TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Осма жртва од непознатиот вирус

А1 - 23.03.2003

Во Хонг Конг денеска почина и осмата жртва заразена од засега се уште непознатиот вирус на пневмонија, т.н. САРС синдром. Официјалните здравствени претставници соопштија дека станува збор за 80-годишен старец кој имал проблеми со срцето.

Откриено потеклото на смртоносниот вирус

Вест - 20.03.2003

МИСТЕРИОЗНАТА ПНЕВМОНИЈА ЗЕМА НОВИ ЖРТВИ ХОНГКОНГ, 20 март (Ројтерс) - Докторите во Хонгконг ја идентификуваа фамилијата на вирусот на смртоносната пневмонија која уби 14 лица и смести неколку стотина луѓе на интензивна нега.

Изолиран опасниот вирус

Дневник - 20.03.2003

во кина Опасниот вирус што ја предизвикува смртоносната пневмонија бил изолиран на Кинескиот универзитет во Хонг Конг, на одделот за микробиологија, завчера попладне. Вирусот му припаѓа на семејството на парамиксовиридае. Откритието ќе им овозможи на експертите да ја дијагностицираат болеста.

Мутиран вирус на сипаници виновен за тревогата

Утрински - 20.03.2003

Лекарите од Хонгконг ја идентификуваа убиствената болест ХОНГКОНГ - Научниците од Хонгконг тврдат дека постигнале клучен напредок во поглед на вирулентната форма на пневмонија која носи сў повеќе жртви во светот. Истражувачите го идентификуваа мистериозното респираторно заболување, што е во ...

Идентификуван вирусот на мистериозната пневмонија

А1 - 19.03.2003

Лекарите во Хонг Конг успеале да го идентификуваат вирусот на смртоносната болест што предизвикува воспаление на белите дробови и поради кој досега починаа неколку десетина луѓе ширум светот, пишува денеска весникот „Стандард“.

Авионот во кој била болната Словенка лета и кон Скопје

Дневник - 19.03.2003

СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА СЕЕ СТРАВ Смртоносната пневмонија од која во азиските земји починаа десетина луѓе, а околу 400 се заразени, најверојатно ја предизвикува некој вирус-мутант, тврдат македонските епидемиолози, отфрлајќи ги претпоставките на странски експерти дека станува збор за биотероризам.

Над 1000 заразени од смртоностната пневмонија

Вест - 19.03.2003

Во Хонгконг Кина децата одат на училиште со заштитна маска за да со спречат ширето на смртоноскната болест ЛОНДОН, 19 март (АП) - Здравствените службеници се уште ја бараат причината за појавата на заканувчката епидемија на смртоносната болест во Азија.

Таинствената пневмонија се шири во Европа

Вест - 18.03.2003

Париз/Љубљана, 18 март (АП) - Неколкумина пациенти во некои европски држави покажале први симптоми на мистериозниот "азиски" грип. Станува збор за лица кои претходно престојувале во Азија и "авионски" ја пренеле болеста во европските држави.

Светот остана без здив од смртоносната пневмонија

Дневник - 18.03.2003

паника од вирусот Десетина лица починаа, а 350 се заразени од смртоносната болест на белите дробови, која предизвика паника во светот. Најстрашно е во Сингапур, Хонг Конг и во Шангај, но болеста се појавила и во Канада, Индонезија, на Филипините, во Тајланд и во Виетнам.

Во Македонија нема случаи на смртоносна пневмонија

А1 - 17.03.2003

Oд утре сите патници кои доаѓаат од земјите во југоисточна Aзија ќе подлежат на посебна контрола при влезот во нашата држава, одлучи денеска Комисијата за заразни болести, која на граничните премини и на аеродромите воведе превентивни мерки против смртоносниот вирус на сериозен респираторен синдром ...

Таинствената азиска „пневмонија“ се шири и во Европа

А1 - 17.03.2003

Првите симптоми на мистериозниот „азиски“ грип се појавија и кај жители на Европа, кои претходно престојувале во Азија и авионски ја пренеле болеста во европските држави, јавуваат агенциите. Пет патници веќе се хоспитализирани во болниците во Германија, Швајцарија и во Словенија, соопштија ...

Мистериозна пневмонија уби девет лица

Вест - 17.03.2003

Хонг Конг, 17 март (Ројтерс) - Светот, но пред Азија последниве 10 дена се вознемирени од појавата на мистериозната пневмонија, од која починаа најмалку девет лица, а над 150 се заболени. Се проценува дека бројот на пациенти е многу поголем. .

Глобална тревога поради мистериозна смртоносна пневмонија

Дневник - 17.03.2003

Хонг Конг Светската здравствена организација во саботата објави дека се шири мистериозната смртоносна пневмонија што се појави во Хонг Конг и објави глобално предупредување до патниците откако еден патник со симптоми на болеста бил симнат во Франкфурт од авион на релацијата Њујорк-Сингапур, јави ...