TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поголеми казни за прекршителите

Време - 22.11.2008

Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат подготвуваат измени во Законот за трговија со кои се зголемуваат казните за прекршителите. Измените ќе го достават до Владата на наредната седница. Досегашните казни изнесуваа до 5.000 евра, а со измените тие ќе се зголемат на 16.000 евра. Законот би предвидувал и казна до 21.000 евра ако прекршокот биде повторен.

Да се зголемат казните за непочитување на законот за трговија

А1 - 21.11.2008

Да се зголемат казните за прекршителите на законот за трговија. Досегашните беа минимални од 5.000 евра. Но, со измените во Законот за трговија, покрај зголемување на прекршочните, ќе се бара и казнено да се гонат оние кои ќе го прекршат законот, односно организаторите на пазарите.

Фронтален напад

Утрински - 21.11.2008

А1 распука од сите оружја. Те градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, бил виновен за заградувањето на шеталиштето на кејот на Вардар заради пристап на градежната механизација што треба да ја гради зградата на местото на некогашната Народна банка.

„Фершпед“ пропадна во дупка

Време - 21.11.2008

И по еден месец откако доби прашања поврзани со автопазарот, „Фершпед“ молчи и не сака да одговори. На 20 октомври „Време“ испрати прашања до „Фершпед“ со следниот допис: „Ве молам да ми одговорите на неколку прашања поврзани со работата на автопазарот, кој е под надлежност на „Фершпед“.

Автопазарот ги кршел сите закони - Фершпед молчи

А1 - 20.11.2008

И по еден месец откако се поставени прашања за работата на автопазарот, „Фершпед“ молчи. Дали 100 милиони евра кои годишно се вртат на автопазарот се доволна причина за молк? Дали тие пари го прават Штерјо Наков сигурен и силен, дали е над законот и не мора да одговори на поставените прашања и прозивките од јавноста?. Пред еден месец до неговата компанија беа поставени следните прашања:. „Ве ...

Автопазарот во глувчева дупка

Време - 20.11.2008

Надлежните институции и две недели по акцијата на државните инспекторати на скопскиот автопазар не кажуваат какви прекршоци се направени. Сите бегаат од одговорите каде одат и за што се користат парите од нелегалното работење на автопазарот, каде што годишно се вртат повеќе од сто милиони евра.

Без одговор околу незаконското работење на автопазарот

А1 - 19.11.2008

Зошто институциите молчат и не кажуваат какви прекршоци се направени во работењето на автопазарот на „Фершпед“? Зошто државата го овозможува криминалното работење, во кое годишно се вртат повеќе од 100 милиони евра? Каде одат и за што се користат тие неоданочени пари? Ни денеска нема одговори на овие прашања.

Го амнестира ли државата криминалното работење на автопазарот?

А1 - 18.11.2008

Дали автопазарот на „Фершпед“ е амнестиран од државата? Дали беззаконието ќе продолжи? Очигледно е дека станува збор за огромен криминал пред кој институциите замижуваат. На автопазарот на „Фершпед“ годишно се вртат повеќе од 100 милиони евра. Десет дена откако е направена рацијата, институциите не се огласија и не кажаа кои се закони се прекршени во работењето на пазарот.