TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија го освои второто место на турнирот во Техеран

А1 - 13.11.2005

Комбинираната или „Б“ фудбалска репрезентација на Македонија го освои второто место на меѓународниот турнир во Техеран. Во финалниот натпревар составот на Мирсад Јонуз загуби од учесникот на претстојното светско првенство Парагвај со 1:0.

Б-тимот го совлада Иран!

Време - 12.11.2005

ТУРНИР ЧЕТИРИ НАЦИИ ВО ТЕХЕРАН Македонската фудбалска Б-репрезентација направи големо изненадување совладувајќи го Иран со 2-1 во полуфиналниот натпревар од Турнирот на четирите нации, кој се одржува во Техеран. Без нималку страв, младите играчи на Мирсад Јонуз, комбинирани со играчи од А-тимот, му ...

Македонија го победи Иран со 2:1

А1 - 11.11.2005

Комбинираниот или „Б“ состав на македонската фудбалска репрезентација ќе игра со Парагвај во финалето на меѓународниот турнир во Техеран, по неочекуваниот триумф од 2:1 над најдобрата селекција на домаќинот Иран. Македонските фудбалери постигнаа два гола од единствените два удара на голот на Иран, ...

Јонуз ќе им спарингува на домаќините

Вест - 11.11.2005

Нашата комбинирана фудбалска репрезентација денеска игра против Иран Македонската фудбалска репрезентација во комбиниран состав денеска во Техеран, во рамките на Турнирот на четири нации, ќе му се спротивстави на домаќинот Иран, инаку учесник на завршницата на Светското првенство 2006 во Германија.

Јонуз: Домаќинот е фаворит за освојување на турнирот

Утрински - 11.11.2005

Денес против Иран Фудбалската експедиција од Македонија која под водство на селекторот Мирсад Јонуз веќе трет ден престојува во главниот град на Иран Техеран попладнево (во 15 или 17 часот по македонско време, има две контрадикторни информации околу сатницата на почетокот на првиот меч на ...

Огнено крштевање за Јонуз пред 100.000 гледачи

Време - 11.11.2005

ДЕНЕСКА ВО ТЕХЕРАН: ИРАН - МАКЕДОНИЈА Македонската фудбалска Б-репрезентација, составена од младинските репрезентативци, некогашните А-репрезентативци и од фудбалери од домашното првенство, денеска од 17 часот ќе „гори“ пред стоилјадната публика во Техеран, на мегдан кај домаќинот Иран, во рамките ...

Нашата репрезентација три часа подоцна

Вест - 10.11.2005

Промена на сатниците на турнирот во Иран Организаторот на турнирот во Техеран, на кој учествува и нашата фудбалска репрезентација, сепак, одлучи да ги промени сатниците на одигрување на двата полуфинални натпревара кои ќе се одиграат утре.

Строго забрането ракување со жени!

Време - 09.11.2005

ВО ИРАН ИМА МАЛКУ ПОИНАКВИ НОРМИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ Златко Крстевски Македонските фудбалски репрезентативци нема да смеат ниту да помислат да се ракуваат со жена додека престојуваат на турнирот во Техеран, зашто тоа е најстрого што се казнува според нормите за однесување во Иран, каде што важи ...

Репрезентацијата, сепак, отпатува за Иран

Вест - 09.11.2005

По многу неизвесности околу одржувањето на турнирот во Техеран Спонзорот ЛЏ го откажал спонзорирањето на турнирот и на негово место е ангажирана иранската нафтена компанија "Иранол". - Неизвесност околу учеството на Того. - Менаџерската компанија "Кам" и ги исплати комп Нешто слично како и пред ...

По повредените, сега и навредени

Дневник - 09.11.2005

ТУРНИРОТ ВО ТЕХЕРАН СЕПАК ЌЕ СЕ ИГРА Комбинираната фудбалска репрезентација на Македонија со кадровски проблеми вчера напладне летна за Истанбул, од каде што ќе продолжи за Техеран, на пријателскиот фудбалски турнир. По Влатко Гроздановски и Васко Митрев, нови откази со образложение дека се ...

Репрезентацијата отпатува, турнирот во Техеран, сепак, ќе се одигра

Утрински - 09.11.2005

Политички проблем се закани да го сопре одржувањето на традиционалниот турнир во Иран Лазе Митроски: Немаме најави дека овој фудбалски собир нема да се одржи Емил Китановски Еден воопшто ненаивен политички проблем кога станува збор за генералната политика на исламската Република Иран во текот на ...

„Висеше“ одржувањето на турнирот во Техеран

Време - 09.11.2005

ПОРАДИ МЕШАЊЕТО НА ПОЛИТИКАТА ВО СПОРТОТ Иранската влада прексиноќа и нареди на Фудбалската федерација на таа земја да му откаже љубов на спонзорот, јужнокорејската компанија ЛЏ, откако односите помеѓу Иран и Јужна Кореја драстично се влошиле.

И Петров и А.Митрески му свртија грб на Јонуз

Вечер Прес - 09.11.2005

Македонската фудбалска репрезентации, што наредниот викенд ќе на претставуваат на турнирот во Техеран (од 11 до 13 ноември), вчера преку Истанбул замина за Иран. Турнирот во Техеран, не се игра под името "ЛЏ", како што беше најавуван претходно. Поради политички несогласувања меѓу Иран и Ј.

Во Техеран над 12 милиони жители

А1 - 08.11.2005

Бројот на жителите на иранскиот главен град Техеран надмина 12 милиони, објави иранската служба за статистика. Според најновиот извештај, во Техеран заедно со предградијата живеат повеќе од 12,1 милион жители. Пред револуцијата во 1979 година, во Техеран живееле 3,5 милиони луѓе.

Мирсад Јонуз ја предводи фудбалската репрзентација на ЛЏ турнирот

А1 - 08.11.2005

Македонската фудбалска репрезентација предводена од Мирсад Јонуз од вечерва во Техеран ќе се подготвува за настапот на ЛЏ турнирот. По откажувањето на Алескандар Митревски и на Роберт Попов поради повреди, Јонуз го повика играчот на победа Благојче Георгиевски за натпреварот в петок против ...

Трајчов и Нухии - нови имиња

Дневник - 08.11.2005

КОМБИНИРАНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОПЛАДНЕВО ПАТУВА ЗА ТЕХЕРАН Ванчо Трајчов и Ардијан Нухии од редовите на шампионот Работнички Кометал се двете нови имиња во комбинираниот состав на македонската репрезентација, која попладнево од Скопје преку Истанбул ќе замине за Техеран.

Јонуз: Со менаџерот го исправив недоразбирањето

Утрински - 08.11.2005

На брифингот во Техеран, скромно претставена селекција на Македонија Претстојниот силен меѓународен фудбалски турнир кој ќе се одржи во Иран, пред неколку дена ја имаше својата официјална промоција во Техеран. На брифингот биле претставени сите репрезентации учеснички на овој фудбалски самит, а ...

Гроздановски и Божиновски не добија дозвола од клубовите

Дневник - 07.11.2005

СОБИР ЗА СЕЛЕКЦИЈАТА ШТО ЌЕ ПАТУВА ЗА ИРАН Влатко Гроздановски од кипарската Омонија и Васко Божиновски од хрватскиот Камен Инград не добија дозволи од своите клубови да играат за македонската селекција која ќе патува на турнир во Иран.