006

КОАЛИЦИЈАТА " ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА" ГИ СТОКМИ НОСИТЕЛИТЕ ЗА ПАРЛАМЕТАРНИТЕ ИЗБОРИ Коалицијата "ЗА" предводена од СДСМ ги договорила носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Во првата изборна единица носител е лидерот на социјалдемократите Владо Бучковски.

Опозицијата тактизира со поканата на Бучковски

Дневник - 11.01.2006

ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Четворицата опозициски лидери Никола Груевски, Марјан Ѓорчев, Стојан Андов и Љубисав Иванов-Ѕинго се уште не одговориле на писмената покана на претседателот на СДСМ и премиер Владо Буковски за средба в петок, на која ќе се зборува за изборното ...

Бучковски јавно му се извини на Марјановиќ за сторена клевета

Канал5 - 11.01.2006

Премиерот Владо Бучковски денеска јавно на суд му се извини на професорот Ѓорѓе Марјановиќ оти го наклеветил преку весник. Со тоа и заврши судската постапка што Марјановиќ ја покрена против Бучковски негов студент и колега од Правниот факултет за клевета.

Консензусот запечатен во писмо

Време - 11.01.2006

ПРЕД ДЕБАТАТА ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА Александра М. Митевска Со допишувања меѓу премиерот Владо Бучковски и опозиционерите предводени од Никола Груевски почна потрагата по консензус за новото изборно законодавство, кое треба да овозможи фер и демократски избори, какви што препорачува ЕУ.

Народна на разговори, Груевски пишува ново писмо

Вечер Прес - 11.01.2006

Со средбата со претставници од ВМРО-Народна премиерот Владо Бучковски денеска ќе ги почне партиските консултациите за донесувањето на новиот изборен кодекс. Во делегацијата на ВМРО-Народна ќе бидат в.д. претседателот Весна Јаневска и пратениците Блаже Стојановски и Љупчо Балковски кои на премиерот ...

Груевски ја потврди средбата со Бучковски

А1 - 10.01.2006

Груевски ќе му праќа ново писмо на Бучковски. Според информации на А1, со него дефинитивно ќе ја потврди средбата најавена за в петок, на тема изборно законодавство. Извори во ВМРО-ДПМНЕ велат, дека се изненадени од одговорот на Бучковски, во кој најавува дека со себе ќе ги земе и своите компањони ...

Бучковски и Груевски в петок ќе ги отворат картите за изборите?

Утрински - 10.01.2006

Парламентарните партии од власта и од опозицијата на заедничка маса за изборното законодавство Партиските лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговарат и за можниот датум на избори КАТИЦА ЧАНГОВА Владо Бучковски и Никола Груевски ќе ги отворат картите за изборите најверојатно в петок, 13 јануари, на ...

Бучковски ја презакажа средбата за петок 13-ти

Време - 10.01.2006

ПРОДОЛЖУВА ПРЕПИСКАТА МЕЃУ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА Премиерот Владо Бучковски в петок ги кани на заедничка средба за новата изборна регулатива лидерите на парламентарните партии од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Иако претходно планираше поединечни разговори, премиерот се премисли откако лидерите ...

Бучковски на средба со опозицијата без објективи

Дневник - 10.01.2006

ОТКАКО СИ РАЗМЕНИЈА ПИСМА Претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски вчера прифати средба за изборното законодавство со опозициските лидери на која ќе нема заеднички фотографирања и поздравувања. Тој со писмо ги известил за ова претседателите на ВМРО ДПМНЕ - Никола Груевски, на ЛП - Стојан ...

Политичарите за средбата се допишуваат преку медиумите

А1 - 09.01.2006

Политичарите се допишуваат преку медиумите. Бучковски му одговори на Груевски, а тој пак доби писмо од Џафери. Тема - изборното законодавство како причина кој да испадне поголем фајтер. Бучковски го информираше Груевски дека наспроти него, Андов, Ѓорчев и Иванов, на средбата ги повикал да седнат ...

Државата ќе помогне да се спречи излевањето на Вардар

Време - 09.01.2006

БУЧКОВСКИ ВО ТЕТОВСКО Премиерот Владо Бучковски вчера го посети селото Жилче, едно од поплавените места во општината Јегуновце. За време на престојот од петнаесетина минути ја виде состојбата во две куќи. - Државата напролет ќе почне два проекта со кои ќе треба целосно да се реши проблемот со ...

И Бучковски си обезбеди друштво за средбата со Груевски

Канал5 - 09.01.2006

И премиерот нема да остане сам. На средбата со Груевски и неговите коалициски партнери, ќе ја седне на маса целата коалиција „За Македонија заедно“. И премиерот нема да остане сам. На средбата со Груевски и неговите коалициски партнери, ќе ја седне на маса целата коалиција За Македонија заедно .

Бучковски има вишок кандидати за изборната трка

Време - 09.01.2006

Александра М. Митевска Александра М. Митевска Помал одѕив на гласачи е варијантата што би и одговарала на власта на претстојните парламентарни избори, поради што се размислува гласањето да биде во јули. Тогаш владејачките партии би се потпреле на својата стабилна гласачка маса, користејќи ја ...

Груевски ќе оди кај Бучковски, но со Андов, Ѓорчев и Иванов

Утрински - 09.01.2006

По поканата на претседателот на Владата до партиите за постигнување консензус околу изборниот законик ДПА не можела да отстапи од нивните стојалишта †поради вештачко градење на добар имиџ во одредени кругови" КАТИЦА ЧАНГОВА Груевски ќе му оди на Бучковски на разговор за изборниот законик, но заедно ...

Опозицијата сака тон без слика

Дневник - 09.01.2006

ЌЕ ИМА ЛИ СРЕДБА ЗА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ? Лидерите на опозициските ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, Земјоделска-народна партија и Социјалистичка партија ќе ја прифатат поканата на премиерот Владо Бучковски да разговараат за новото изборно законодавство ако состанокот не биде искористен за лажно демонстрирање на ...

Изборите ќе бидат тест за капацитетот на институциите

Утрински - 09.01.2006

Премиерот Владо Бучковски оптимист за иднината на земјава "Мора да обезбедиме фер и демократски избори и тука треба да имаме нула толеранција. Организирањето на ваков вид избори ќе покаже две клучни придобивки. Првата, дека сме успеале да изградиме институции што имаат капацитет да ги апсорбираат ...

На Груевски сите му се нудат, тој избира

Време - 09.01.2006

КОЈ СО КОГО НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ? Диана Младеновска Со влегувањето во изборната година се очекува да почнат меѓупартиските средби заради дефинирање на односот на силите на претстојните парламентарни избори. Во опозицискиот блок нема официјални најави дека пред изборите би можело да има некакви ...

Бучковски ги кани неделава партиските лидери на средба

Макфакс - 09.01.2006

Скопје Премиерот Владо Бучковски до крајот на неделава треба да оствари средба со опозиционите лидери во врска со изборното законодавство. Минатата недела премиерот испрати покани до Марјан Ѓорчев од Земјоделската Народна Партија, Стојан Андов од Либералната партија, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Заедничка средба за изборното законодавство

Вечер Прес - 09.01.2006

Премиерот Владо Бучковски ќе го прифати барањето на опозициските лидери Никола Груевски, Стојан Андов, Марјан Ѓорчев и Љубисав Иванов-Ѕинго, наместо одвоени, да одржат заедничка работна средба во врска со изборното законодавство.