TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бошковски е во својата луксузна куќа во Бале на Истра

А1 - 09.05.2004

Љубе Бошковски е во својата луксузна хрватска куќа во Бале на Истра. Се појавува одвреме навреме така барем велат двајца вработени во домашната послуга на Бошкоски, со кои разговаравме попладнево. Според нив Бошкоски не контактира директно со заинтересираните новинари, туку дека неговата ...

Костов не чувствува одговорност за бегството на Бошковски

А1 - 08.05.2004

Од како Љубе Бошковски се појави на хрватската телевизија, министерот за внатрешни работи Хари Костов, потврди дека тој побегнал. Костов не знае како Бошковски ја поминал границата. „Љубе Бошковски ја напуштил Македонија илегално“, изјави Костов.

Брат Љубе од вчера во Хрватска

Време - 08.05.2004

ОФИЦИЈАЛЕН ЗАГРЕБ ПОТВРДИ Александар Божиновски Љубе Бошковски избега во Хрватска. Ова вчера доцна попладне и официјално го потврди Златко Мехун, портпарол на Министерството за внатрешни работи на таа земја. - Господинот Бошковски законски со својот хрватски пасош денеска околу 14 часот влезе во ...

Георгиевски бара алиби за себе во колатерната штета

Утрински - 08.05.2004

"Случајот Раштански Лозја" го стеснува кругот околу главните носители на власта од претходната гарнитура Основните пораки што ги упати експремиерот од собраниската говорница беа дека сў што се прави во Македонија од 15 септември е политички реваншизам Гордана Дувњак Барањето за притвор на ...

Бошковски се крие во Истра

Дневник - 08.05.2004

Според хрватската полициЈа Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е во Хрватска, соопшти вчера портпаролот на хрватската полиција, Златко Мехуњ. Хрватското МВР нема сознанија каде точно престојува Бошковски, но се претпоставува дека тој е во Истра.

КОСТОВ: БОШКОСКИ ВО САБОТАТА ИЛЕГАЛНО ПОБЕГНАЛ ОД МАКЕДОНИЈА

Канал5 - 08.05.2004

Љубе Бошкоски илегално ја напуштил Македонија во саботата кога немаше налог од МВР за негово приведување, изјави денеска министерот за внатрешни работи Хари Костов, по средбата во Охрид со албанскиот министер за јавен ред Игли Тоска.

Бошкоски се огласи од Хрватска

Утрински - 08.05.2004

Обвинетиот ексминистер за "случајот Раштански Лозја" се јави од Загреб Ќе дојдам во Македонија ако ми биде вратен пратеничкиот имунитет Љубе Бошкоски, поранешниот министер за внатрешни работи, кој им е недостапен на македонските власти и по кого е распишана потерница, се наоѓа во Загреб.

Хрватска нема обврска да го испорача Бошкоски во Македонија

Утрински - 08.05.2004

Двојното државјанство на ексминистерот го усложнува процесот на негова евентуална екстрадиција Македонија и Хрватска немаат договор за екстрадиција, па единствена опција е договорот за отстапувањето на кривичното гонење за да му се суди таму за истото кривично дело Борис Георгиевски Хрватска не ...

Да се одржат предвремени парламентарни избори

Време - 08.05.2004

КОАЛИЦИЈАТА „ТРЕТИОТ ПАТ“ БАРА Коалицијата „Третиот пат“ бара предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го искажат своето незадоволство од катастрофалното владеење на власта. - Граѓаните се незадоволни поради неангажираноста и катастрофалните економски резултати од досегашното владеење - ...

Љубе Бошковски е во Хрватска

А1 - 07.05.2004

Љубе Бошковски е во Хрватска. Хрватската полиција вчера за ова го известила македонскиот Интерпол и чека одговор за понатамошно постапување. „Г. Љубе Бошковски е во Р. Хрватска. За тоа хрватската полиција го извести Интерпол во Скопје со вчерашниот допис.

Љубе Бошковски се врати дома, но не во Скопје, туку во Хрватска.

Канал5 - 07.05.2004

Таму тој пристигнал пред два дена, а хрватската полиција веке го лоцирала неговото движење. Иако хрватската полиција уште вчера го информирале македонскиот Интерпол дека Бошковски е во Хрватска, од македонските државни органи сеуште нема информација Таму тој пристигнал пред два дена, а хрватската ...

Костов тврди дека нема добиено понуда за премиер

Утрински - 07.05.2004

Министерот за внатрешни работи со објаснување за својата политичка иднина Министерот Костов дообјасни дека македонската полиција знае каде се крие Љубе Бошкоски, меѓутоа нема да презема никакви акции против него и ќе чека тој самиот да отиде пред истражниот судија Сашко Димевски "Засега се гледам ...

Костов: Ако Љубе е патриот, сам ќе се пријави

Време - 07.05.2004

МВР ЧЕКА ПОТЕГ ОД БОШКОВСКИ Министерот за внатрешни работи Хари Костов чека Љубе Бошковски сам да се појави пред истражниот судија, бидејќи самиот го најавил тоа уште во понеделникот. - Ние не го бараме Бошковски. Тој си кажа дека е патриот, дека би му било чест да оди во затвор со другите ...

Батлер и ЦИА знаеле за терористичката група

Дневник - 07.05.2004

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА „РАШТАНСКИ ЛОЗЈА“ Две недели пред акцијата во Раштански лозја тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски ги информирал американскиот амбасадор во Скопје, Лоренс Батлер, и шефот на Бирото на ЦИА во Македонија дека во земјава влегла група терористи, кои планирале напади врз ...

МВР знае кај е Љубе,ама не го бара

Вест - 07.05.2004

МВР не го бара ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Против него се распишани две потерници- изјави вчера министерот за внатрешни работи Хари Костов и додаде "тој само пред три дена даваше изјави пред јавноста дека сам ќе се јавел во судот, дека сакал да биде во притвор заедно со ...

Бошкоски како да пропадна в земја

Утрински - 07.05.2004

Контроверзности за тоа каде е ексминистерот на МВР осомничен за убиството кај Раштански Лозја Љубе Бошкоски го нема. Едноставно како да пропадна во земја. Ниту неговите блиски ниту адвокатите не сакаат да кажат каде се крие ексминистерот обвинет за нарачано убиство на седумтемина емигранти кај ...

Костов: „Полицијата нема повеќе да го бара Љубе“

А1 - 06.05.2004

Полицијата нема повеќе да го бара Љубе Бошковски, туку ќе чека сам да се пријави кај истражниот судија, најави денеска министерот за внатрешни работи Хари Костов. „Човек толку храбар, рече дека кога Собранието ќе донесе одлука тој сам ќе се пријави, бидејќи му било чест да биде заедно со неговите ...

НАТО: Имаше нешто чудно во случајот Раштански лозја

Вест - 06.05.2004

"Многу е рано да се даде коментар за случајот Раштански лозја, но, добро е што македонската власт повторно направи анализа на овој случај, бидејќи со тоа се обезбедува доза на поголема сигурност, не само за македонските граѓани, туку и за семејствата на загинатите пакистански државјани, изјави Крег ...

Завршена собраниска процедура за Љубе Бошковски

Канал5 - 06.05.2004

Парламентот не го усвои барањето на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ со кое бараше се информација за постапката за одобрувањето притвор на пратеникот Љубе Бошкоски. Опозиционерите му предложија на Собранието да констатира дека комисијата за деловнички Парламентот не го усвои барањето на ...

Прилепските лавови со поддршка на брат Љубе

Време - 06.05.2004

Припадници на поранешната единица „Лавови“ и симпатизери на Љубе Бошковски вчера во Прилеп на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ организираа митинг во знак на поддршка, најавувајќи за 25 мај генерален протест на кој ќе присуствуваат „лавови“ од цела Македонија.

„Раштански лозја“ нема политичка заднина

Дневник - 06.05.2004

СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Имаше нешто чудно во целиот случај и требаше да биде разгледан, изјави портпаролот на НАТО Крег Ратклиф Случајот „Раштански лозјаа“ е криминален и нема политичка заднина, оценија меѓународните претставници во Македонија.

Костов го прозва Георгиевски за Раштански Лозја

Утрински - 06.05.2004

Собранието вчера ја потврди одлуката на Комисијата за одземање на имунитетот на Бошкоски ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера на итна седница ја потврди одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесена во петокот, со која му се одзеде иминитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ...

Само Љубе си знае каде е!

Дневник - 06.05.2004

ПО РАСПИШАНАТА ПОТЕРНИЦА по поранешниот министер за внатрешни работи Се шпекулира дека Бошковски избегал во Бугарија Полицијата трага по пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љубе Бошковски, но нема да го приведе пред да заврши собраниската седница на која се расправа за одземањето на неговиот имунитет.

Разрешницата на Раштански Лозја е без политичка заднина

Утрински - 06.05.2004

СТАВ Во врска со епилогот на "случајот Раштански Лозја", портпаролите на НАТО, ЕУ и на ОБСЕ ја поздравија заложбата на македонските власти за решавање на случајот, додавајќи дека сў уште е рано тој да се коментира. "Направена е истрага, случајот е затворен и сега се на ред судските власти", изјави ...

Случајот кај Раштански Лозја е класичен пример на убиство

Утрински - 06.05.2004

БАТЛЕР ТЕТОВО - "Длабоко сме загрижени за она што се случи кај Раштански Лозја. Тоа беше класичен пример на убиство. Тогаш баравме од македонските власти да го расчистат случајот. До нас немаше информации дека во Македонија влегле муџахедини или терористи.

Остра дебата за имунитетот на Бошкоски

Вест - 06.05.2004

Пратениците од опозицијата вчера во Собранието повикаа да се отфрли одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со која се симна пратеничкиот имунитет на Љубе Бошкоски, бидејќи од Пратениците од опозицијата вчера во Собранието повикаа да се отфрли одлуката на Комисијата за ...

На Бошкоски му се губи трагата од понеделникот

Утрински - 06.05.2004

Ексминистерот осомничен за убиство на седум странски емигранти во 2002 година не е достапен на органите на прогонот Томислав Кежаровски Ексминистерот Љубе Бошкоски, осомничен за вмешаност во убиството на седумтемина странци кај Раштански Лозја во 2002 година, ниту вчера не им беше достапен на ...

Министерот на МВР Хари Костов очекува Љубе да си ги исполни ветувањата

Канал5 - 06.05.2004

Министерот за внатрешни работи Хари Костов, не е загрижен поради тоа што неговиот претходник, Љубе Бошковски е недостапен за полицијата. Тој комотно очекува Бошковски да ги исполни своите ветувања. Костов го повтори барањето до пратеникот Љубчо Георги Министерот за внатрешни работи Хари Костов, не ...

Хари Костов: Дали Љубчо како премиер ја одобри акцијата кај Раштански лозја

Вест - 06.05.2004

Министерот за внатрешни работи Хари Костов на вчерашната собраниска седница го запраша Љубчо Георгиевски дали тој знаел за акцијата во Раштански лозја, дали акцијата била планирана и дали дал зелено светло за акцијата, бидејќи како премиер морал да знае за таква акција.

Меѓународната заедница очекува властите да го решат случајот

Време - 06.05.2004

„РАШТАНСКИ ЛОЗЈА“ Меѓународната заедница очекува македонските власти да го решат случајот „Раштански Лозја“. Европската Унија го набљудува случајот, ОБСЕ е заинтересиран за судската разврска, а НАТО бара од надлежните органи да го расветлат овој случај.

Бошковски се крие кај пријател во Скопје?

Време - 06.05.2004

СИТЕ ГО БАРААТ БРАТ ЉУБЕ Александар Божиновски Љубе Бошковски се облекол како калуѓерка и се скрил во женскиот манастир во Вељуса кај Струмица, Љубе заминал за Бугарија, Бошковски е во Скопје и го чува полицијата, Братот му ја летнал за Хрватска, а оттаму фатил друг авион за непознат правец - ова е ...

Собранието ја потврди одлуката за притвор на Бошковски

А1 - 05.05.2004

Собранието доцна попладнево со 60 гласови ја потврди одлуката на мандатно имунитетната комисија која во петокот одобри притвор за пратеникот Љубе Бошковски. Опозиционите пратеници и денеска на итната собраниска седница ја бранеа тезата дека со одлуката на мандатно имунитетната комисија е прекршена ...

НАТО, ОБСЕ и ЕУ: Случајот раштански лозја нема политички реваншизам

А1 - 05.05.2004

НАТО, ОБСЕ и ЕУ сметаат дека зад повторното отворање на случајот раштански лозја нема политички реваншизам. Меѓународната заедница, македонските граѓани и семејствата на загинатите Пакистанци и Индиец, заслужуваат да ја дознаат вистината, велат портпаролите на овие меѓународни организации во Скопје.

МВР знае каде е Бошковски

А1 - 05.05.2004

Полицијата знае каде е Љубе Бошковски и ќе ги превземе сите мерки за негово изнесување пред суд. Откако и собранието одобри пратеникот Љубе Бошковски да биде приведен на судско испитување, за МВР нема никаква пречка тоа да го стори уште вечерва.

СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ЗА ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНИТЕТ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ

Канал5 - 05.05.2004

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на итна седница расправаат за Одлуката на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на пратеникот Љубе Бошкоски, поради сомнение дека е вмешан во случајот Пратениците во Собранието на Република ...

Итна седница за одземање на имунитетот на Љубе Бошкоски

Утрински - 05.05.2004

СОБРАНИЕ Спикерот Љупчо Јордановски за денеска во 10 часот свика итна седница за одземање на имунитетот на пратеникот Љубе Бошкоски.Ова итно собраниско свикување е по барање на парламентарците од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно, минатиот петок, Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања му ...

Граничните служби на штрек

Дневник - 05.05.2004

По налог на истражниот судија издаден вчера во раните утрински часови, припадници на МВР извршија претрес во домот на Љубе Бошковски и во хотелот "Амбасадор" во Скопје, но не го пронајдоа - соопшти Мирјана Контевска, портпаролка на МВР.

Љубе исчезна

Вест - 05.05.2004

МВР НА МАКИ Полицијата вчераутрото тргнала да го приведе Бошкоски пред истражен судија но, не го нашла ни во неговиот дом на Водно, ниту во хотелот Амбасадор ниту пак на други места каде што барала, па е распишана потерни Љубе Бошкоски го нема.

Бошкоски се крие од полиција, адвокатите тврдат дека е уапсен

Утрински - 05.05.2004

МВР имаше два неуспешни обида да го уапси поранешниот министер за внатрешни работи осомничен за "Раштански Лозја" Од Љубе Бошкоски, осомничен за убиството на седумтемина странски емигранти кај Раштански Лозја, нема ниту трага ниту глас.

Собранието ќе расправа за имунитетот на Бошковски

Време - 05.05.2004

ДЕНЕСКА ИТНА СЕДНИЦА Денеска, со почеток во 10 часот, Собранието ќе одржи итна седница, на која ќе се расправа за барањето на обвинителството за одобрување притвор на пратеникот Љубе Бошкоски. За ова вчера информира претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, објаснувајќи дека седницата ја ...

Љубе Бошковски избегал

Време - 05.05.2004

МВР И АДВОКАТИТЕ ВО РОВОВСКА БИТКА Александар Божиновски Четириесетина полицајци од специјалните единици на МВР со две полициски комбиња и уште десетина цивилни автомобили вчера не го најдоа поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски ниту во неговата куќа на улицата Мечкин Камен во ...

Љубе го има само на потерница

Дневник - 05.05.2004

НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР Вчерашниот ден мина во спротивставени информации за Љубе Бошковски. Неговите адвокати тврдеа дека е во притвор, но полицијата ги демантираше нивните наводи. Истражниот судија немал информации каде е, па наредил да се распише потерница по него.

Според експертите oдлуката за притвор на Бошковски спротивна на Уставот

А1 - 04.05.2004

Одлуката на мандатно-имунитетната комисија да одобри притвор за Љубе Бошковски е во согласност со собранискиот деловник, но во спротивност на Уставот, објаснуваат за А1 професори од Правниот факултет. Во член 64 уставот стои: пратеникот не може да биде притворен без одобрување на собранието, освен ...

МВР демантира дека Бошковски е уапсен

А1 - 04.05.2004

Ниту адвокатите, ниту полицијата не знаат каде е Љубе Бошковски. Првите тврдат дека полицијата го привела од неговиот дом рано утрово. МВР ова го демантира, нарекувајќи ги ваквите изјави обид за манипулација на јавноста за да си купат време за својот клиент.

Кој одлучува за имунитетот?

Вест - 04.05.2004

Комисијата за мандатно - имунитетни прашања во петокот му го симна имунитетот на пратеникот Љубе Бошковски, осомничен за убиството на пакистанските емигранти кај Раштански Лозја. Комисијата ваква одлука донесе по барање на Скопското јавно обвинителство, кое по сослушувањето на шестмина инволвирани ...

Правни игри за брат Љубе

Вест - 04.05.2004

Ако Собранието не одржува седница, односно ако седницата не се предвидува да се одржи во рок од 15 дена, по барањето за одобрување на притвор, одлучува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е должна за тоа да го извести Собран Министерството за внатрешни работи во петокот ...

Комисијата е главна во деловникот, а ја нема во Уставот

Време - 04.05.2004

Во Уставот на Македонија, во делот кој се однесува на пратеничкиот имунитет, воопшто не е спомната Комисијата за деловнички и за мандатно-имунитетни прашања. Со собранискиот деловник, пак, е уредено токму таа комисија да може да му го одземе имунитетот на пратеникот, доколку за 15 дена не е ...

Љубе Бошкоски комуницира со истражниот судија од хотелот "Амбасадор"

Утрински - 04.05.2004

По шокантните обвинувања на високи полициски функционери и на поранешниот министер за внатрешни работи за вмешаност во убиството на невини емигранти Македонската јавност сe уште е шокирана од веста што во петокот ја објави МВР за тоа дека убиството на седумтемина странци кај Раштански Лозја е ...

"Во секое време ние ќе го донесеме Љубе"

Вест - 04.05.2004

АДВОКАТИТЕ НА БОШКОВСКИ ЈА ОСПОРУВААТ ЗАКОНИТОСТА НА ПОСТАПКАТА И ТВРДАТ Притисокот што го направи јавниот обвинител и Министерството за внатрешни работи врз Комисијата за мандатно-имунитетни прашања е недозволив и се прави само во полициските држави, тврди Јагнула Куновска, ед "Случајот е до ...

ПРИВЕДЕН ЉУБЕ БОШКОСКИ, ТВРДАТ НЕГОВИТЕ АДВОКАТИ, КОНТЕВСКА ДЕМАНТИРА

Канал5 - 04.05.2004

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник во Собранието на Македонија Љубе Бошкоски е приведен во раните утрински часови во неговиот дом во Скопје, информираа на денешната прес конференција неговите правни застапници Ненад Јаниќевиќ, Поранешниот министер за внатрешни работи и ...

Издаден налог за приведување на Бошковски

Дневник - 04.05.2004

СЛУЧАЈ "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Истражниот судија Вања Јуруковски вчера издал налог за присилно приведување на пратеникот Љубе Бошковски за да биде сослушан за случајот "Раштански лозја", дознава "Дневник". Ваквата одлука уследила откако во саботата Бошковски не се појави во закажаниот термин во Основниот ...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за имунитетот на Бошкоски

Утрински - 04.05.2004

Пратеничката група на најголемата опозициска група смета дека одлуката на Комисијата е невалидна Се бара сите 120 пратеници да го кажат своето мислење во врска со имунитетот и одобрувањето притвор за Бошкоски КАТИЦА ЧАНГОВА Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до претседателот на ...

Гонејќи го Љубе се сопнаа на законите

Време - 04.05.2004

„РАШТАНСКИ ЛОЗЈА“ ВО ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ ЛАВИРИНТИ Александар Божиновски Александра М. Митевска Во гонењето на Љубе Бошковски за убиствата на Пакистанците кај Раштански Лозја се направени серија повреди на Законот за кривична постапка, што целиот предмет против поранешниот министер за внатрешни работи ...

УТРЕ ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО ЗА ИМУНИТЕТОТ НА БОШКОСКИ

Канал5 - 04.05.2004

Собранието на Република Макеодонија утре ќе одржи итна седница за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љубе Бошковски, најави денеска претседателот на Собранието и вршител на должноста претседател на државата Љупчо Јордановски.