Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 јуни, Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, потсетува дека и покрај тоа што Република Македонија пред шест години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата останува алармантна.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 јуни, Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, потсетува дека, и покрај тоа што Македонија пред шест години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата останува алармантна.
Околу 1.000 деца го минуваат своето детство на улица без родителски надзор, а над 18.000 деца не се вклучени во образовниот систем во земјава, соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 Јуни - Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд.
Сликата на скопските семафори со години наназад е иста. И денеска овие деца бришеа стакла на коли за ситни пари. Сликата на скопските семафори со години наназад е иста. И денеска овие деца бришеа стакла на коли за ситни пари.
Дванаесет годишниот Ерџан не бил ниту ден на училиште, за леб заработува бришејќи ги автомобилските стакла. Раскажува, како утрово полицијата му ги одзела единствените заработени 120 денари. Постарите не кријат дека ги носат своите деца на улица, велат, само така може да преживееме.