ВЛАДАТА ПОД КОНТРОЛА Мирче Котевски Владата нема да избере ниту една од трите варијанти за приватизација на „Електростопанство на Македонија“ што во моментов и се на работна маса, се додека за тоа не добие согласност од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), тврдат ...
Собрание Вчера продолжи 94. седница со расправата по предлогот за распишување референдум за приватизацијата на АД ЕСМ, поднесена од пратеникот Спире Мавровски од ВМРО-Народна партија. На седницата беа искажани исцрпни "зааи и "противви аргументи за продажбата на ЕСМ од страна на позицијата и на ...
Наместо електрични светилки во 300 домаќинства од Штип и Кочани од вечерва ќе се користат петролејски ламби и свеќи. Со акцијата за исклучување на електрична енергија што ја спроведуваат подружниците на ЕСМ се опфатени дури 62% од фирмите во Кочани, изјави директорот Бојко Илиевски.
Реакција на „Електростопанство“ на нападите на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско работење Продолжува акција на исклучување на нередовните плаќачи ССМ работи во согласност со законите со кои се регулира електроенергетската дејност и според Законот за енергетика од 1997 година.
"ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО" ГИ ИСКЛУЧУВА ДОЛЖНИЦИТЕ Екипите на "Електростопанство на Македонија" ја исклучиле струјата во зградите на општините Петровец и Сопиште поради неплатени сметки за повеќе месеци. Претходно била исклучена и општинската зграда во Зелениково, но откако локалната власт деновиве ...
НАЈАВАТА НА ЕСМ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ДОЛЖНИЦИТЕ СПЛАСНА ПРЕД ДА ПОЧНЕ Најавената голема акција за исклучување на сите должници на ЕСМ, државните институции, болниците, јавното осветлување, министерствата и општините се сведе на исклучување на трите мали општини Петровец, Најавената агресивна акција за ...
ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО ГИ ОСТВАРИ ЗАКАНИТЕ Сунчица Стојановска Без струја се општинските згради на скопските општини Петровец и Сопиште, откако екипи на Електростопанство (ЕСМ) завчера ги исклучија тие општини поради неплатени сметки.
ЕСМ ГИ НЕГИРА ОБВИНУВАЊАТА Електростопанство на Македонија и Македонскиот електроенергетски систем-оператор (МЕПСО) работат согласно со постојниот закон за енергетска дејност од 1997 година, одговори вчера портпаролот на ЕСМ Бране Стефановски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.
ЕСМ и МЕПСО работат во согласност со Законот за енергетика, врз основа на кој се утврдени тарифниот систем и цената на електричната енергија, изјавија вчера во "Електростопанство". Портпаролот на ЕСМ, Бране Стефановски, тврди дека во овие цени се пресметани и тие на производството, преносот и на ...
НА РАСПРАВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ Граѓаните треба да одлучат дали ќе се приватизира „Електростопанство“, бидејќи ова е важно претпријатие со вредност поголема од 1,3 милијарда евра, рекоа пратениците од опозицијата на вчерашната собраниска седница.
СЕ БАРААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ АНАЛИЗИ Мирче Котевски Владата се уште не може да реши кој модел да го одбере за приватизиција на „Електростопанство на Македонија“. Засега во игра остануваат три варијанти за кои кабинетот на премиерот Бучковски побара дополнителни анализи.
Електростопанство на Македонија и МЕПСО работат согласно постојниот закон за енергетска дејност од 1997 година, одговори протпаролот на ЕСМ Бране Стефановски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. „Законот за енергетика ги регулира начинот на кој се произведува, пренесува и ...
Пратениците од власта ја отфрлија идејата граѓаните да решат дали ќе се продава електростопанство. Опозицијата е ЗА. Иницијативата на пратеникот Мавровски, дојде по пораката од експертите дека ЕСМ не смее да се продава во еден пакет, зошто ќе се создаде нов опасен монопол на штета на државата.
ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО СЕ ПОПИШМАНИ Електростопанство на Македонија вчера се попишмани и не ја почна акцијата за исклучување на струјата на буџетските корисници, градинките, училиштата, болниците и на општините што имаат неплатени сметки за електрична енергија.
УСПЕА ЗАКАНАТА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТРУЈАТА Владата вчера плати околу 50.000 евра кај „Електростопанство на Македонија“ само за да не остане без електрична енергија, потврдија владини извори. Раководството на ЕСМ имаше најавено дека ниту седиштето на Владата во центарот на Скопје нема да биде ...
Уште два дена струја во министерствата, доколку навреме не си ги платат сметките. ЕСМ денеска, со клешти пред врата, за последен пат ги опомена. Владата куртули од исклучување. Вчера ја платила Мартовската сметка од 2,5 милиони денари, а колку должат Уште два дена струја во министерствата, доколку ...
Прес ВМРО-ДПМНЕ вчера им порача на менаџерите на ЕСМ и надлежните институции, како и на менаџерите на електроенергетскиот преносен систем оператор (МЕПСО), дека по промена на власта на парламентарните избори, доколку не си ја вршат работата, ќе ги повика на одговорност.
ПАНДЕ ЛАЗАРОВ, ДИРЕКТОР НА ЕСМ Државата мора да гради хидроцентрали ако сака да го развие стопанството, изјави вчера Панде Лазаров, генерален директор на "Електростопанство на Македонија". Според него, од хидропотенцијалот во земјава искористени се 23 отсто, а просекот во Европа е 50 отсто.
АНКЕТА НА ИДСЦО Најголемиот број македонски граѓани не ги прифаќаат предлогот за компромисното име на нашата држава „Република Македонија - Скопјее“ и приватизацијата на ЕСМ, покажала телефонската анкета на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество.
Коментар - Радмила Јовановиќ-Николовска И тоа се случи. "Електростопанство на Македонија" конечно најави дека ќе применува ист аршин за сите наплаќачи на струја. Освен граѓаните и фабриките, кои редовно беа посочувани дека се најголеми должници, поради што често осамнуваа во мрак, ЕСМ обелодени ...
ПИШУВА: Валентина МАРЈАНОВИЌ На голема врата ЕСМ ја најави својата непопуларна акција со која сака да воведе ред и дисциплина кај граѓаните, нередовни плаќачи на потрошената електрична енергија, но во долгата низа се вклучени и разни институции на државата, министерства и општини, како и ...
Ако владата остане глува на барањето на граѓаните за стопирање на продажба на ЕСМ, тогаш ќе се соочи со протести. Ова денеска го најави едно од граѓанските здруженија кои се против продажбата на електростопанство. Тие ја повикаа и македонската академија за науките да излезе со свој став.
„Нема да прифатиме промена на името, нашиот влез во ЕУ не е условен од промената на името“, велат граѓаните. Вака размислуваат повеќе од 70% од граѓаните, за кои е неприфатливо името Република Македонија - Скопје, што го покажува последната анкета на институтот за демократија солидарност и цивилно ...
АКЦИЈА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА НЕПЛАЌАЧИТЕ НА СТРУЈА Ако Владата, по опомената што ќе ја добие од "Електростопанство на Македонија", не го плати долгот за изминатиот месец и половина ќе остане без струја. ЕСМ денеска ќе почне акција за исклучување на должниците, а први на удар ќе бидат буџетските ...
Акција на ЕСМ МАЈА ТОМИЌ >†Електростопанство на Македонијааи во изминатите четири месеци од годинава покажува позитивни резултати во наплатата и во намалувањето на процентот на кражбите на струја, за што се формираа екипи, посебно во секој погон, кои ќе ги откриваат кражбите.
АКЦИЈА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИТЕ Директорот на дистрибуција Благоја Стојкоски вчера одби да открие за кои државни институции се подготвуваат налози за исклучување бидејќи должниците имале рок до вчеравечер да ги платат долговите, но најави "Електростопанство на Македонија" од денеска ќе ја ...
Директорот на електростопанство Панде Лазаров без прецизен став за продажбата на Електростопанство. Вели, јас сум менеџер, не сум газда. Моделот за евентуалната продажба го одредува Владата. Панде Лазаров- да се најде стратешки партер кој ке инвестира и ќ Директорот на електростопанство Панде ...
ЕСМ УЧИ ОД ТЕЛЕКОМ „Електростопанство на Македонија“ од денеска почнува акција за исклучување на сите должници, вклучувајќи ги и државните институции. Според Благоја Стојковски, директор на електродистрибуција, меѓу должниците се училиштата, објекти од здравството, министерствата и општини.
Сите должници на "Електростопанство на Македонија", вклучувајќи ги и државните институции што имаат барем една неплатена сметка за потрошена електрична енергија ќе бидат исклучени од електоенергетскиот систем. ЕСМ, од денеска, со клешти ќе ги дисциплинира граѓаните-нередовни плаќачи, но и објекти ...
Додека владата ги крчка моделите за продажба на ЕСМ граѓаните собираат потписи за да ја стопираат продажбата. Велат, владата мора да го слушне нашиот глас. „Се продадовме па уште тоа остана, не сме за продавање. И се друго што се продаде е грешка, народот таму остана без работа.
Паралелно со домаќинствата и фирмите, на удар на ЕСМ за исклучување ќе бидат и министерства, општини, школи, болници, јавното осветлување. Не е исклучена можноста да остане во темница и Владата, поради неподмирени речиси две сметки.
ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата не смее по секоја цена да го продава „Електростопанство на Македонија“ во услови на нерегулиран енергетски сектор и недостиг од визија за решавање на економските проблеми. Атанаско Туневски, професор на Машинскиот факултет и член на комисијата за енергетика ...
ВМРО-ДПМНЕ Приватизацијата на "Електростопанство" во услови на нерегулиран енергетски сектор и без визија за решавање на економските проблеми е спротивно на државните интереси на Македонија, а цената за тоа ќе ја платат граѓаните, оцени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје Граѓански протест под мотото “Да застанеме заедно против продажбата на ЕСМ’“ е закажан за денеска попладне пред зградата на македонската влада во Скопје. Протестот го организира граѓанското здружение “Глас за светлина“, кое преку платени огласи во медиумите ги повика граѓаните вечерва ...