Петстотини топли оброци и по еден леб вчера им беа поделени на сиромашните жители на скопската населба Шуто Оризари по повод светскиот Ден на гладните што го организира македонскиот Црвен крст. Топли оброци се делеа и во Домот за стари лица во Чаир и во две детски градинки.
Милијарда и двеста илјади луѓе во светот се сиромашни. Живеат со помалку од еден долар дневно. Во Македонија 90.000 семејства се на социјална помош. Секој четврти граѓанин е сиромашен. Денеска е светскиот денот на гладните. Кампањата под мотото „Помислете на нас“.
СВЕТСКИ ДЕН НА ГЛАДНИТЕ Црвениот крст на Македонија од денеска ќе се вклучи во Европската кампања за одбележување на Денот на гладните Старите руинирани магацини на скопската железница во центарот на градот веќе три години се живеалиште на четиричленото семејство Стојановски.