Американскиот државен секретар Kолин Пауел за време на средбата со палестинскиот лидер Jасер Aрафат инсистирал да бидат прекинати палестинските самоубиствени бомбашки напади. Пауел изјавил дека била конструктивна и корисна средбата со Арафат, која се одржала во главниот штаб на Палестинците во ...
Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој е на турнеја по Блискиот исток, сепак ќе има средба со палестинскиот лидер Јасер Арафат, јавуваат агенциите повикувајќи се на неофицијални извори. По вчерашниот бомбашки напад беше откажана средбата Пауел Арафат, најавена за денеска.
Американскиот државен секретар Колин Пауел пристигна на Блискиот Исток ЕРУСАЛИМ - Експлозија на бомба која се случи вчера, на автобуска постојка во Ерусалим, а за која се сомнева дека е уште еден самоубиствен напад на Палестинците, однесе животи на најмалку шест лица.
ЕРУАСЛИМ, 13 април (АП) - Експлозивна направа што, најверојатно, ја активирал бомбаш-самоубиец, експлодирала вчера на автобуска станица во близина на пазарот Махене Јехуда во Ерусалим, при што неколкумина загинале, а најмалку пет лица се повредени.
ВАШИНГТОН СЕ ПРЕМИСЛИ Белата куќа вчера соопшти дека израелскиот премиер Ариел Шарон е "миротворец", иако пред одвај две недели американскиот претседател инсистираше тој да и нареди на израелската армија да се повлече од палестинските автономни области, јави Ројтерс.
Американскиот државен секретар Колин Пауел ги започна претпладнето во Ерусалим разговорите со израелскиот премиер Ариел Шарон во обид да го натера израелскиот премиер да ја прекине офанзивата на Западниот Брег. „Во рамките на мировната мисија, трета по ред на Блискиот Исток, Пауел утре треба да се ...
Израелската армија почна со нови напади на Западниот Брег ЕРУСАЛИМ - Израелската армија под американски притисок за запирање на офанзивата пред мировната мисија на државниот секретар Колин Пауел, вчера почна со нови напади на Западниот Брег, но соопшти дека се повлекла од 24 села.
Совет за безбедност ЊУЈОРК - Советот за безбедност на ОН во средата ја поддржаа изјавата на мировните пратеници за Блискиот Исток, во која се бара целосно повлекување на Израел од палестинските градови и вршење на притисок над палестинскиот претседател Јасер Арафат за спречување на "терористичките ...
Од вчерашните про-израелски протести во Варшава БЕГАЛСКИ КАМП ЏЕНИН, Западен Брег, 12 април (Ројтерс) - Израел вчера се повлече од дваесетина мали градови и села на Западниот Брег, но зазедоа неколку други палестински територии, праќајќи двосмислени сигнали пред почетокот на мисијата за мир на ...
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Најмалку пет лица загинале, а десетици биле ранети во експлозија на камион бомба кај еврејска синагога во Тунис, јави Ројтерс. Ова е досега најтежок терористички напад врз еврејски цели надвор од Израел откако во светот зачестија напади против Израелците.
Израелската армија изутрината упадна во автономното палестинско подрачје Дахариех, во близина на Хеброн во Цисјорданија, јавија западните агенции, повикувајќи се на палестински извори и очевидци. Десетици оклопни возила на израелската армија упаднаа во оваа палестинска област, се слушнаа пукотници, ...
Американската администрација го испрати Пауел со двојна задача. Првата е да ги убеди арапските умерени лидери дека мора да престанат да ги финансираат и третираат како херои палестинските самоубијци, а потоа тие да го убедат во истото и Јасер Арафат.
Се запали ли црвено светло во Вашингтон околу однесувањето на Израел Слободанка Јовановска "Кога ќе се запали црвено светло во Вашингтон, не е вистинско време да се глуми слепило", напиша вчера лондонски ?Тајмс", коментирајќи ја турнејата на државниот секретар Колин Пауел на Блискиот Исток.
Блискоисточната посета КАИРО - Американскиот државен секретар Колин Пауел во вторникот изјавил дека има намера да се состане со палестинскиот претседател Јасер Арафат во текот на оваа недела, иако палестинската заседа во која загинаа 13 израелски војници сериозно ги поткопа надежите за прекин на ...
Нов удар на мировните напори на меѓународната зедница за Блискиот Исток ХАИФА - Бомбаш-самоубиец вчера убил осум патници на еден автобус во северен Израел, во услови кога израелската офанзива на Западниот Брег продолжува, нанесувајќи и нов удар на мировната мисија на американскиот државен секретар ...
Палестински Хамас ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад на автобусот во Хаифа ЕРУСАЛИМ, 11 април (Ројтерс) - Израел ја потврди својата одлука да продожли со воената офанзива на Западниот Брег по самоубиствениот бомбашки напад што се случи во еден автобус во кој загинаа 8, а ранети беа 12 ...
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Обединетите нации, САД, Европската Унија и Русија испратија заедничко барање до израелската Влада веднаш да ги повлече своите војници од палестинските автономни области Палестински бомбаш самоубиец на организацијата Хамас вчера се разнел во автобус кај израелскиот град Хаифа ...
Најмалку десет лица загинаа, а дваесетина се повредени рано изутрината во самубиствениот атентат извршен во автобус на патот во северниот дел на Израел, во близина на пристаништето Хаифа, јавија западните агенции, повикувајќи се на болнички извори.
РЕАКЦИЈА РАМАЛАХ - Палестинците го окарактеризираа вчерашното повлекување на Израел од двата града на Западниот Брег како трик, бидејќи војниците се задржале во другите градови и села. Израелските сили во текот на ноќта навлегоа во селото Дура, во близина на градот Хеброн на Западниот Брег, и ја ...
По засилениот американски притисок врз израелскиот премиер Ариел Шарон ЕРУСАЛИМ - Израел почна со повлекувањето на војниците од градовите Квалквилија и Тулкарм на северниот дел од Западниот Брег. Потегот уследи по засилениот американски притисок врз израелскиот премиер, Ариел Шарон, за повлекување ...
Поради израелската воена офанзива врз Западниот Брег КАЗАБЛАНКА - Американскиот државен секретар Колин Пауел во понеделникот се соочи со арапскиот бес поради израелската воена офанзива, но повлекувањето од два палестински града понуди зрак на надеж на првиот ден од неговата мисија на Блискиот Исток.
Израелски војник покажува знак на победа при повлекувањето од градот Туларам на Западниот Брег ЕРУСАЛИМ, 10 април (Ројтерс) - Израелските сили вчера убиле тројца и раниле 15 Палестинци во една рација што ја спровеле во селото Дура на Западниот Брег, соопштија палестинските безбедносни сили.
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелската армија вчера се повлече од два погранични палестински града во Западниот брег, откако американските власти мораа по третпат да го повторат своето барање за итно запирање на крвавата офанзива, јави Ројтерс.
„Израелското повлекување од двата града на Западниот брег претставува само почеток“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш за весникот „Вол Стрит Журнал“. „Тоа е почеток“, рече Буш за овој весник, откако дозна дека израелските сили започнале да се повлекуваат.
Шарон бара дозвола ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера побара од парламентот одобрување за присоединување на две други партии, вклучувајќи една десничарска религиозна партија, кон неговата широка коалициона влада.
И покрај тоа што ветил дека ќе се обиде да ја заврши офанзивата во најкус можен рок Израелскиот премиер сака да се сретне со умерените арапски лидери околу мировните напори за Блискиот Исток ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата на ...
АГАДИР, Мароко, 9 април (АП) - Барајќи помош од арапските земји за да стави крај на израелско-палестинските борби американскиот државен секретар Колин Пауел вчера почна кампања за да ги придобие умерените лидери на своја страна.
Како ја доживуваат новата интифада нашите фудбалски интернационалци Жарко Серафимовски и Благоја Милевски во Израел Никогаш не се знае на што ќе налеташ.- Жарко Серафимовски Нашите фудбалски интернационалци Жарко Серафимовски и Благоја Милевски се единствените македонски спортисти кои настапуваат ...
Израелски војник не ги пушти христијанските свештеници да одат во Црквата на рождеството во Витлеем. Ватикан вчера ги предупрди Израелците и Палестинците за "апсолутен приоритет" за заштита на светите места НАБЛУС, 9 април (АП) - Во вчерашните борби израелски хеликоптери извршија напад на еден ...
КРВАВ ВИКЕНД НА БЛИСКИОТ ИСТОК Очевидци изјавија дека вчера имало престрелки и кај црквата Рождество Христово во Витлеем, во која веќе цела една недела се блокирани околу 200 вооружени и невооружени Палестинци Израелската армија завчера соопшти дека најмалку 200 вооружени Палестинци биле убиени, а ...
Израелските сили изутринава отворија оган на црквата на Христовото раѓање во Витлеем во престрелката со вооружените лица внатре во црквата, при што загина најмалку еден палестински полицаец, соопшти управникот на Витлеем. „Престрелките предизвикаа пожар во просториите на црквата, што бил подоцна ...
Израел ја интензивираше воената офанзива на Блискиот Исток Шарон телефонски му рекол на Буш дека ќе ја забрза, но нема да ја запре офанзивата против Палестинците ЕРУСАЛИМ - Израелски теренски командант вчера изјави дека неговите војници убиле повеќе од 30 вооружени Палестинци за време на претресите ...
КАИРО, 8 април - Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Арапската лига во Каиро ја потврдија својата поддршка на "легитимниот палестински отпор" против израелските сили. Министерскиот совет на Арапската лига "ја поздравува интифадата на палестинскиот народ и го поддржува неговиот легитимен ...
ЕРУСАЛИМ, 8 април (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон остана при оружјето и покрај барањата што лично му ги упати американскиот претседател Џорџ Буш да ги повлече израелските сили од палестинските ... ЕРУСАЛИМ, 8 април (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон остана при оружјето и покрај ...
И ПОКРАЈ СТРОГИОТ УКОР ОД ВАШИНГТОН Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска треба да пристигне во Израел за да се обиде да го убеди Шарон да ја прекине операцијата Премиерот Ариел Шарон вчера ја продолжи големата офанзива за уништување на палестинските милитанти, игнорирајќи го второто и ...