TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Наместо протести, на кафе пред телекомот

Време - 19.06.2004

НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ПОТФРЛИ Десетина пензионери и многу повеќе новинари, фоторепортери и сниматели го одбележаа протестот пред телекомот во Скопје, кој за вчера го најавија невладините организации. Насобраните, телекомот ги почести со кафе, а неколкуте граѓани потоа со свирчињата си заминаа дома.

На протестите пред „Телеком" повеќе новинари отколку граѓани

Утрински - 19.06.2004

Фијаско на граѓанската акција Најавениот граѓански протест против зголемувањето на цените на телефонскиот импулс пред управната зграда на ?Телеком", вчера доживеа фијаско. Пред ?Телеком" беа повеќе новинари отколку граѓани. Центарот за поддршка на НВО, кој завчера ги повика телефонските ...

Кафето на телекомот посилно од протестот

Дневник - 19.06.2004

ОТПОРОТ ДОЖИВЕА ФИЈАСКО Граѓаните изгледа се задоволни од новите цени штом не излегоа на протест, вели Владо Димовски, претседател на НВО Парламент Најавениот масовен мирен протест против новите цени на телефонските услуги пред управната зграда на "Македонски телекомуникации" во Скопје заврши со ...

Само седуммина демонстранти пред Телеком против поскапото ало

Вест - 19.06.2004

РЕЗИЛ Едвај седуммина демонстранти излегоа вчера пред главната дирекција на "Македонски телекомуникации" да протестираат против најавеното зголемување на цените во фиксната телефонија. Најмногубројни на про Едвај седуммина демонстранти излегоа вчера пред главната дирекција на "Македонски ...

Симболична бројка на граѓани протестираа пред Tелеком

А1 - 18.06.2004

Симболична бројка на граѓани, кои вака протестираа пред Tелеком. Иако неколку невладини организации за денеска најавија протести, тие и самите не се појавија пред Телеком. Пред Телеком имаше претставниците на НВО парламентот за да им дадат подршка на другите невладини организации, кои требаше да го ...

НВО секторот организира протест пред Телеком

А1 - 18.06.2004

Невладините организации од 12 градови во Македонија каде што постојат и делуваат центри за поддршка на невладините организации денеска ќе организираат протести пред сите подружници на „Македонски телкомуникации“ искажувајќи го револтот од најавеното зголемување на цената на импулсот во фиксната ...

Штипјани се одзваа на граѓанската акција против Телекомот

А1 - 18.06.2004

Со минимална бројност и жестоки реакции насобраните на дождот пред локалната подружница на Телекомуникации, денес симболично се одзваа на граѓанската акција. Прескапиот импулс за Штипјани е луксуз и е недозволен за стандардот на населението, кое најавува граѓанска непослушност, неплаќање на ...

„Глув“ телефон и кај граѓаните

Време - 18.06.2004

ПО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И граѓаните по примерот на невладините организации ги отвораат телефонските слушалки и го изразуваат својот револт за најавената промена на цената на телефонскиот импулс за локалниот сообраќај, тврдат во НВО-парламентот.

НВО денеска ќе протестираат пред „Телеком"

Утрински - 18.06.2004

Одлука Скопје - Невладините организации од 12 града во земјава денеска ќе организираат протести пред сите подружници на "Македонски телекомуникации", искажувајќи го револтот од најавеното зголемување на цената на импулсот во фиксната телефонија од 1 јули годинава.

Со протести во сите градови ја бараат старата цена на импулсот

Време - 18.06.2004

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КОНТРА ТЕЛЕКОМОТ Невладините организации денеска ќе организираат протести пред сите подружници на „Македонски телекомуникации“ во повеќе македонски градови, а во понеделник од 11 до 13 часот постојано ќе вртат на телефоните на Владата, најавија вчера претставници на овие ...

Со јавувања кај премиерот против скапото „ало“

Дневник - 18.06.2004

граЃански здружениЈа против монополот Членовите на стотина граѓански здруженија ќе протестираат денеска точно напладне пред управната зграда на телекомот и пред неговите локални подружници. Тие ќе побараат да остане старата цена на телефонскиот импулс и во претплатата да бидат вклучени 80 бесплатни ...

НВО секторот повикува на протест против Телеком

А1 - 17.06.2004

Акцијата на невладините организации против новите цени на Телеком продолжува со протести и со масовно телефонирање во кабинетот на Костов. „Одржување на протест на 18.06.2004, овој петок, во 12 часот на пладне пред Македонски телекомуникации во сите градови на Македонија и вртење на телефонот на ...

Телекомот треба да им врати 13,8 милиони евра на граѓаните

Време - 17.06.2004

„МАТАВ“ ОТСТАПИЛ ОД ДОГОВОРЕНАТА ЦЕНА НА ТЕЛЕФОНСКИОТ ИМПУЛС Мирче Котевски Телекомот треба да им врати 13,8 милиони евра на граѓаните, зашто тие 15 месеци плаќале телефонски сметки по поскапа тарифа, која менаџерите на „Матав“ нелегитимно ја наметнале, обвинуваат неодамнешни членови во бордот на ...

Телеком мора да отвори нова телефонска линија за интернет

А1 - 16.06.2004

Телеком мора да отвори нова телефонска линија со број 055, која ќе може да ја користат само интернетџиите. Линијата ќе има специјална цена, пониска од сегашната. Освен оваа обврска, монополската управа му наложи на Телеком на сите интернет оператори да им овозможи користење на брз АДСЛ интернет, а ...

160 НВО ја поддржаа акцијата отворена слушалка

А1 - 16.06.2004

160 невладини организации ја поддржаа акцијата отворена слушалка. 95% од анкетираните граѓани се за бојкот на разговорите. Од НВО секторот велат дека Телеком веќе има проблеми со телефонската мрежа. „Од нашите сознанија од луѓе кои работат во Телеком, има големи проблеми со блокирање на централите ...

Пружи отпор - кажи не за новите цени на Телеком

Вест - 16.06.2004

НОВИ ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ МОНОПОЛОТ НА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ" 80-ина граѓански здруженија в петок ќе протестираат пред подружниците на Телеком во Велес, Штип, Кичево, Струмица, Гевгелија и во Кратово Здружената граѓанска иницијатива од 6 македонски градови - Велес, Штип, Кичево, ...

Потрошувачите не се информирани за новиот тарифник на "Телеком"

Утрински - 16.06.2004

Незадоволство Организацијата на потрошувачи на Македонија - ОПМ бара Управата за телекомуникации и Министерството за транспорт и врски да организираат средба на претставници на граѓанските здруженија со надлежните од ?Македонски телекомуникации" поради загриженоста на граѓаните од најавениот нов ...

Наместо 500, отпремнини ќе добијат 600 вработени

Време - 16.06.2004

ТЕЛЕКОМ Телекомот најверојатно наместо планираните 500, ќе исплати 600 вработени што сакаат доброволно да ја напуштат работата. Компанијата се решила на тој потег затоа што поголем број вработени се заинтересирале да ја напуштат работата за соодветна сума.

Граѓаните не веруваат дека ќе се спречи поскапувањето во Телеком

А1 - 15.06.2004

Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) бара Управата за телекомуникации (УТ) и Министерството за транспорт и врски да организираат средба на претставници на граѓанските здруженија со надлежните власти во АД „Македонски телекомуникации“ поради загриженоста на граѓаните од најавениот нов ...

Ѓраѓаните ги отворија слушалките

Вест - 15.06.2004

ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОСКАПОТО АЛО Околу 100 - тина невладини организации вчера во периодот од 11 до 13 часот ја оставија телефонската слушалка отворена во знак на протест за најавата од "Македонски телекомуникации" од 1 јули да ги зголеми цените на локалните телефонски разговори.

Со отворени слушалки против новите цени на Телеком

Дневник - 15.06.2004

протест на ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА Многу граѓани од целава земја вчера од 11 до 13 часот ги оставија отворени телефонските слушалки, револтирани поради најавата за поскапување на цената на телефонските услуги, вели Владо Димовски, претседател на НВО Парламент.

За 500 отказни решенија - 700 заинтересирани!

Утрински - 15.06.2004

Примамливите испратнини што ги даваат "Македонски телекомуникации" предизвикаа големо интересирање До 20 јуни ќе треба да се пријават потенцијалните кандидати за заминување од компанијата ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Програмата за намалување на бројот на вработените во "Телеком", која веќе е прифатена од ...

Два часа отворени слушалки како бојкот за Телекомот

А1 - 14.06.2004

Во 11 часот претпладне стотина невладини организации од земјава ги кренаа телефонските слушалки. Телефоните беа отворени два часа, како бојкот кон Телеком кој објави поскапување на импулсот од први јули. И граѓаните ги блокираат своите приватни телефони.