Во Пекинг од САРС починаа уште две лица, а за последните 24 часа се регистрирани 28 нови заразени, соопшти денеска кинеското Министерство за здравство. Сепак, Пекинг во четврток следната недела повторно ќе ги отвори училиштата за 1,37 милиони ученици, што беа затворени еден месец поради појавата на ...
Од тешкиот акутен респираторен синдром САРС денеска во Кина починаа уште 12 лица, а регистрирани се и повеќе десетици нови заразени, соопштија кинеските медицински власти. Според кинеското Министерство за здравство, во Кина се регистрирани седум нови смртни случаи од САРС, од кои четири во Пекинг.
Кина успева да ја контролира опасната пнемвонија ПЕКИНГ - Кина вчера пријави уште четири смртни случаи од САРС и други 39 случаи на заболени во последните 24 часа, што претставува најмало зголемување во евиденцијата откако владата во минатиот месец излезе со јасни бројки.
Во Македонија под медицински надзор досега биле 64 лица кои пресојувале во земјите погодени од САРС. Последните пет пријавени се лица кои престојувале во Канада. Епидемиолозите велат дека 9 од нив се уште се под 14-дневен медицински надзор.
И АЕРОДРОМОТ "СКОПЈЕ" СЕ ТРЕСЕ ОД ПНЕВМОНИЈАТА За разлика од нив, цариниците без маски не одат никаде, додека патниците избегнуваат да стојат до лица што дошле од кризните региони Полицајците на аеродромот "Скопје" не носат заштитни маски против САРС, иако речиси секојдневно пристигнуваат патници ...
Препорака од Министерството за здравство Скопје - Министерството за здравство, поради ширењето на тешкиот акутен респираторен синдром - САРС, им препорачува на македонските граѓани доколку не е неопходно да не патуваат во Кина, особено во областите на Пекинг, Гуандонг, Хонг Конг, регионот Шанкси, ...
ПЕКИНГ РЕШИ ДА ЈА ЗАПРЕ ЕПИДЕМИЈАТА Кинеската влада се закани дека лицата болни од САРС што одбиваат да одат во карантин ќе бидат застрелани или казнети со доживотен затвор, јави Ројтерс. - Намерното ширење смртоносни вируси и загрозувањето на јавната безбедност се казнуваат со 10 години затвор до ...
Пекинг, 16 мај - Во последното деноноќие во Кина од смртоносниот атипичен респираторен синдром починаа уште четири лица, а пријавени се нови 52 случаи на болеста, што преставува најмал број на заболени и починати откако Пекинг почна секојдневно да информира за жртвите од САРС, соопшти вчера ...
Министерството за здравство денеска издаде препорака до граѓаните на Република Македонија, доколку не им е неопходно, да не патуваат во Кина, особено во областите Пекинг, Гуандонг, Хонг-Конг, регионот Шанкси, Внатрешна Молдавија, Тиањин, како и во Тајпеј - Тајван.
САРС СЕЕ СТРАВ Повеќе од 100 лица се вратиле во земјава од ризичните региони каде што има заболени од САРС. На граничните премини се преземаат неопходните мерки за контрола на сите што доаѓаат од земјите каде што се појавила таа болест, но нема потреба за преземање дополнителни активности по ...
Македонските здравствени власти немаат намера да преземат дополнителни мерки за заштита од смртоносната болест ниту по сомневањата дека во соседна Грција и во Србија се регистрирани првите жртви на вирусот САРС. За среќа, лошите вести беа демантирани, односно Светската здравствена организација не ...
Во Кипар се регистрирани два сомнителни случаи на САРС, соопштија кипарските медицински власти. Во болницата во Лимасол вчера е хоспитализирана една 32-годишна жена од Филипините, која имала симптоми на САРС. Вториот сомнителен случај е една стујардеса, која е хоспитализирана во Атина, откако ...
Смртоносниот вирус се приближува кон Македонија АТИНА - Грција вчера излезе со соопштение дека има прв осомничен случај со САРС, а некои медиуми изјавија дека можната жртва е странска стјуардеса која неодамна била во Хонгконг.
СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА НА БАЛКАНОТ Бугарската амбасада во Скопје објави дека единствениот сомнителен случај на САРС во Бугарија бил лажна тревога Грчката Влада соопшти дека во болницата во Атина е сместена стјуардеса од Јужна Африка што имала симптоми на смртоносната пневмонија САРС, јави Ројтерс.
Првиот случај со можни симптоми на САРС се појави и во Грција. Пациентот е стјуардеса од Јужна Африка која пристигнала во Грција пред два дена и која претходно престојувала во Хонг Конг, објавија грчките медиуми. „Ова е случај што одговара на критериумите за САРС, но се уште не е потврден и ...
Во средината на минатиот месец Владо Атанасовски, генерален директор на „МЗТ Хепос“, и неговиот заменик една недела службено престојувале во Кина, токму во екот на епидемијата на САРС. „Пред да тргнеме се консултиравме со надлежните здравствени служби“, изјави Атанасовски, кој го раскажува своето ...
УТРЕ ПОЧНУВА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАН Фестивалот ќе биде отворен со римејкот на филмот "Fanfan la Tulipe" Педесет и шестиот Кански филмски фестивал, кој почнува утре, се соочува со многу проблеми, меѓу кои е и со грижата за безбедноста и стравувањата дека азиските учесници може да го донесат со ...
СРБИЈА ПОД ЗНАКОТ НА СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ Белград е во страв од САРС откако завчера во градот еден Кинез бил хоспитализиран под сомневање дека е заболен од смртоносната пневмонија. Македонската здравствена власт смета дека нема потреба за дополнителни превентивни мерки на границата со Србија.
Белград Прв случај на потенцијален пациент, заболен од САРС, е регистриран за време на викендот во Белград, во соседна Србија, јавуваат локалните електронски медиуми. Станува збор за Кинез, дел од групата илегални емигранти кои вчера претпладне биле приведени од страна на белградската полиција, ...
Кинескиот државјанин, кој вчера е задржан во Институтот за инфективни и тропски болести во Белград, поради сомнение дека е заболен од САРС, е во добра состојба и нема симптоми на болеста, изјави денеска српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ.
Синтетички пептиди-амино киселини кои го забавуваат напредувањето на сидата даваат позитивни резултати и кај вирусот на САРС, тврди пионерот во истражувањето на сидата д-р Дејвид Хо, научен директор на центарот за истражување „Аерон Дајмонд“ во Њујорк.
ХОНГ КОНГ/ПЕКИНГ/ТАЈПЕЈ, 12 мај, (Ројтерс) - Властите во Хонг Конг соопштија вчера дека од САРС починале уште тројца пациенти, а се заболени уште четворица. Со најновите бројки, вкупниот број на заболени од САРС во Хонг Конг се искачи на 1678, а бројот на починатите е 215.
Кина во напорите да се спречи ширењето на смртоносниот вирус Официјални лица во северниот кинески град Гуангжу испратија илјада санитетски работници за да ги спречат луѓето да плукаат на улиците, во напорите да се спречи ширењето на вирусот САРС.
ЕПИДЕМИИ ВО АФРИКА Нигерија вчера ја известила Светската здравствена организација дека еден Кинез, кој неодамна пристигнал од Тајван, починал во болница во Најроби откако манифестирал симптоми на атипичната пневмонија САРС, јави МИА.